Mourinho (10.09.10 - press): Cristiano ќе биде стартер. Натпреварот ќе биде тежок од прва минута. Се плашам од тоа да не му се случи истото од лани, но Cristiano тренираше повеќе од останатите, по 5 саати дневно, иако на подруг начин од другите поради поврадата.
Многу ми се допадна Benzema на натпреварот со Франција. Голот кој го даде значи многу. Дојде малку изморен и со некоја мала повреда, но задоволен е. Сега почнуваме период во кој сите се потребни. Се игра секој трети ден. Ajax, Real Sosiedad, Espanyol….. немам многу среќа со распоредот. Во секој случај Benzema и Higuaín мора да одговорат на потребите на екипата.
Никогаш, на ниеден играч нема да му кажам да не се жртвува за својата репрезентација. Сакам да играат добро за своите репрезентации. Но повеќе од тоа да играат добро сакам добро да работат. Кога играчите имаат талент најважно е добро да работат, да бидат амбициозни и добро да ги прават нештата. Ми се допаѓа тоа што Benzema не сака да биде замена на Higuaín.
Карантинот пред натпревари е одлука за која многу размислував и нема дискусија на таа тема. Ако им се допаѓа добро, ако не, пак е добро.
И на San Siro, и на Stamford Bridge публиката те исвиркува кога не играш добро, и покрај тоа што ќе победиш. Единствената разлика овде е што стадионов собира повеќе публика и повеќе се чувствува реакцијата на публиката. Само во клубовите кои не се навикнати на титули луѓето се задоволуваат со било што. Ништо ново за мене.
Јасно дека веќе знам кој ќе игра, откако направив добра анализа на ривалот. Се наоѓаме во период на многу натпревари. Играчите мора да мислат само на следниот, но јас морам да бидам понапред. Нема да ги кажам сите стартни 11, зошто сакам да оставам простор Camachо да размисли. Јас ја кажувам екипата само кога другиот тренер ја кажува, но бидејќи нема да го направи тоа..... Во секој случај ќе играат Casillas, Ramos, Pepe, Carvalho, Marcelo, Khedira, Xabi Alonso, Cristiano, Higuaín и уште двајца.
Јас не правам ништо за да го одржам рекордот од 8 години без пораз на домашен терен. На многу натпревари, со нерешен резултат во наши раце, ризикуваме за да победиме. Кога една екипа игра за да освои титули подобро е да добие 4 натпревари и да изгуби еден, отколку да изигра 5 нерешени. Јас не сакам рекорди, сакам бодови. Денот кога ќе изгубам некој рекорд ќе се зборува повеќе за екипата која ќе го собори, отколку за мене. Ако утре изиграме 0-0 и има уште малку до крајот на натпреварот, мојата екипа ќе ризикува за да победи.
Орам да му се заблагодарам на Camacho за убавите зборови. Но поважни се фактите. Бевме ривали во Португалија во две екипи кои се бореа за титули и немавме проблеми. Го почитувам, затоа што не е хипокрит, вистински е и го кажува тоа што го мисли, нешто чудно во светот на фудбалот. Се надевам дека Bernabéu ќе го пречека како што заслужува. Јас не сум направил ништо за Real Madrid, но Camacho има крв на madridista, освоил 9 или 10 Лиги и титули во Куп на УЕФА со Real Madrid. Но, очекувам како madridista да изгуби утре. Еден madridista не може да победи на Bernabéu.
Јас сакам Португалија да победува,не ми важно кој ќе биде селектор. Португалскиот фудбал има голем престиж. Даде три Златни топки и не сакам да изгуби од Норвешка или да изигра нерешено со Кипар. Се надевам ќе се промени ситуацијата, зошто има играчи и култура да го направи тоа. Се уште може да се квалифицира за Европското. Мислам дека репрезентациите треба да имаат селектор од сопствената држава. Секој кој ќе биде селектор на Португалија ќе ја има мојата поддршка.