Конечно ги изгледав The Hunger Games. Mи се допаднаа, многу добро склопени филмчиња.
Првиот ми е подобар од Catching Fire, не знам дали ради то шо ја имам прочитано првата книга или ради то шо првиот го гледав на телевизор, а вториот на лаптоп, ама ете во првиот повеќе уживав за разлика од мнозинството на луѓе. Му давам предност пошто во CF некако се ми беше веќе видено... повторно Игри, повторно представување на кандидатите, тренинзи, емисии, интервјуа, бркање во арената бла бла... Единствено Арената беше многу подобра во CF него ли во првиот дел.
Е сеа сношти на кино го гледав Мокингџеј. Се шо кажа ИоСоно е точно, многу фак лоџик ситуации. Имаше моменти кога ми доаѓаше нагон за кружење околу стол ама се воздржужав пошто ќе ме избркаа од салата...
сепак не би му дал 1/10 како Ио, ме држеше зантересиран колку толку пошто ме интересираше како ќе се развие приказната... Филмов ме подсеќа на Harry Potter and the Deathly Hallows part 1 којшто служеше како загревање за финалето. Не знам шо е со овај тренд на делење на последните филмови на 2 дела, ваљда се лакомат за пари, се надевам дека ќе се извадат со финалето... барем така велат читателите, вториот дел од книгата бил многу појак од првиот.