Фан Клуб: Челзи

G

Geezer

Гостин
Еј, а дискусииве левел дете од 3 години. Никој човек на светот не го оспорува тоа што Чех го има направено за Челзи. Никој, сите го критикуваат за сезонава и за тоа што брани мизерно.
Чех е легенда на клубот без сомнение. Направил многу за Челзи, тоа си стои. Чех моментално не брани воопшто добро и Челзи загуби многу поени, само поради неговите аматерски грешки. Денес имаше удел за сите три гола на Стоук, двата против ВБА, особено она на Сасењон и уште неколку претходно.

Е сега, затоа што Чех ни донел титула во ЛШ, треба денеска да замижеме и да кажеме дека Чех е добар и дека без разлика што брани како Трнбал, не треба никој ништо да рече.

Мислам, фанклубов станува тиња во секој поглед.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.047
Поени од реакции
11.675
Фората е што се става акцент на Чех, Чех, Чех и Чех. Тук-таму ќе го спомне некој Ивановиќ, Тери и Кејхил последниве 2 утакмици се слаби, единствено Цезар е добар и можам да го пофалам. Затоа треба промена во одбраната малце, пошто вака не иде.Три гола од корнери (плус уште еден после слободен) во 2 утакмици е премногу (порано бевме препознатливи по доброто бранење на прекини). Вежбаат ли на тренинзи бранење на прекини или слабо?
 

8_88

888
Член од
7 мај 2009
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.610
Фората е што се става акцент на Чех, Чех, Чех и Чех. Тук-таму ќе го спомне некој Ивановиќ, Тери и Кејхил последниве 2 утакмици се слаби, единствено Цезар е добар и можам да го пофалам. Затоа треба промена во одбраната малце, пошто вака не иде.Три гола од корнери (плус уште еден после слободен) во 2 утакмици е премногу (порано бевме препознатливи по доброто бранење на прекини). Вежбаат ли на тренинзи бранење на прекини или слабо?
Нема напаѓачи против кого би вежбале :D;)
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Колку и да брани лошо Чех, јас нема да го вреѓам, попрво би ги обвинил Кејхил, Тери и Ивановиќ за примените голови. Не е дека нема и тој удел во тоа, ама поголема е кривицата на троцава погоре. Наредна утакмица, Азпи десно, Кол лево, Луиз у средина(ако е опоравен).
 
G

Geezer

Гостин
Колку и да брани лошо Чех, јас нема да го вреѓам, попрво би ги обвинил Кејхил, Тери и Ивановиќ за примените голови. Не е дека нема и тој удел во тоа, ама поголема е кривицата на троцава погоре. Наредна утакмица, Азпи десно, Кол лево, Луиз у средина(ако е опоравен).


Кој го вреѓа Чех? Ајде посочи ми те молам. Освен 123456 можеби.
И тројцава од одбрана да не излетаа безвезно при првиот гол на Крауч. Или па тие беа излезени понапред кога Асаиди даде одличен гол?
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.765
Поени од реакции
52.741
Целата одбрана вклучувајќи го и Чех е лоша на последните две утакмици, не може само Чех да се криви. А нема збор дека слабо ја игра сезонава Чех, ама не е единствен кривец. Многу глупи голови примивме по шутеви кои не ни требаше да бидат упатени кон гол.

Единствена промена што е возможна во моментов е Цезар да оди десно, Ешли лево, а Бане да одмори малце. И едвај чекам да се врати Луиз, потребен е.

Лоши беа измените. Шурле беше одличен на терен и ако некој можеше да направи нешто тоа беше он, а Микел покриваше позади за Рамирес кој одеше напред цело време без да успее да направи нешто конкретно. После со Лампард и Рамирес слаба беше средината.
 
H

HoT IcE

Гостин
Факт е дека сезонава сме раштиман оркестар, и дека ако бараме кривица кај одреден ќе биде грешка. Сите се криви, и ретко кој е на ниво освен Лампард. Да, Лампард.
Мата, ниту доволно шанси, ниту пак покажа дека треба да добие шанса за игра, непрепознатлив е.
Хазард, еден од најнеконстантните играчи моментално во тимот заедно со Торес.
Рамче е стандард мува без глава.
Чех сезонава е дупка и тоа го реков уште кога игравме против ВБА и Базел првото коло, штета што бев баниран да го серам и потенцирма секоја негова грешка оттаму навака. Факт е дека е дел од легендарната генерација, и легенда на тимот, ама игра мизерна сезона, прави катастрофални грешки со кои директно влијаеше врз исходот на неколку меча. Респект за Петр, ама од следната сезона ако е вистинска легедна сам ќе бара клупа, и ќе се донесе Куртоа.
Да не ги набројувам сите, ама you get my point. Прв за критика и плукање е Мурињо, не презема ништо, ниту смени ништо во очигледна формација која не вродува со плод и резултати. Досега на среќа проаѓавме во милион мечеви, ама изгледа кармата Мурињо ја снема.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Кој го вреѓа Чех? Ајде посочи ми те молам. Освен 123456 можеби.
И тројцава од одбрана да не излетаа безвезно при првиот гол на Крауч. Или па тие беа излезени понапред кога Асаиди даде одличен гол?
Јас не речех дека некој го вреѓа, само речех дека јас нема да го вреѓам! Чех да не треба да го пази Крауч? Тој и да излезе, тие треба да го покријат а никој не го стори тоа. Ај за вториот тој беше крив, ама кажи ми кој голман на светот би го фатил 3тиот гол на Стоук?
 
G

Geezer

Гостин
Јас не речех дека некој го вреѓа, само речех дека јас нема да го вреѓам! Чех да не треба да го пази Крауч? Тој и да излезе, тие треба да го покријат а никој не го стори тоа. Ај за вториот тој беше крив, ама кажи ми кој голман на светот би го фатил 3тиот гол на Стоук?


Некој што нема да излезе 5 метри од линија, па да се враќа отпосле назад. Или па за првиот, кога безглаво исплива, па потоа Крауч се најде во шанса. Да ја боксуваше топката, немаше да падне голот, едноставно е.

Топло-ладно, не може така. Всушност може, ама ако имаме амбиции како Свонси и Астон Вила.
Да ги пофалам само Шурле, многу ми е мило што им докажа на оние кои се сомневаа во неговите фудбалски способности. Очекувам уште повеќе од него во иднина.

Како и да е, после натпреварот со Арсенал, ќе се знае на што сме. Во случај на пораз, со Премиер Лига ќе мора да се збогуваме прерано. Во спротивно, сеуште ќе бидеме живи, колку-толку.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Ако Чех не го бива, те го Шварцер. Харт не беше у форма, Пелегрини го седна на клупа. Не го за џабе земахме, нека го проба Мурињо, ако брани добро нека се борат со Чех за место во тимот. ;)
 

UNKNOWN_ARTIST

Blue is the colour!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
892
Поени од реакции
555
Шо и да каже човек ќе згреши. Со ваква игра и неконстантност, максимум 3 место на крај. Дојдовме во период и месец, каде противниците ни се подредени како што само би можеле да посакаме на сон, и место да собираме по максимален број на бодови, им даваме 3 бода на екипа како Стоук бе...цццц, уште не можам да си поверувам на кое ниво дојдовме. Две утакмици по ред примаме по 3 гола, и тоа што е најжално од екипи од нај долниот дел од табелата. :facepalm: На крај ќе излезе дека преку нас избориле опстанок со овие бодови.

Искрено, никогаш немаше да помислам дека со Мурињо ќе ни оди толку лошо, имаме само среќа што и екипите кои ни се конкуренти за горниот дел, се исто толку константни како нас, освен Арсенал кој дели малку повеќе, и оваа шанса што му се пружи утре да избега на 7 бодови, се надевам нема да ја искористи.

РАМИРЕС. Значи ако има некој играч со помал мозок од него, сигурно тоа е у некоја наша екипа од општинска лига. Па колку што знае да биде од помош на екипата, дупло толку знае и да и наштети. Денес си беше влезен у некој си свој филм, имаше 3 шута по ред во прво, безвезе, имавме контра, со вишок играч, место да подаде лево или десно тој оди сам, ќе изиграва Меси, се да му е***...ама тоа е...играч без мозок.

Мурињо. Денес најмногу му замерувам за тоа што го пушти Ето место Шурле. Ако веќе реши да го вади Шурле, барем Де Брујн да го пуштеше, кој сигурно ќе биде повеќе мотивиран од Ето. Тој ја изгуби топката за третиот гол кој го примивме, Хазард му подаде, тој магично ја прими, и контра и гол. И друго што му замерувам на Мурињо, и би сакал лично да го прашам. Дали мора секој натпревар Лампард да биде стартер или влезе од клупа? На страна тоа се што има направено за Челзи. Но на тие години, тешко дека ќе биде константен секој меч, и да игра на ниво. Барем во оваа ситуација Де Брујн да добише шанса место Микел...ама тоа е. Видовме многу пати сезонава, кога бркаме резултат Жозе прави идеални измени, но ме нервира тоа што ептен се форсираат едни исти играчи. И уште нешто. Мораше Ба да го започне мечот место Торес.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.095
Поени од реакции
2.039
Ако примиме уште еден гол во наредни 5 натпревари од корна-прекин ќе отидам во Лондон и цел тим ќе го ишутирам на клоци. :)

Срамно е да примаш голови од просечни екипи од сегмент кој ни беше некогаш најак. Никогаш послабо не сме бранеле корнери. Едноставно поставеноста е катастрофа, а имаме високи и играчи кои играат добро со глава.

Бројката на примени голови во последните неколку натпревари е алармантна, тамн ја средивме средината и почнавме да даваме голови и да имаме каква таква (подобрена) игра, одбраната почна да мрчи.
Ама ај да се некои голови од акција некој добар шут (Асаиди) ок сфаќам се дешава момент на инспирација, ама ова се почетнички голови, кои што тим што е претендент за титула не смее да си го дозволи, а уште што е по негативно тоа не се менува туку секоја утакмица се повторува.



Стоук се најпокварена и најлигава екипа во пл, со задоволство ги чекам на Стемфорд и без 6-7 комада да не ни помислат да ги пратат дома.
Гнаси светски.

Да не се фаќам веднаш за негативно.
Добар тим изведе Мурињо - барем од тоа што располага во моментот.
Задоволен сум од средината имаше мобилност, пас игра створање на шанси. Хазард - Мата - Ширле одлични нивната работа/задача ја завршија перфектно. Тимот постигна 2 гола што е одлично и повеќе од доволно кога станува збор за Британија С. ама одбраната потфрли многу.

За првиот гол крив е само Чех никој друг, голман со негова висина мораше да излезе и да ја собере тоа топка. Леташе долго и имаше доволно време, немаше да биде и толку страшно и да ја боксува. Ама не вака неодлучно ниту тргна ниту остана.
Премногу голови сезонава примиве заради него, не е ова Стоук, А. Вила, Фулам па да си дозволи такви евтини голови.
Голови од типот на тој денес, оној против Вба може да не чинат титула.
Не ми е пријатно што пишувам вака за него, ама тоа е факт дека во последно време не е на висина на задача, а втор голман немаме.
Можеби е и тоа причина незнам немањето конкуренција али наредна утакмица заслужи да биде на клупа, иако алтернатива ќе ни е Шварцер мора да се ризикува чисто да му се стави на знаење на Чех дека не е недостижен.

Иванович игра се полошо и полошо, центрашутите му се ужас маркирањето исто така. Последниве 3 натпревари баш него го приметив при изведување на корнери дека стои многу далеку од противникот што треба да го маркира и автоматски многу полесно му бега.
Еден од дирекни виновници што изгубивме.

Нападот нема потреба што да се коменира - сите знаеме дека Торес, Ба, Ето не се матрејал кој може да ни донесе трофеј.
Без потребо само го цицаат бужетот, придонесот не е еднаков на 0 туку на -1.
Торес ништо ново, стара приказна. Ама Ба и Ето поготово вториот влезе последни 20 мин, каде што играчите на Стоук беа видно уморни и пак не успеа да излезе на крај со нив.
Беше спор како желка наместно да потрчи да се избори да им земе топка тој стоеше и чекаше кикс.
Наместо со нивното влегување темпото да порасне тоа отпадна драстично.
Наредна само Ба на клупа а овие двајца да гледаат од трибина и Ширле за прв избор.
И во јануари подхитно да се бара напаѓач и голман без разлика дали тоа ќе биде враќање на Лукаку и Курота (што според мене ми изгледа не реално) или купување.
И на лето ако не можат да се продадат нека се пуштат како слободни агенти.

И да Торес ги изгуби сите кредити кај мене, од сега ако сака нека дава хеттрик на секоја утакмица јас нема да ги славам головите.
Толку.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
На вечерашното дерби помеѓу ПСВ и Витесе, гостите славеа со 2-6. Играчите на Челси кои се на позајмице во Витесе, учевствуваа во сите 6 погодоци ! Пиазон успеа да постигне 1 погодок и да направи 2 асистенции, Ван Анхолт 1 погодок и 2 асистенции и Атсу со една асистенција ! Какута на овој натпревар влезе од клупата и беше на теренот околу 20 минути. За 2-3 сезони ќе газат во ВБА/Сотон/...
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.095
Поени од реакции
2.039
Јас со тие многу многу не се замарам, повише се грижам за Чалоба и Мекехрен да успеат и да се пробијат во Челзи.
Тимот треба да ни се базира на најмалце 4,5 Англичани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom