Ај да видиме.
--- надополнето ---
Cristiano (09.09.10): Се уште не сум целосно опоравен, но речиси. Ќе се врратам најбрзо што можам, можеби за два дена ќе и се придружам на групата на тренинг. Сакам да и помогнам на екипата и мислам дека ќе бидам подготвен за натпреварот против Ajax.
Не ми се допаѓа кога не играм. Сакам да играм фудбал и да се натпреварувам. Лошо ми е кога гледам натпревари од дома.
Mourinho кажа се за судиите. Јас не сакам да зборам лошо за никого. Судиите сакаат да и дадат флуидност на играта, а јас сакам да играм. Што прават другите не ме интересира. Сакам да мислам дека противниците не сакаат да ми направат ништо намерно.
Јас секогаш сум мотивиран, без разлика на резултатот. Работам за да победувам. Долго време го правам истото и сега нема да го променам.
Колку голови сакам да дадам оваа сезона? .... 100.... Би сакал да дадам исто колку и минатата сезона или повеќе. Минатата сезона беше добра за мене и верувам дека ќе можам да ја изедначам таа бројка, ако не и да ја надминам.
Сите знаат дека Mourinho е победник и убеден сум дека оваа сезона ќе освоиме некоја титула. Во Real Madrid секогаш цел е победа. Ние сме екипа која се уште се конструира и работиме за да освоиме многу нешта. Barcelona, за разлика од нас, е веќе конструирана екипа, но ќе се бориме до крај.
Многу работи се променија откако дојде Mourinho. Интензитетот на тренинзите е спектакуларен и многу ми се допаѓа. Мислам дека со него ќе имаме повеќе шанси за титула отколку со било кој друг тренер.
Не можам да кажам дале овој Real Madrid е подобар од оној од минатата сезона. Тоа ќе се види во текот на сезоната. Ако освоиме некоја титула сигурно ќе речеме дека е подобар.
За да освоиш Златна топка мораш да имаш освоено колективни титули, СП на пример, или ЛШ..... ако не, немаш шанси за Златна топка. Знам кој треба да ја освои, но повеќе сакам да не го сакам.
Се надевам брзо ќе се реши ситуацијата во Португалска репрезентација и не сакам да коментирам. Лошо ги почнавме класификациите за Европското, но ќе се подобриме.
Апла очигледно е дека се ова околу "повредава" на Роналдо е местено.