RickyLFC9
Модератор
Значи освен стартната точка, натамошниот развој на настаните не го сфати? Не сфати зошто Мет Дејмон реагираше така како што реагираше? Не го сфати крајот со тесерактот?
Последните саат време од филмот се најинтересни човече, што зборуваш? Освен ако не ги сфати, што не е срамота, не секој има предзнаења од физика
Не, не ги сфатив тие работите кои се наменети за оние кои сакаат физика. Под стартна точка не мислев на почетокот на филмот, туку она зашто одлучиле таков филм да направат, муабетот со димензиите, особено крајот во димензијата како време што беше нели. Доколку би ме интересирало физика, сигурен сум дека ќе ми бил интересен, исто како што ме интересира историја па интересен ми е 300. Али не ми е, со тоа ниво на физика не се запознаени речиси сите кои ги познавам (пак ќе речам: чесни исклучоци), а зборат за филмот како да им го отворил светот. Бев погрешно наведен од многу луѓе: „глеј го брат, најјак е, вреди за сите пари“. Токму тоа највеќе ме нервира, ко што реков, се прават паметни. Филмот не е за секој, не е за мене, не го разбирам како што треба. Филмот си е за луѓе кои ги интересираат овие работи. Али главната причина зошто толку го хејтам, е што постојат филмови кои и да не те интересира нивната содржина толку (општо вака во животов), ќе ги направат интересни и ќе уживаш во нив, ќе научиш нешто ново. Овој од ниеден аспект не беше таков, не уживаш, се досадуваш, не учиш ништо ново. Нула
Добро, ја не мислев така и критиката ми е кон филмот, но и кон луѓето, не го кријам тоа. Не е навреда во никој случај, туку мое мислење кое не планирам пак да го образложувам. Ако си се навредил, прости, ете ќе се потрудам у иднина да не давам такви коментари. Не ми се допадна ни ти што со секој пост пробуваш да ме направиш глуп, кога ја воопшто немам таква намера.Рики, ако ти фино лепо кажеше дека Интерстелар не ти се допаднал, во ред. Ако го изоставеше делот каде ги споредуваш фановите на филмот и кажеше само дека филмот како филм не ти се допаднал (од икс причини), во ред. Ваков каков што е постот, личи на критика кон фановите, а не кон филмот.
Другар, темата е „непопуларни филмски мислења“. Тоа што ти го збориш мене ме нервира кога на тема за некоја музика, некој ќе се избаци да ја пцуе, да ја вреѓа, да ја хејта. Тоа е како да има тема за Интерестелар, а јас таму да ги пишувам негативниве мислења и да го пцујам и колнам филмот, наместо да ги оставам луѓето кои го сакаат на раат да си го дискутираат. Тоа никогаш не би го направил. Епа тоа е тоа што ми смета за турбо-фолкот кој го спомнуваш. Башка не е непопуларно мислење да кажеш дека турбо-фолкот е срањеРики, нели ти се жалеше од оние кои велеа дека се глупи луѓето што слушаат турбо фолк? Со мислењето за Interstellar ти до некаде се спушташ на нивно ниво. Тоа е она што џими сака да ти го каже.[DOUBLEPOST=1420940217][/DOUBLEPOST]
Плот твист: @wot те банира на недела дена за мислењево. Е тогаш ќе си умрам од смеа!
Али ај да не забегувам.


Битно се вметна со реченицата да каже дека е дебилно да сакаш нешто што не разбираш.