Филмови кои мора да ги изгледаш!

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Гладијатор, Патриот, Храбро срце, Господарот на прстените (сите делови), Умри машки, Војна на ѕвездите (сите делови), Пред дождот, Прашина.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Не во смисла, кога ќе сум на смртната постела да ги гледам. :nenene: Туку листа на филмови кои секој мора да ги изгледа во текот на животот, како демек, ако умрел а не ги видел тие филмови не може да се нарече вистински љубител на седмата уметност. Додавајте филмови, ама оние кои за вас имаат навистина голема вредност, се навистина нешто посебно и се признаени од заедницата. Ова значи без филмови од типот на Scooby Doo the movie или Mama afrika :tapp:. Може да завршиме со една доста фина компилација - Кајгана кинотека или да му ставиме фенси наслов :drumroll: "Kajgana's 100 Films to see before you dye" или нешто слично. Не знам дали сте имале ваква тема, па извинете однапред. Еве ќе почнам, со мала помош од Imdb за потсетување:

1. Евтини Приказни (Pulp Fiction), 1994 (еден од култните филмови на деведесеттите, ова ако сте го пропуштиле, џабе ви е се`. Турман, Траволта, Џексон, Вилис, Вокен... неверојатна актерска екипа. Нехронолошка приказна, графичко насилство во прикажано во своето најестетско светло. Тарантино е гениј. На нашата википедија дури напишав и километарска статија за него, толкав манијак сум. )
2. Покајувањето од Шошенк (The Shawshenk Redemption), 1994 (Инспиративна приказна за моќта на надежта; феноменална изведба од Морган Фриман и од Тим Робинс. Базиран според книгата на Стивен Кинг)
3. Клуб на борци (Fight Club), 1999 (Филм-револуција. Исто така базиран врз книга. Ти го менува едноставно погледот врз животот, најдоброто нешто после Бунтовник без причина. Едвард Нортон, Бред Пит и Дејвид Финчер режија)
4. Добриот, лошиот и грдиот (The Good, the Bad, and the Ugly), 1966 (Клинт Иствуд; Серџо Леоне режија, еден од најдобро режираните филмови на сите времиња според мене, од трилогијата вестерни заедно со За една рака долари и За неколку долари повеќе)
5. Кум (The Godfather), 1972 (филмска класика, i'll make him an offer he can't refuse :smir:)
6. Американска убавина (American Beauty), 1999 (ремек дело од филм заради својата естетика и заради одличната изведба на Кевин Спејси, прикажува како секој има нешто гадна заебано во својот живот во предградискиот, досаден живот. Ќе им се допадне на оние со средновеековни кризи :helou:. a must see.)
Од сите филмови што треба да ги изгледате пред да умрете, American Beauty изгледајте го последен. Тој може да биде оној кој ќе ве убие.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Танц со волците(така мислам се викаше филмот),гладијатор,американска пита(сите дела),страшен филм(scary movie-сите дела)хмм,сум глеал многу добри филмови али не им ги памтам насловите само овие неколку ги знам сигурно :P
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Обавезно да го гледате пред да умрете...Чичко Кумплуг :)...т.е. Самоуништување!
-Brave heart (Говорот на Вилијам Волис кон насобраната толпа пред битката на Стирлинг)
-Tittanic (да не се лажеме...секој пуштил солза на овој филм)
-КУМ (кецот најбоље е)
-Добриот Вил Хантинг (интересна прикажана психијатриска сесија меѓу Робин Вилијамс и Мет Дејмон...добар филм)
-Инстинкт (Ентони Хопкинс ѕвер)
-Мирисот на Жената (Ал Пачино...филмскиот свет би бил посиромашен без него)
-Јас сум Сем (Тажен реален филм на кој може дури слатко да се насмеете...Шон Пен и Мишел Фајфер)
-Матрикс првиот дел (има посебен ефект коа го гледате напушени :) феноменален филм)
Од нашите...
-Сенки, Тетовирање (наш филм со најхардкор реплики...Кили - Како се викаш...Исус се викам така се потпишувам )...
-Од ЕКС ЈУ морам да напоменам кој го нема гледано па дури и оние кои шо не сакаат српски филмови да го гледаат Лепа Села, Лепа горе (Никола КОјо - моментот коа ја пее на пиштол "бацила је све низ рјеку"..
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Насловот на темава го сменав, затоа што беше морбиден.
Избришав мислења кои беа муабети и коментари. Јасно е што се бара ... филмови кои вредат да се погледнат, иако мислам дека има доста слични теми.
И да ... не бараме режисери кои изрежирале некој филм од почетокот на филмот. Така да, сконцентрирајте се на тоа што се бара од вас да напишете, доколку сакате - секако.

За да не биде само карање, еве и од мене некој филм (од секој жанр по нешто) кој не е спомнат во претходните постови, а мислам дека вреди и мора да се погледне:

Conspiracy Theory
Minority Report
The Last Samurai
Memoirs of a Geisha
P.S. I Love You
The Game
The Heartbreak Kid
Anger Management
The Hills Have Eyes
Storm of the Century

Доста се засега. :pipi:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Top ten "must see" филмови
1. Kingdom of heaven (2005)
2. Enemy of the state (1998)
3. Babel (2006)
4. Perfume (2006)
5. Balcancan (2005)
6. Serendipity (2001)
7. Idiocracy (2006)
8. The Recruit (2003)
9. Beautiful mind (2001)
10. Inside man (2006)

Bonus track "Scent of a woman" (1990)
 

MileJebo

Complete
Член од
7 декември 2008
Мислења
231
Поени од реакции
41
-The curious case of Benjamin Button
-Incredible Hulk
-Forest gump
-300
-Terminator 1,2,3
-National tresure
-The day after tomorow
-Enemy at the gates
-Gladiator
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Najpopularniot film na site vreminja (hint: ne e titanic)

Gone with the wind
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Тоа се се прекрасни филмови што ги набројавте погоре само ги заборавивте
- Однесени со виорот
- Кога ќе стивнат јагнињата (Култни хорор филмови, Џоди Фостер, Ентони Хопкинс и.т.н)
- Леон Професионалец (ќе го заборавев)
И едно прашање за филмот Shawshwenk Redemption, дали е оној кога ќе избега од затворот и ко ќе влезе управникот на затворот кај него у келија и кај што ја направил овој дупката за бегство залепил постер???
Ако е тој мислам нема подобар филм за сите вљубеници на филмови со бегства од затвори, и такви напнати филмови нема.:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom