Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.

VENOM

تعيش حياتك بالطريقة التي
Член од
5 октомври 2008
Мислења
1.664
Поени од реакции
535

Дојде денот ....
Нов рекорд на напаѓачкиот тандем Игуаин-Роналдо 51 + две неодиграни кола :wink: Пушкаш-Ди Стефано 49
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Да си ја искоментирам играта...

Прво полувреме како секогаш катастрофа. Не надиграа Мајорка, среќа наша што Касиљас е тука коа играме слабо. Во второ полувреме искочи сосема нов тим што не им дозволи акција да направат како во прво полувреме.

Игуаин изгубен случај...цела утакмица го нема и на крај се разбуди му текна дека треба гол да шибне...Ел Пипита Маестро фром Аргентина, одличен гол.
За Роналдо немам зборови...пола тим и повеќе се губат он прави чуда:smir: Јес да првиот му беше на среќа али битно Хеттрик си постигна...ЗАСЛУЖЕНО.
Касиљас ѕвер како и секогаш што не спасувал така и овој пат. Имаше 2 одлични интервенции во првото полувреме.
Рамос добро изигра напред, имаше добри центар шутеви и едно голче што му намести на Роналдо...ПОШТЕНО ДРУГАРСКИ :)
Гарај одличен како што игра малце натпревари, а Албиол последниве натпревари тотално изгубен мисли дека е на тренинг. Не смее да дозволува такви наивни грешки и кој стигне да му ја зима:tapp:
Арбелоа, Чаби подпросечни беа...добро Чаби има играно слаби натпревари ама за Арбелоа се зачудив (го снема):icon_eek:
Кака и Гранеро неможев да ги гледам, за греота подобро да останеа дома да одмараат малце...ќе ги чека тежок натпревар на пријателските натпревари. Незнам што се слушува со Кака? Стварно. Гранеро како и секогаш се труди ама не му иде.
Гути коа влезе се осети подобрување на играта и тоа како:aplauz: Со 3, 4 добри паса беше доволно да асистира 2 гола. Колку и сака нека не трча на теренот, само нека пушта опасни пасови и сите среќни и задоволни од него.
Диара влезе колку да се чува резултат...Бензема тебе брате те жалам. Тебе или не ти се игра зошто не ти дава поголема минутажа М.П. или незнам што е проблемот. Некако без мотивација игра, а и многу изгубено ми делува, не трча, не дава отпор едноставно нема мотивација тоа е тоа.
Пелегрини ми е најѕвер од сите...како што кажа Sergio_Rambos4: Човекот може да му биде татко да го ебам, он се пали како 6-то оделенец на Роналдо. Разбирам радост ама ова е нешто повеќе од радост(паѓање у транс):pipi:

Hala Madrid!!! Ronaldo x3, Higuain x1:tv:

Гаго го забораив...што е со него? све што ќе види пред него орааа во второ на почетокот коа ги собра тие двајца ама без фаул ц ц ц...иначе и он изигра стандард со малце фаули ама тоа е.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.153
Поени од реакции
25.299
It aint over until the fat lady say its over, and i dont hear my mom screams.

За натпреварот.. одбраната морам да ја пофалам стварно Албиол како што кажа дека со Мајорка добро ке изигра, изигра. Средината некако не ни е поставена убаво, сите трчаат кај ке стигнат и да Гранеро добар е стварно, последниве две утакмици добро игра али ни ја кочи играта тоа е факт. Поготово коа сме у контра и коа ке му ја подадат десно на него обавезно се врти назад и за тоа време му се лепат двајца играчи.

За Роналдо едноставно нема што да се каже. Игуаин цел натпревар го немаше али барем се трудеше, се виде дека у второ полувреме стварно се труди и тоа му се врати со феноменален погодок.

Што се однесува за следниот натпревар, мислам дека ке немаме проблем да ги победиме Атлетик Билбао, останува на Барса. Незнам некако мислам дека ке киксне, поради тоа што Севиља изигра одлично против Расинг, а и поради тоа што на Барса, Џави им е повреден. А сите знаеме колку Џави вреди у Барса.. така да нејкам ептен да се надевам, за мене е изгубена сезонава али уште се верува!

Hala Madrid!
 
Член од
6 јануари 2009
Мислења
509
Поени од реакции
72
Кака со ВДВ се страшна комбинација, двајца брзи и добро технички потковани играич догодина па за со Силва да не зборам. Гранеро со ова што го прикажуе многу подобро би изиграл како последен играч во средниот ред, него ли нешто поофанзивно. :toe:



Утре 12 часот на собраниски канал, сите пред ТВ. :)
потполно си во право ама ете нема срека се повреди не мачат цела сезона и никако заедно да заиграат
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
Не зборував во смисол дека беа дадени ОГРОМНИ пари за нив двајцата,а ниту еден од нив не ги оправда колку што се очекуваше. И од Ибра се очекуваа барем преку 25-26 гола во лигата, ама ете го он заглави на 17. И од Как се очекуваа многу повеќе асистенции и голови, ама ни он не прикажа којзнае што.
Не знам што се фаќате толку за бројките, и од Ибра не се за потценување 16 гола (толку има), ако земеш во предвид дека Меси има 31 сега, а не знам колку гола очекувате да даде Кака во Реал кога имате двајца феноменални стрелци во моментов Роналдо 26 и Игуаин 25. Порано со толку голови би биле најдобри стрелци во лигата.

Можеби ете Ибра повеќе киксна во формата ама зато е тука Меси да го доисправи неговото. А и во Реал имате играчи што го надополнуваат Кака. Ван дер Ваарт е повеќе од класа играч и многу добро играше кога добиваше шанса (искрено сега не знам дали е повреден или не го става во игра)

Честито 1000 мислења :smir:
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Ај честито победа како прво, Роналдо ја реши утакмицата секоја чест ѕвер е човекот!

И доста плукавте по Кака, беше повреден доста време... толку не плукавте по Игуаин кога промаши празен гол од 9 метра против Лион и ред други работи, само лошите работи на Кака ги памтите зошто не ја спомнете кога помина 2-3 играчи му ја намести на Роландо сам против Барса и овој кога промаши :smir:

Критикувајте за сите ама со мерка зш не го ''падевте'' на Игуаин кога промашуваше празни голови сега Кака по една слаба утакмица одма во Сити го преселивте :)
И ДАЈ БОЖЕ ДА КИКСНАТ ВЕЌЕ ЕДНАШ ОВИЕ ИДИОТИТЕ! Ние тепаме се до крај
HALA MADRID!!
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.610
Поени од реакции
14.462
Да си пишам сеа за секој посебно што мислам за синоќешната одиграна партија.

Касиљас - Во првото полувреме имаше доста работа, одбрани две стопроцентни шанси, и со тие одбрани не одржа во живот.

Рамос - Одличен во одбрана, одличен во напад, му асистираше два пати на Роналдо со своите центаршутеви.. Екстра партија.

Албиол - Добар во скоковите. Но сеуште има мала несигурност во одбраната, а и спаси еден зицер, кога ја изби топката во корнер, така да се поправи и тој вечерва за разлика од натпреварот со Осасуна.

Гарај - Солиден.

Арбелоа - Одлично функционира со оваа тројка, но само во одбрана. Безопасен е во напад, Марсело е многу поидеално решение за таму.

Алонсо - Крал на средината од теренот, одличен натпревар.

Гаго - Многу трчаше, но тоа е се од него, нема креативност, не знае да даде никаков пас, спор во дуелите, и премногу бавен, не може да престигне ни еден противнички играч.

Гранеро - Се трудеше исто како и Гаго, но беше за нијанса подобар од него. Никако не смее во иднина да игра заедно со Кака, тотално различен тип на играчи се, и мислам дека ВДВ ќе биде многу подобар од него за на таа позиција.

Кака - Од него се очекуваат големи работи, но со оглед дека неодамна се опорави тешко дека ќе видеме добра партија од него оваа сезона, наредната здравје мислам дека ќе го гледаме вистинскиот Кака.

Игуаин - Лошо, многу лошо, од пет шанси даде еден гол, и тоа кога натпреварот беше решен. На неколку пати покажа и голема себичност.

Роналдо - Ова беше како кога играм ПЕС на компјутер, и противникот го ставам на EASY. Лудило. :)

Резерви:

Бензема - Малку играше, па затоа и не може да се каже ништо повеќе за неговата игра вечерва.

Диара - Ме воодушеви вечерва, одигра предобро, и според мене нареден натпревар би требало да игра место Гаго.

Гути - Одлично го замени Кака, одлично ја поврзуваше играта, а и одлична асистенција кон Игуаин за четвртиот гол. Мајстор.

Еве и неколку сликички.















 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Гути - Одлично го замени Кака, одлично ја поврзуваше играта, а и одлична асистенција кон Игуаин за четвртиот гол. Мајстор.

И кон Роналдо за 3от гол коа ги помина...:tv:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.610
Поени од реакции
14.462
Дел Боске за Касиљас:

- Икер Касиљас е првиот голман на репрезентацијата, и така ќе остане тоа, а Реина е неговата вистинска замена. Виктор Валдес е фантастичен голман, но не можеме секоја недела да правиме листа на играчи гледајќи ја нивната моментална форма.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Алонсо - Крал на средината од теренот, одличен натпревар.
Секоја чест за анализава,ама во врска со Чаби Алонсо мислам дека ова беше една од најслабите утакмици :nesum:
Честито победа
ХАЛА МАДРИД!

Реал Мадрид го префрли притисокот врз Барселона за титулата
ч
Реал Мадрид победнички ги мина незгодните Балеарски острови и гостувањето кај Мајорка со синоќешната победа од 4-1, по што се врати на бод негатива во однос на Барселона, но и го врати идниот противник на Барселона на четвртото место



Кристијано Роналдо со хет-трик и еден гол на Гонзало Игуаин, негов 26 во сезонава, на Реал му донесоа нова победа, а откако Севиља победи со 5-1 во Сантандер кај Расинг, Мајорка го загуби четвртото место во мртвата трка со андалузијците за пласман во Лигата на шампионите. Ова беше прв хет-трик на најскапиот светски фидбалер во Ла Лига, откако летоска пристигна во шпанската престолнина од Манчестер јунајтед.
Сега Севиља како четврта со силна желба таму и да остане на табелата, ќе ја дочека Барселона во мечот на сезоната за каталонците во недела. Ако победи Барселона, одбраната на титулата речиси и ќе биде завршена, но Реал сега ќе се надева на помош од Севиља за во последен миг да го прерипа лутиот ривал. Реал во следното коло игра со Атлетик Билбао.
Ако ситуацијата остане ваква и по недела, на распоредот за последното коло Барселона игра дома со Ваљадолид, а Реал Мадрид гостува кај Малага, а двата противници грчевито се борат за опстанок.
Битката за опстанокот продолжи да зоврива иако Сарагоса и Осасуна со домашните победи направија голем исчекор кон останување во шпанската елита. На дното, и понатаму Тенерифе, Ваљадолид и Ксерез ги држат местата за Сегунда, но Малага, Расинг не се сигурни со по два односно еден бод над зоната која води во ранг подолу.
Вонредното 36 коло синоќа се комплетираше со дуелите Атлетик Билбао – Малага 1-1, Атлетико Мадрид – Ваљадолид 3-1, Осасуна – Ла Коруња 3-1, Расинг – Севиља 1-5, Сарагоса – Еспањол 1-0 и Мајорка – Реал Мадрид 1-4. Во вторникот, Барселона го победи Тенерифе со 4-1, како и Валеснија против Ксерез со 3-1, Алмерија против Виљареал со 4-2, а Гетафе одигра 1-1 со Спортинг Хихон.
ТАБЕЛА: Барселона 93 бода, Реал Мадрид 92, Валенсија 68, Севиља 60, Мајорка 59, Гетафе 52, Виљареал 52, Атлетик Билбао 51...Сарагоса 40, Спортинг Хихон 39, Малага 36, Расинг С. 36, Тенерифе 35, Ваљадолид 33, Ксерез 30.
 
Член од
9 декември 2008
Мислења
656
Поени од реакции
37
Добра анализа Манга. Со све се сложувам. Само незнам што му беше на Пипита многу себичен а и при голот негов ако утнеше а доле го имаше Роналдо сам тоа ке беше капак. Ок како и да е победивме на стадионот каде само 2 екипи успеале да го направат тоа. Одлично ВТОРО полувреме. Наредно коло играме со тим што не успеа да ни нанесе пораз и мора да му возвратиме дупло. И да, сакам Бенз да го видам да игра повеќе наредна утакмица.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.610
Поени од реакции
14.462
CR9-Higuaín 51-47 Messi-Ibrahimovic



:real:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Чаби изгубен ми беше цел натпревар, Диара супер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom