Задолжителна музичка позадина
Рон Хауард го знаеме сите по A Beautiful Mind, Cinderella Man, Rush, Frost/Nixon, The Da Vinci Code, Angels and Demons, сега и Inferno... но барем јас прв пат гледам нешто поинакво од него - музички документарец. И Битлси ги знаеме сите, но не секој ја знае приказната раскажана во овој саат и четириесетина минути. Станува збор за документарецот The Beatles: Eight Days a Week – The Touring Years за првите години од кариерата на најголемиот бенд на сите времиња 1963-1966, со сите нивни турнеи, снимени филмови, и со сета битлманија која го зафатила светот. Прикажано е како ја прифатиле славата момците од бендот, па се до моментите кога се повлекле и свртиле нова страница во нивните животи и кариера со одлуката да не настапуваат повеќе во живо. Откако ќе го изгледате филмот, ќе сфатите зошто.
Филмот itself буди чудни и многу измешани чувства: на моменти си мислиш дека е генијален, на моменти имаш морници по цело тело (особено кај мене во два случаи: кога Вупи Голдберг говори: „White guys? They were not white. They were colorless!" и потоа кога публиката на Енфилд во еден глас ја пее „She Loves You"), друг пат ти е убердосаден со сите тие слики кои се нижат пред тебе, ко да вртиш некој стар албум со личности кои не ги познаваш, де ќе те насмее, де си индиферентен кон случувањата... Плус, додека гледаш, се прашуваш - кај е тука уметничкото, ова се само нанижани архивски снимки, и фотографии од шеесетите? Не велам дека во филмов нема уметничка вредност, само дека тоа може да делува по малку досадно, особено за некој кој не бил огромен Битлс фан. Сепак, на крај, земено како генерален впечаток, не можам да кажам дека не ми се допадна.
Филмот е исто така еден од посериозните претенденти за номинација за Оскар за најдобар документарец годинава. За оние на кои Битлси им значеле нешто во животот - филмов можете да го гледате и на кино, во вторник, 15 ноември, 23:00 во кино Фросина. Верувам дека така впечатокот ќе биде поголем.
[DOUBLEPOST=1478875153][/DOUBLEPOST]22 анимирани филма во конкуренција за Оскар годинава, официјално, што значи - ќе имаме 5 номинирани (правилото вели - ако се помалку од 16 кандидати, ќе има само 3 номинирани). Еве ја листата:
- Angry Birds Movie (US)
- April & The Extraordinary World (France)
- Finding Dory (US)
- Ice Age: Collision Course (US)
- Kubo and the Two Strings (US)
- Kung Fu Panda 3 (US)
- The Little Prince (France)
- Long Way North (France/Denmark)
- Miss Hokusai (Japan)
- Moana (US)
- Mune: Guardian of the Mune (France)
- My Life as a Zucchini (Switzerland)
- Phantom Boy (France)
- Ratchet & Clank (Canada/US)
- The Red Turtle (France/Japan)
- Sausage Party (US)
- The Secret Life of Pets (US)
- Sing (US)
- Storks (US)
- Trolls (US)
- Your Name (Japan)
- Zootopia (US)
(болдирани се посериозните кандидати за номинација). На листата ги нема: Robinson Crusoe: The Wild Life, Norm of the North (кој доживеа дебакл годинава), мексиканскиот Capture the Flag и канадскиот Snowtime! , а голем број од филмовите кои беа кандидати годинава се поместени за 2017, верројатно.
Letterboxd листа со сите анимирани кои некогаш биле кандидати за Оскар, од 2001 наваму, откако е за прв пат воведена оваа награда (првите 22 се од годинава):
http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/all-animated-movies-eligible-for-oscar-2001/
Јас имам 8/22 изгледано. Од останатите, симнати ми се и Kubo and the Two Strings, April and the Extraordinary World, Ratchet and Clank и Long Way North. Phantom Boy е на програмата на Cinedays, па ако сака некој да го гледа...