Сликиците од Спилберг, Хичкок и останатите филмски магови на твојот ѕид, како и фалењето на глумата на дедо Џонс, ме наведуваат дека љубовта на твојот живот во гореспоменатата рецензија е Томи Ли Џонс.In the Valley of Elah (2007)
Тотално потценет филм, што од јавноста што од форумов.
Случајно го најдов, барајќи што сум пропуштил кај љубовта на мојот живот.
Мастерклас од Томи Ли Џонс, номинација за Оскар за главна машка улога. Јеби га, против Даниел Деј Луис у Ќе има крв едноставно не се може.
Хенк (ТЛЏ) е воен ветеран чиј син е на мисија во Ирак. Ќе добие повик од базата за да му пренесе на син му да се врати на должност, овој им вика дека син му е во Ирак на што добива одговор дека син му е вратен од Ирак меѓутоа го нема да се јави во базата откако искочил и го нема неколку денови.
Хенк оди да го бара и тука приказната добива заплет каде со помош од детективката Емили (Чарлиз Терон) го истражуваат исчезнувањето на син му, војникот Мајк.
Тука ќе застанам, за да не навлезам во спојлери.
Разни луѓе тука на форумов ќе ти кажат дека 6.5 е солидна оценка и ќе се чудат како 6 ти е малку.Како бе Mortal Kombat има 6.5 на имдб?
Тепачки, крвишта, најава дека ќе има уште еден дел со турнирот... не ми е јасно што се очекувало од филмов што добил толку ниска оценка? Главниот карактер малку ми беше мех, ама далеку е од 6.5.
Кога се работи за оценување, ова треба да е стандардот.Од оцена 8 и нагоре, допреле тоа што треба да допрат и силно препорачувам;
7 и 7,5 солидно, добро филмче, и нив ги препорачувам;
6 и 6,5 ништо посебно, ама не е лош, има моменти, ок е;
5,5 и надоле, варијации на разочарување и лошотилак;
Mortal Combat ми беше прилично лошичок, на времето.
До пред скоро Basic Instinct 1992 имаше оцена 6. Мене лично многу ми се допадна и би му дал 8ка. Еве сега после години гледам дека конечно го кренале на 7ка.Кога се работи за оценување, ова треба да е стандардот.
Кренала доволно Шерон со нозете.дека конечно го кренале