Ова агентите во Casa Milan стана ко red light district у амстердам.
Диавара ти е сеоски Бакајоко. Добро е што е млад.
Искрено све ова ми изгледа на нова каша попара во Милан.
Според имињата кои се зборат, само повеќе и повеќе НЕМАМ никакви очекувања од тимов.
Сите се океј играчи, ама ние имаме проблем со терминот "oкеј". Пошто нашиве стандарди за океј се драстично намалени.
Затоа и реков дека Ловрен за 18/20 милиони е океј. Пошто какви CB просечњаци поминаа низ милан годиниве, стварно е океј. Дали е играч кој може да ни гарантира пласман во ЛШ догодина? Незнам, неможе да се каже. Дали е подобар од Мусачо и Запата? - Сигурно да.
Секоја година имаме големи очекувања, а секоја година се почнува од нула па и помалце од нула, така и оваа.
Највеќе од се имам проблем со новиот тренер. Стварно не мислам дека е добра опција. Но и неможат нашиве да бираат, пошо нема кој класа тренер да дојде "за да го врати клубот кај што му е местото" или од "пуста љубов".
Ама од тие што се спомнуваа, Симоне беше нај нај идеално решение.
Се плашам дека за една година пак истиот муабет ќе го праиме, и веќе милан ќе биде онака стварно губење време, за следење и за дебатирање околу клубот.
Тука се радуваме на Малдини и Бобан, а и самите они не знаат колку е тешка состојбата во клубот од милион аспекти. Ниту едниот, ниту вториот немаат искуство во работава за да им се дава толку врел костен во рацете, колку год да се легенди.
До лани бевме една класа зад интер, сеа ми е страв дека сме 2 класи зад нив, пошто пази, они се во состојба да го доведат можеби најбараниот моментално, кој каде и да бил гарантира титули. Ние, за жал не сме ни блиску до тоа.