Мошне интересно интервју.
П: Поминаа речиси 48 часа и фановите се разочарани од дебито на вашиот проект против Mallorca.
ЈМ: Видете, ќе кажам нешто за оние кои се суеверни. Моите сезони во Porto и Ineter секогаш ги почнував со нерешен резултат. И со Porto освоив 4 титули, со Inter две, првата сезона и три во втората. Овде не е важно како ќе почнеш, туку како ќе завршиш. Нема потреба од драматизирање, поради еден нерешен резултат. Јас предупредив на прес конференцијата пред да отидеме во Палма дека ова може да се случи. Победа на првиот натпревар не е услов за голема сезона. Не сум хипокрит и јасно дека сакав победа на првиот натпревар.
П: Инсистираме. Не сте разочаран од натпреварот?
ЈМ: Првите натпревари секогаш се чудни. Bayern изгуби овој викенд, Inter и Manchester United изиграа нерешено, Juventus и City изгубија, нормална реалност на почетокот на сезоната. Не сум суеверен, воопшто, само верувам во реалното и знам дека иднината никогаш не зависи од само еден натпревар.
П: Зборувајте ни тогаш за реалното, ве молам.
ЈМ: Јас сум тренер, не сум Harry Potter. Harry Potter е магионичар, но во реалноста не посоти магијата. Магична е фикцијата а јас живеам од фудбал, тоа е реалноста. Само неколку месеци сум во Real Madrid и имавме 40-сетина тренинзи. Знаете на колку тренинзи присуствувале сите играчи? Ни на 10. Повторувам, ни на 10. Потребна ни се толку многу работа. Затоа најлесниот пат за мене ќе беше да не сменам ништо, да играме како минатата сезона, одржувајќи ги тие принципи на игра со структурата која ја имаше. Така ќе беше најлесно да се почне сезоната, но тоа ќе беше лажен резултат. Тоа не е патот по кој сакам да одам, ни најмалку.
П: И во што се забележа раката на Mourinho во Палма?
ЈМ: Кога една екипа не е комплетно подготвена има две важни работи, едната е да браниш добро. Полесно е да браниш добро, отколку да напаѓаш добро, бидејќи е полесно да се организираш. Во Мајорка браневме многу добро. Во прво полувреме имаше само еден удар на Castro во рацете на Casillas, а во второ полувреме еден слободен удар од далеку кој Iker добро го одбрани и еден удар со глава. Позади имавме нула проблеми. Да зборам повеќе? Кога една екипа не е комплетно подготвена создава најмногу две или три шанси за гол. Колку имаше Real Madrid во Мајорка? Седум или осум. Премногу шанси за овој дел од сезоната. Премногу шанси за екипа која се формира. Треба само да знаеме да ги искористиме тие шанси и не го направивме тоа. И не беа Arbeloa или Carvalho пред голманот.... Беа Cristiano, Benzema, Higuaín или Ozil кои се играчи од тој дел на теренот.
П: Освен Ozil, другите тројца минатата сезона дадоа најмногу голови во la Liga, 102.
ЈМ: Затоа не го кажувам ова како критика. Некоја топка требаше да влезе. Никогаш не ги критикувам моите играчи кога ќе промашат гол или ако згреши голманот, но промашивме многу шанси, многу. Нормално е да влезеше една, така го добиваш натпреварот, се качуваш во авион и се враќаш со три бода. Така сите вие би биле посмирени. Победата ги спречува критичарите да критикуваат. Не сум читал, но сигурно сте кажале дека играч на натпреварот е Aouate. Ако е така, немам ништо што да додадам.
П: Зошто останаа Khedira и Ozil н клупа? Беше изненадување таа ваша одлука иако се играчи кои баравте клубот задолжително да ги донесе....
ЈМ: Животот на Германците не е лесен. Не знаат да кажат ни еден збор на Шпански, само “Добро утро“ и “Здраво“, ништо повеќе. На терен работиме интензивно и среќа што имам асистент што зборува германски и им ги дава моите инструкции. Но не е лесно да им стигнат моите пораки како што јас сакам. Освен тоа, социјалниот живот во групата за нив се уште е на нула. Khedira живее со Ozil и Ozil живее со Khedira. Не им е лесно да се вклопат, и покрај тоа што имаме млада група играчи, пријатни играчи. Не знаат добро ни англиски. Англиски зборат малку подобро од шпански, и така е тешко. Трпение, мора да им дадеме време.
П: Од целата оваа ситуација најголема корист има Lass. Шред неколку месеци изгледаше дека ќе си оди а сега е во првите 11.
ЈМ: Lass е важен играч во оваа екипа. Може да игра на повеќе позиции и секогаш добро. Немаше потреба да се врати во форма, веќе беше. Корисен играч е, кој ни овозможува да го ставиме бек кога сакаме да бидеме поофанзивни, зошто напаѓа подобро од Arbeloa кој пак е подобар дефанзивец. Lass е играч од средниот ред и тоа се забележува при неговата игра. Можеби ако дојдеа други играчи Lass ќе си одеше, но јас и клубот се сложуваме во тоа дека според возраста и квалитет Lass е играч за во Real Madrid.
П: Што ве убеди да дојдете во Real Madrid, кога веќе бевте Кралот Мида во Inter?
ЈМ: Ако сакав да живеам добро, комотно, сигурно ќе останев во Inter. Шампион во Европа, екипа која за две години освои се, екипа која играше едно мини СП, два Супер Купа, имав се за да продолжам да освојувам титули таму. Но јас го сакав потешкиот пат и да дојдам во Real Madrid, на кој му е потребна стабилност. НЕ е важно дали титулите ќе дојдат со Mourinho или со некој друг, важно е овој клуб да ја најде својата стабилност. Можеби ја нема таа стабилност поради вас, новинарите и фановите.
П: Објаснете...
ЈМ: Мојот профил на тренер е различен од оној на претходните тренери кој ги имал Real Madrid во последните години. Ако оди лошо и морам да си одам јас имам друг клуб следниот ден. Но нема да биде тоа Gavá или Palmeiras од мојот град. Пак ќе ме чека некој од најдобрите светски клубови. Таа лична стабилност која ја имам ми дозволува да кажам дека сум идеалната личност за Real Madrid, зошто не се плашам од ништо. На Real Madrid му е потребна стабилност и јас сум тука за да му ја дадам. Моето CV зборува за мојата работа. Не сакам да кажам дека не сакам титули првата сезона, но убеден сум дека ќе имаме титули во првата сезона. Real Madrid во многу нешта е конфликт на фудбалски идеи. Од тренер до тренер, пак нов тренер. Му треба стабилност. Ние Сега ја формираме апликацијата. Се уште немаме ни апликација.
П: Тоа се виде во Мајорка. Таму се рефлектираше сето тоа.
ЈМ: Не се сложувам. Не може тоа да се изнесе на терен. Гледав многу натпревари на Real Madrid мината сезона и не знам ни како успеаја да ги добијат. Ги добија затоа што имаше еден играч кој ги ставаше топките во гол. Ние добро изигравме во Палма, зошто за да имаш седум шанси за гол мора да си играл добро разработен систем на игра, инаку нема да стигнеш пред голманот. Го завршивме натпреварот со Ronaldo, Higuaín, Benzema, Ozil, сите заедно. Но не можеме да играме добро така, зошто се уште треба уште многу да работиме за да можеме 90 минути да вршиме голем притисок. На гости, против Mallorca која на крајот беше исцрпена поради толку трчање, требаше да се искористи сето оружје. Затоа во крајните минути имаше многу шанси за гол и победа. Со Inter игравме нерешено во прво коло на гости кај Sampdoria, со гола на Ibrahimovic, но заслуживме повеќе. За разлика, во Палма ако некој заслужи да победи тоа е Real Madrid.
П: Кога веќе недостигаше гол, можеби ги потсетивте вашите “шефови“ дека баравте уште еден напаѓач, иако ќе биде замена на Higuaín и Benzema.
JM: Тоа има решение. Заврши трнсфер периодот и кога зборуваме со клубот за пари и за вложувањата во нови играчи, јас комплетно се сложувам да не се даде ни евро повеќе. Затоа не можам да ја критикувам мојата управа. Нема потреба од драматизирање.
П: Но, напаѓачите кои ги имате сега, освен Raúl, минатата сезона дадоа 102 гола.
ЈМ: Мене ќе ми фалеше уште еден, можеби еден кој ќе ги има карактеристиките кои ги немаат Higuaín и Benzema. Јас барав уште еден зошто ме плашат повредите на еден од нив двајца, во таков случај кога ќе погледнам на клупа имам малку опции. Точно е и дека кога веќе не дојде нов напаѓач не можам да играм со Higuáin и Benzema во исто време. Ако едниот се повреди во 5-та минута, нема да можам да го сменам и ќе морам да ја променам структурата на екипата. И има уште една трета причина. Сакам секогаш луѓето да бидат под притисок, не сакам никој да се опушти, сакам секој да биде свесен дека постои некој кој може да му го земе местото. Сакам натпреварување меѓу играчите. Видете само какво натпреварување ќе има кога ќе се вратат Pepe, Garay, Albiol.
П: Вчера Drenthe си отиде, како позајмен играч и веќе се знаат сите играчи. Задоволен сте од тие играчи со кои располагате?
ЈМ: Заврши. Нема веќе враќање назад. Тие се мојата група и со нив ќе се бориме за се. Амбициозни сме и Real Madrid сме.
П: Дојдовте во Real Madrid за да покажете вашата цврста рака. Дисциплината е ваша лична и професионална карактеристика. За да бидеме појасни, Guardiola рече “Овде јас командувам“. Во Real Madrid, вие командувате?
ЈМ: Не. Во Real Madrid Club de Fútbol командува Florentino Pérez. Во соблекувална командувам јас. Во мојата канцеларија командувам јас. Но Real Madrid Club de Fútbol не е мојата канцеларија.
П: Но вие знаете дека Florentino се заложи лично за вас давајќи ви четири годишен договор. Ви се предаде на вас како да сте вие спасителот на неговиот втор мандат.
ЈМ: Јас не гледам така. Претседателот е многу повеќе од тренерот, исто како што клубот е многу повеќе од претседателот. Затоа сум помал, споредувајќи ме со претседателот и со Real Madrid. Јас викам дека командувам во мојата работа, зошто мене никој нема да ми каже дали треба да игра Joaquin или Pablo. Никој нема да ми каже дали треба да тренирам малку или многу, или дали тоа треба да биде во 9 или дали треба да играм 4-3-3 наместо 4-2-3-1. Мојот терен е мој и таму командувам јас, и сакам мојот терен да биде голем. Но во клубот јас сум мал.
П: Зборувате повеќе со Florentino или со Valdano?
ЈМ: Перфектен клуб во таа смисла е кога секој одговорен му овозможува на претседателот мирен живот. Не плаќаат за да бидеме најдобри во нашето. Не можам да барам мислење или зборувам со Valdano, Pardeza, Florentino, José Ángel Sánchez или Galeano за тоа кој да игра. Тоа не можам да го правам. Тоа е мој терен. Моја база. Јас работам во екипа со многу помошници на терен. Јас за таа работа не прифаќам надворешни влијанија. Друга приказна се прашањата за клубот. Кога купуваме, кога продаваме, кога плаќаме за овој, кога одбиваме некого затоа што е скапо, тоа е нормално.
П: Pellegrini призна, пред да си оди, дека згреши што не комуницираше почесто со претседателот.
ЈМ: Јас не знам како се прави еден весник, но за мене секогаш најважно е секогаш да имаш објаснувања за одлуките. Ако игра Casillas наместо Dudek или Adán не можам да кажам дека е затоа што ми се допаѓа повеќе лицето на Iker. Морам да имам аргументи, фудбалски аргументи со тежина кои ќе ја оправдаат мојата одлука ако управата ми бара објаснување. Секој тренер мора да ја знае својата ситуација и мора да знае како да одговори. Не е можно да имаат мала комуникација со мене од управа. Мојата врата секогаш е отворена.
П: Во довербата, некогаш Valdano ви кажа дека претерал со критиките кон вас во минатото?
ЈМ: Valdano напиша, што напиша и јас одговорив како што одговорив. Тоа го разјаснивме долго време пред да дојдам овде. Јас бев тренер на Chelsea и не но сонував дека еден ден ќе бидам тренер на Real Madrid…..