Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.586
Поени од реакции
87.934
Е сега и ти претеруваш, или потпаѓаш под влијание на луѓе што се прават паметни.

Филм за желки што се тинејџери и се тепаат тренирани од стаорец....мене ми беше ептен забавен филмот и покрај тоа што луѓето во филмот беа тапа..се надевам ќе научат од грешките за вториот дел и ќе направат добар втор дел.
Dude...don't... Немој сега да ми збориш дека е добар филмот, катастрофа е, почнувајќи од приказната па се до ликовите Тешко срање, налик на трансфромери, незнам зошто воопшто планираат да прават втор дел, нека останат само на цртаните серии, нека не го резилат ова дело без врска (n)
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Не, не ги сфатив тие работите кои се наменети за оние кои сакаат физика. Под стартна точка не мислев на почетокот на филмот, туку она зашто одлучиле таков филм да направат, муабетот со димензиите, особено крајот во димензијата како време што беше нели. Доколку би ме интересирало физика, сигурен сум дека ќе ми бил интересен, исто како што ме интересира историја па интересен ми е 300. Али не ми е, со тоа ниво на физика не се запознаени речиси сите кои ги познавам (пак ќе речам: чесни исклучоци), а зборат за филмот како да им го отворил светот. Бев погрешно наведен од многу луѓе: „глеј го брат, најјак е, вреди за сите пари“. Токму тоа највеќе ме нервира, ко што реков, се прават паметни. Филмот не е за секој, не е за мене, не го разбирам како што треба. Филмот си е за луѓе кои ги интересираат овие работи. Али главната причина зошто толку го хејтам, е што постојат филмови кои и да не те интересира нивната содржина толку (општо вака во животов), ќе ги направат интересни и ќе уживаш во нив, ќе научиш нешто ново. Овој од ниеден аспект не беше таков, не уживаш, се досадуваш, не учиш ништо ново. Нула
Епа сега Рики, ако тебе не те интересира физика тоа е твој проблем, а не проблем во филмот.
Зошто мислиш дека одлучиле таков филм да направат аgain?
И повторно се навраќаш на Луѓето. Цело време велиш дека го хејташ ради луѓето, што контрира на твојата прва реченица во Непопуларни мислења - "Интерстелар е булшит".
И на крај повторно се враќаш на тоа дека не си го разбрал, па затоа ти бил досаден.... Филмот е ремек дело, и тоа што многу луѓе не го разбираат не му ја намалува вредноста.
А и крај краева, физиката не беше дотолку сложена колку што ја прават некои.
Многу работи беа објаснети во самиот филм: како функционираат вормхолите, релативноста на времето итн... Вишите димензии и тесерактот на крај беа малу tricky за сфаќање од повеќето луѓе, тоа да.
Ама брат, тоа беше една сцена, плус тоа 2015та година сме, 99% имаме интернет дома па нешто што те збунило можеш веднаш да си го разјасниш. Ама добро, познато ми е какви се 90% од денешните млади, сакаат се да им биде сервирано на тацна, изџвакано, па и бутнато во хранопроводот. Не зборам лично за тебе, туку општо, да не се навредиш и ти, пошто гледам сите многу лесно се вреѓате во последно :D
Главната причина зошто го хејташ ти е глупа. Режисерот е уметник, и не може уметник да се ограничува во изразот за да го направи делото разбирливо за сите, губи на вредност. Филмот си има таргет група, и ти ако не се осеќаш дека спаѓаш во неа не можеш да речеш дека е срање само затоа што не си го разбрал.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.741
Поени од реакции
27.733


Многу добар филм патем, deep, dark, edgy.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Рики, гледај го Mr.Nobody, филм кој им се допадна на сите на форум. Interstellar е детска приказна за него :)

Патем, околу тоа дека требало повеќе да има објаснувања: јас уствари се осеќав глупо кога го виткаше листот хартија за да го објасни шорткатот. Мислам заебанции, кој не го знае тоа денес?

Филм не мора да се разбере за да се ужива во него. Interstellar не е ни прв ни последен филм што е пред времето. Што мислиш како се осеќале луѓето во 50-те кога го гледале The Day The Earth Stood Still?

Многу филмови се направени за да ти дадат инспирација и да си патуваш каде сакаш. Како музиката на Radiohead на пример.

Последново за лајкови го пишав. Искуство...
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.308
Поени од реакции
30.644
Рики, гледај го Mr.Nobody, филм кој им се допадна на сите на форум. Interstellar е детска приказна за него :)

Патем, околу тоа дека требало повеќе да има објаснувања: јас уствари се осеќав глупо кога го виткаше листот хартија за да го објасни шорткатот. Мислам заебанции, кој не го знае тоа денес?

Филм не мора да се разбере за да се ужива во него. Interstellar не е ни прв ни последен филм што е пред времето. Што мислиш како се осеќале луѓето во 50-те кога го гледале The Day The Earth Stood Still?

Многу филмови се направени за да ти дадат инспирација и да си патуваш каде сакаш. Како музиката на Radiohead на пример.

Последново за лајкови го пишав. Искуство...
не сите :свиркам:
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.951
Поени од реакции
6.825
Ако не ти се свиѓа Интерстелар немора да значи дека си глуп туку дека имаш тапа вкус за фимови. Пошо објективно филмот е одличен. Е сеа ако имаш тапа вкус и за филмови и музика........ i have bad news for you :icon_lol:
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Концептот е таков што времето е претставено ко линија, нешто ко Back to the future. За да креираш циклус кој ќе врти цело време (loop) потребно е да имаш почеток. Џејн оригиналната е родена ко дете од различни родители. Родена е 1945. Пошто знаеме дека се среќаваат 1963, потребно е да пројдат нешто повеќе од 18 години ~ 19 да речеме. Значи оригиналната Џејн 1982 веќе го сменила полот и се вратила назад 19 години за да си направи бебе на себе. Во исто време случката во барот е исто така 1982 пошто Џон ќе се регрутира сам себе како тајм агент. Пред 1964 Џон ја напушта Џејн, а 1964 се раѓа пак Џејн. Џон (фул машката верзија) го краде бебето 1964 и го враќа 1945. Додека Џон (машкуданката) со Џон (фул машката верзија) оди во 1985 год. каде Џон (машкуданката) ќе биде пратен на мисија да го убие бомбашот, исто така и Џон (фул машката верзија) оди на истата мисија (ова им е дупка у сценарио, зошто Џон од иднината би се враќал на истото место и во истото време каде ќе си ја сјебе фацата и кога знае дека бомбашот ќе избега, што е со неговото сеќавање?) Џон (машкуданката) после оди во 1992 кога ќе му ја сменат фацата и ќе ги слуша советите на идниот Џон, ова е фактички почетокот на филмот. Џон (фул машката верзија) на крај иде во 1975 пред големата експлозија каде треба да погинат 11.000 луѓе и го убива Џон бомбашот, што значи дека временската машина никогаш не се самоуништила ко што му вети Робинсон. Овој дел ми е малку без врска, конечно ја разглобува големата слика и единственото логично решение е да се убие самиот себе си, ако неќе да се претвори во Џон бомбашот а од друга страна ќе го заебе и Робинсон, кој очекуваше да го убие Џон бомбашот. Ова е филм кој е тотална спротивност на Mr. Nobody, инаку еден од моите најомилени филмови, каде беа опфатени повеќе теории ко теоријата на хаосот и ефектот на пеперутката, односно како одредени тривијални ствари во животот кои изгледаат беззначајно можат да му го сменат некому целосно животот. Епа Predestination е контраст на се тоа, се е предодредено, се може да се контролира, некои работи не можеме да ги смениме, тоа е у суштина пораката на филмот. За сценариото и креирањето на парадокс има 10 ка, али поентата не ме бендиса.
:cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom