Фан Клуб: Челзи

Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
@Иван, сакаш да кажеш треба да се базира на играчи од академијата или? Не те сфатив во делот за англичаните... што има врска дали ќе има или не англичани во тимот... :confused:
 
H

HoT IcE

Гостин
Има врска, и тоа многу. Затоа што мора да имаш одредена квота на Англичани во тимот, моментално се Кол, Кехил, Тери, Лампард и уште некој. Рачунај дека Лампард ќе се пензионира, Тери исто, некои овие двајца играчи мора да ги замени, а засега како најдобри од Академија се покажаа Чалоба и Мекехран, особено првиот, вториов бележи стагнација, па дури и никаков развиток.
Мада, ептен размислувате за во иднина, не се замарајте со глупости, можам да се кладам дека ниту Мурињо не се замара со ова. Поубаво не размислувајте за ништо, за што и да размислувате моментално ќе се изнервирате во каква мизерна ситуација сме.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Не ја гледав, ама од тоа што читнав, се потсетувам на најстарото правило, не дадеш гол, ќе ти дадат. Изгледа такво нешто било и сега, сме имале шанси, подобри сме биле, и сме загубиле. Такви работи се случуваат во фудбалот. Него, не знам за вас, ја уште имам надеж дека ќе можеме да сме први, бар до Нова година ќе си се надевам :) после ќе видеме што и како е. Инаку, во годините кога се одржуваа последните две светски првенства, 2006 и 2010, ај погодете кој бил шампион во Премиер?
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Таксистот со кој се враќав сеа, имаше мирислив Тери и Ламп обесено на угледало.
- Брат, кусуро...!?
- Нака е! Наши сме си.

Ки знае шо си има помислено:ROFLMAO:

У понеделник и црнио (купен од пазар дрес) на Лампард ќе го ргнам за на работа (из ината). Се собрале гејови од арсенал, шампиони ќе стануеле. Не им се давам.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.047
Поени од реакции
11.675
Да речеме денеска Арсенал да тепа (што искрено се надевам дека нема да се деси, Лукаку може да им даде некое голче :D) ќе бидат напред 7 бода. И одма напраивте ко да неаме шанси за ПЛ. Чекајте малце луѓе, уште 23 кола има, 2 меѓусебни утакмици....ехеее. Има време, но мора да се поправат стварите кои не се океј зошто инаку ќе продолжиме со ваква топло-ладно игра и топло-ладно резултати аналогно на тоа.

Иначе од кај тоа дека мора квота на англичани? Нели треба квота на играчи кои тренирале во клубот (или во Англија) најмалку 3 години во периодот од 16 до 21 година? Барем на ФМ е вака. :D Пример некој играч ако е донесен на 16-18 години влегува во таа категорија. Па ако сака играчот нека биде и Еским.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.765
Поени од реакции
52.741
Иначе од кај тоа дека мора квота на англичани? Нели треба квота на играчи кои тренирале во клубот (или во Англија) најмалку 3 години во периодот од 16 до 21 година? Барем на ФМ е вака. :D Пример некој играч ако е донесен на 16-18 години влегува во таа категорија. Па ако сака играчот нека биде и Еским.
Абе да тоа, ама сепак во Англија се и треба да се посветат малце и некој англичанец да направат, не само со странци да играме. Чалоба сигурен сум дека ќе се пробие, ама МекЕхран некако тешко.



23rd April 1921: Crowds watching as the teams leave Stamford Bridge after the FA Cup Final.
 
H

HoT IcE

Гостин
Мех, сме изгубиле поради пропуштени шанси. А кај е одбраната? Упорно се прави слеп за некои работи.
Иначе, у вторник на факс ќе биде паклено, имам колешка што навива за Ливерпул и од целиот тим го знае само Суарез и Џерард, ама има уста како да ја испишала историјата во ПЛ, и се нервирам со такви неписмени да се расправам. Другиов е па фан на Барса кој искрено појма немам што се толку замара за Челзи и да ме нервира, ама гарант е искомплексиран све што им направивме изминативе години.:D
Има и други секако, ама највеќе ми се чудни фановиве на Пул од кај изнинкаа одеднаш, следната сезона кога ќе бидат пак на средина на табела пак ќе ги нема, ама сега јадат бурек ко никогаш да не јаделе претходно и ко да им е последен.:sick:
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.095
Поени од реакции
2.039
@Иван, сакаш да кажеш треба да се базира на играчи од академијата или? Не те сфатив во делот за англичаните... што има врска дали ќе има или не англичани во тимот... :confused:
Мора да се има минимум 7 (приближно - не сум сигурен точно) Англиски играчи во составот.
А и кеф ми е да имаме играчи кои се производ на академија ама се староседелци (Англичани), а не некои Бразилци/Португалци доведени (трансфер) на 13/14 год па да се развиваат во Кобам.

Заборавив да ги споменам Феруз и Бејкер, а и Аке некако ми е драг иако не е од Англија.


У право беше Мурињо за прво полувреме имавме иницијатива шанси да поведеме по убедливо ама неискористивме и стигна казната. Натпреварот го изгубивме заради индивидуални грешки.

Него Змејски уште ли стоиш на тоа дека Мозес+ Марин = Ширле + Вилиан.
Според квалитет, а не според трансфер сума.
 
H

HoT IcE

Гостин
Море да си го земеме Димче од Фулам дур сака да си иде. Ибрахимовиќ е и за Торес, и за Ето, и за Ба.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
И јас многу сакам некој играч од академијата да стане стандарден првотимец. Феруз, Бејкер, Бога, Аке, МекЕрхан - сакам сите овие за неколку години да бидат првотимци.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Евертон не е наивна екипа. Можат да извадат нерешено со Арсенал.
Тоа значи 5 разлика за Арсенал во однос на нас. Следно коло играат со Сити. Да речеме ќе изгубат и од нив, а ние ќе победиме. 2 разлика.
После тоа играме со Арсенал. Лаганица. И оп прво место за Челзи.

#МурињоАутГоУпропастиКлуботЧехМесечарТериСтарецОстанатитеЗаЛечењеВоСистина
--- надополнето: 8 декември 2013 во 17:32 ---
Во ФА купот (помеѓу 3ти и 6ти Јануари) ќе играме на гости против Дерби Каунти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom