Јас вообичаено повеќе поштовам оригинални приказни на сметка на биопици, римејци, адаптации и слично, иако и тие знаат да бидат hit or miss, па така имаме доста дебилни оригинални приказни во филмскиот свет.
Во секој случај, малку ми е no sense да дискутираме оригиналност кај режисери кои се прославени по стилот, Тарантино, Ричи, Бартон, Ален се стилистички режисери, и во нивните филмови личниот печат е многу поважен од оригиналноста на приказната, ова ми е исто како да ја оценуваме рибата за тоа колку вешто лета. Малку не е фер, секако секој си има симпатии и апатии кон одредени режисери, и сите причини за тоа се валидни ама не знам дали е од објективни причини океј да викаме дека некој режисер не го бива затоашто нема оригинални идеи. Кјубрик нема ни еден оригинален филм во животот снимено и е сметан за еден од најдобрите на сите времиња. Јас го сакам Тарантино, и особено многу ги сакам Кил Бил, стилски и содржински ми се ептен добри филмови, особено што сум аниме фан, а Кил Бил е лајф екшн аниме и за мене е подобар од многу филмови кои се директни адаптации на анимиња. Нив ги спомнувам зашто знам дека не се многу популарни на форумов, ама сакам да посочам дека имаат appeal за луѓе како мене, кои филмот го гледаат како омаж, нешто што и самиот Тарантино го посочува со аниме секвенцата за ориџинот на Ума Турман.[DOUBLEPOST=1554745493][/DOUBLEPOST]И ете имав уште да пишувам и ми се прати по грешка постот незавршен, ама да не комплицирам нека седи вака. Тоа ми е поентата секако, неам што повеќе да кажам околу ова без да се повторувам.
Мислам дека не станува збор за оригинални/неоригинални филмови, туку за авторски и неавторски. Тарантино и Вуди Ален на пример сами си ги пишуваат и режираат, па дури и продуцираат филмовите. Кјубрик не знам дали има напишано сценарио, ама неговиот печат во филмовите е неоспорен (истото важи и за филмовите на Тарковски, на пример Носталгија е напишан од сценаристот на Blow up, заборавив како се викаше) - кога гледаш филм од Кјубрик (или од Тарковски) едноставно знаеш дека е од него. На пример, Кјубрик исто така немал абер за музика, а филмовите му се еден вид музички спектакли затоа што работел со истиот тим на автори околу него. И Скорсезе еве (досаден сум пак го споменувам
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
) во повеќе филмови работи со истиот камерман, истиот монтажер, а различни сценарија, па пак кога Скорсезе режира сцена, се знае дека е од Скорсезе
Еднаш се погодив на една работилница и работилницата ја водеше продуцентот на речиси сите филмови на Кјубрик, овој
https://www.imdb.com/name/nm0363214/?ref_=ttfc_fc_cr3 старец, има скоро 100 години ама пожив од мене е, и нормално, сите наместо за него и неговата работа, прашуваа за Кјубрик, ама овој сигурно е цел живот навикнат да го прашуваат за Кјубрик наместо за него
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
и еден типац му вели - сум ги гледал сите филмови на Кјубрик, зошто сите филмови му се жанровски различни и тотално спротивни еден од друг? Овој дедово вели, Ако ги гледаш внимателно следен пат, ќе видиш дека сите филмови му раскажуваат една приказна, и дека се многу слични.
На пример, за Eyes Wide Shut кажуваше дека овој пробувал да го сними едно 30 години пред да го направи на начинот на кој го направил, и тоа поради фактот што се чувствувал неспремен - не мислел дека адаптацијата на новелата од Шницлер му „легнала“ доволно и дека немал искуство, па ја оставил за подоцна.
Муабетот ми беше - оригиналноста, автентичноста, е несомнена кај овие режисери, иако не ги напишале сами сценаријата.