Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.434
Поени од реакции
25.352
Не очекувам многу ама ќе го гледам заради истата екипа од пред 30 години. И нема да се бунам и да биде катастрофа (како што изгледа од трејлерот) :D
Колку ми фали Еди Марфи, што било ќе гледам од него :D Убаво си кажа во оној филмон со Стив Мартин - I'm making movies, not films :D
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.498
Поени од реакции
84.992
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.592
Пред некоја вечер на HBO го фатив Once Upon A Time In Mexico и го догледав до крај. Која лудница ми се овие постари акциони филмови на Роберт Родригез. Не ти e ни битна нешто посебно содржината на филмот, битно е да има добра пуцачина и over the top насилство.

Тешко пак да се вратат во мода вакви филмови. Што ради трендот на политичка коректност, што ради тоа што сега се бара повеќе сериозност и некаква суштина скоро во секој проект.

Кога веќе сме кај тип на филмови што одамна се во изумирање, одамна ми фали да видам нова „интелигентна пародија“. Онаква од типот на филмовите на Мел Брукс.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.204
Поени од реакции
10.234
Роберт Родригез илити сеоски Тарантино. :D

Доста сличен стил тера ко Тарантино и имаат соработувано на неколку филмови.

Често ја вртат трилогијава маријачи на AXN и Фокс каналиве. Некни ги фатив малку и Десперадо и Ел маријачи, али не ми прават мерак некако. Не ги изгледав до крај.

From dusk till dawn му е одличен филм, секогаш го гледам кога го начекам на тв, а за оние што се по хорори и The Faculty e добар.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.592
Роберт Родригез илити сеоски Тарантино. :D

Доста сличен стил тера ко Тарантино и имаат соработувано на неколку филмови.

Често ја вртат трилогијава маријачи на AXN и Фокс каналиве. Некни ги фатив малку и Десперадо и Ел маријачи, али не ми прават мерак некако. Не ги изгледав до крај.

From dusk till dawn му е одличен филм, секогаш го гледам кога го начекам на тв, а за оние што се по хорори и The Faculty e добар.
И секако да не го заборавиме најдоброто од него - Sin City.
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
1.016
Поени од реакции
4.083

Малечката невеста т.е. Fast & Furious 9. Ваљда ќе им здосади и ќе завршат со 10 дела?
Најавена е и 10-ката за 2022, тоа ќе биде последен дел од франшизата. Ма да, ФАФ одамна не е тоа што беше на почетокот, филмот го гледаш денес до утре си го заборавил. Ги имам гледано сите, само на Токио Дрифт се сеќавам добро.
 
O

ob1

Гостин
Првите два дела и да кажеме Токио дрифт се океј, послем тоа се коси со физиката и од дел по дел стануваат се понереални.
Тоа и е поентата, да бидат нереални.
Никој не треба да ги сфаќа сериозно филмовиве.
Поготово не кај што The Rock во болница лежи, стиска бицепс и ја пука лонгетата на раката. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom