Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Еве прво што ми текнува....во тој стил
Војник, открива дека е дел на експериментална владина програма.......со цел да најде бомбаш во воз за 8 минути.....одличен филм
Американски детектив....оди во психијатриска болница....што се наоѓа на островот Shutter каде што треба да направи истражување за бегство на еден убиец од болницата......крајот е вистинско шокирање.
Специјалец треба да успее да извлече информации од терорист.....за бомби поставени на повеќе локации во САД......кои ако експлодираат ќе има огромен број на жртви. Методите на испитување.....се посебни.
Дете кое комуницира со духови......бара помош за тие ситуации од детски психолог.
Се убаво фино лепо, али сите веќе изгледани. :) Незнам како се излажав за Антинкабл, го изгледав до крај, иначе не гледам пхисопатски и хорори.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.780
Незамисливо е трилер. Не е ни хорор, ни психопатски филм (што и да значи тоа).*


* ваљда не мислиш на филм со психопат
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Кој закон жити сè. Гледам зомби филм, очекувам адреналин да ме мавне, а не да се чудам зошто се толку глупави ликовиве.

Таткото наместо да го рокне со некоја шипка оној костумисаниот, зеде да го гушка. :eek:

Оној ропакон што ја изгуби девојката, си ја стави во скут да ја плаче и си ојде и он. Жива глупост.

Се тепаат со зомбињава, ама само ги удараат по стомак и бегаат ко мали деца. Не ги убиваат, си се шетаат без никаков предмет со кој би се заштитиле... :tapp:

Shaun of the Dead e оскаровец за филмов.
Види, не сум експерт за зомби филмови, Hardhome ми е омилен :D. Не знам дали треба да се гушкаат, удираат по стомак или по јајца. Знам дека адреналин во филмов не недостигаше, од некоја причина не ти легнал и тоа е. Општо гледано нервира глумата на корејците во сите филмови, имаат некој ранг на емоции неразбирлив за нас, но овој филм е за опуштено, не е за многу филозофија.

Кога сум тука, Train to Busan во секое време >>> од Parasite, уз метафорички среден прст за сите почитувачи на вториот :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.780
Не е до глумата. До различниот менталитет е. До различниот начин на комуникација, различни сфаќања имаме за различни реакции, различни социјални интеракции и слично. Што во голем дел влече корени од различната традиција.

И мене, корејски, јапонски и сл., филмови ми се помалку апсурдни во дијалозите. Ќе си речеш - абе кој одговара вака, на онакво прашање, или кој реагира вака на онаква ситуација.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
И после Патлиџаниве биле добар сајт, а тоа скапан ко и самиот наслов.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.780
познати се глупостите со рејтинзите на RT
Автоматски споено мислење:

Инаку, требало сепак више коа снимале римејк на Мортал Комбат да го направат со дедели црнкињи наместо со слаби мажи кинези.
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Ќе испадне дека мрчам а уште не сум го ни гледал новиот Mortal Kombat ама како бе Хиројуки Санада стигна на 61 година да го игра Скорпион? Не е троа старичок за улогата?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Не е троа старичок за улогата?
Не е. Ако за претворање кучешки години во човечки години се користеше *7 или *8, кај азијците е -20.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.065
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Го гледав Another Round и не ми беше ништо посебно изгледа не сум го укапирал.Не знам зошто има толку висок рејтинг и зошто толку фама за филмот :toe:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
изгледа не сум го укапирал.
Животот е убав.

Филмот е сосема солидна 8/10. Драма, живот, семејство, работа.
Одлично одглумено, интересна идеја, голицкава малку со таа професија и алкохол и совети на деца.
Во текот на снимањето на режисерот му починува ќерка во сообраќајна несреќа. Филмот се доснимува. Излегува тоа што излегува.

Танцувај, пеј и пиј. Слави го животот.
И „келнер, дај уште една!“
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
Ова се чека веќе 2 години и годинава премиерно на Кан.
Виржини Ефира во "Бенедета" - новото еротско дело на мајстор Паул Верхувен (режисерот на Basic Instinct). :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom