Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.

moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
Си иде Силви од Мадрид, а?:tv:
Епа со среќа нека му е на Рафа.
Многу неправедни ситуации. Не се цени она вистинското, туку секогаш морало да се обрнува внимание на потенцијалот и креативноста кој што ги краси одредени ликови, но не знаат да ја искористат. И така додека се чека на нив, сосема трети плаќаат за нивните срања.
Има надеж!!
 

VENOM

تعيش حياتك بالطريقة التي
Член од
5 октомври 2008
Мислења
1.664
Поени од реакции
535
Матеос во првиот тим на Реал со број 15 Озил 23 ... интересно :smir:
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
На пола што плачат за Вдв им е за Силви само не признаваат :icon_lol: шала
 
Член од
18 јуни 2009
Мислења
2.194
Поени од реакции
1.406
И јас сум за останување на ВДВ цело време тоа го зборам го сакам играчот затоа што и покрај сите неправди кој ги доживеа од клубот постојано зборуваше дака сака да остане и да се избори за место, да покаже колку вреди и што е најважно игра со срце секогаш

Ако го продадат пак за 11 милиони ќе не ограбат ќе покаже следната сезона дека вреди дупло и пак ќе збориме сите на форумов дека сме се заебале гадно
едит: МАЈКАТА У ПИЧКА НА ЦЕЛА УПРАВА ПОЧНУВАЈЌИ ОД ПЕРЕЗ, ВАЛДАНО .... ПА СЕ ДО ПОМОШНИЦИТЕ НА МУРИЊО СОСЕ МУРИЊО

Се надевам ќе се погодиме да играме против Тотенхем во некоја фаза од ЛШ и ВДВ ќе ни набие 3 гола да му наплати на Перез и на клубот за сите гомна кои му ги напраија за овие 2 години

Искрено му посакувам се најдобро на Рафа и да докаже дека вреди многу да докаже дека е класа играч и да заигра повторно во некој голем клуб
Утре очекувам изјава на Перез или Валдано од типот дека многу потрошивме летово и дека треба да вратиме некој денар
А и не верувам дека Мурињо се согласил со трансверов сетете се минатата сезона колку посакуваше еден од ВДВ или Снајдер за во Интер
 
F

FilipMacedon

Гостин
On 31 August 2010, two hours before the transfer window closed, Tottenham Hotspur made an offer of £8m for Van der Vaart. According to Spurs manager Harry Redknapp, an £18m transfer to Bayern Munich had collapsed the day before and Van der Vaart had suddenly became much cheaper

Што не го дадоа на Лацио...педери...
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719
Спортскиот директор на Реал, Мигел Пардеза, вели дека немало пристигнато никаква понуда од Баерн. Ја поише би им верувал на "нашите".
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Се чудам како пишувате дека главен за идењето на ВдВ е Мурињо... ете прочитајте го денешното интервју на Мур за АС, каде што кажува дека тој не го има последниот збор за продавањето на играчите, туку тој само дава свое мислење тие над него решаваат.

Пред да се купи Озил, Мурињо рече дека е презадоволен од играчите у средниот ред и дека не треба нов играч таму, туку дека му треба напаѓач. Али Валдано мораше да умеша прсти и запна за Озил, е сеа Мур секако дека нема да го одбие играч како Озил.

Друго, не можете да ги споредите Снајдер и Робен со Ван дер Варт. Тие беа костурот на тимот, а Рафа докажа дека не е за првотимец во Реал, како замена беше одличен, неговото искуство у споредба со Озил и Каналес ќе ни беше добредојдено, али да направи толку колку што можеа Робен и Снајдер, тоа не.

Единствено не ми е јасно како управата неможеше да го продаде Диара, за кого и Мур кажа дека не смета на него. Подобро него намали му ја цената од 5 на 2м., отколку да го продадеш Рафа за 8... У тој аспект пак се испокењаја Валдано и Перез.

Му посакувам се најдобро на Рафа, фала за се што направи во Реал Мадрид... :salut:
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Дури и да имало каква таква понуда од Баерн боље што отиде во Тотнем отколку да го засилиме директниот ривал во Европа :)
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Друго, не можете да ги споредите Снајдер и Робен со Ван дер Варт. Тие беа костурот на тимот, а Рафа докажа дека не е за првотимец во Реал, како замена беше одличен, неговото искуство у споредба со Озил и Каналес ќе ни беше добредојдено, али да направи толку колку што можеа Робен и Снајдер, тоа не.
Aбе ајде, човеков беше донесен како итна замена за тогаш повредениот Снајдер за кој првичните претпоставки беа дека ќе паузира 6 месеци, ама се врати он порано та од тогаш ни од двајцата не видовме аир :)
Kaко и да е, на прсти му се бројат добрите утакмици, ама изгледа свикнале луѓево на просечни фудбалери и просечни резултати па заминувањето на Рафа го прават да изгеда како да сме продале wpoty за кило кикирики.

Единствено не ми е јасно како управата неможеше да го продаде Диара, за кого и Мур кажа дека не смета на него. Подобро него намали му ја цената од 5 на 2м., отколку да го продадеш Рафа за 8... У тој аспект пак се испокењаја Валдано и Перез.

Повреден, во никаква форма, голема плата.. не е баш прва трансфер цел за повеќето клубови :)
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Со среќа нека му е на Рафа. Жал ми е шо си замина ама едноставно неможеше да продолжи да биди играч од втор план. Па да чека некој да се повреди, да добија црвен за да влези да поигра. Него му треба првотимски статус, а тоа и ќе го добие сега. И да, не е продаден за 8мил, туку за 11. Така барем пишува на гол.


А и овај Робињо, трансвериве ги прај на 21 август во 23:59. Најбудала е од сите. :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719


Пеп, Дешамп и Мурињо, на форумот за најдобри тренери кој се одржува во Нион, каде што најдобрите тренери од европскиот фудбал се поканети да разговараат за состојбата на фудбалот, и да ги споделат своите искуства и ставови за истото. На форумот присуствуваат уште Фергусон, Анчелоти, Венгер, Хоџсон, Пуел, Алегри, Раниери, Магат, Шаф, Јол, Хорхе Исус (Бенфика), Хесуалдо Фереира (Малага), Мирчеа Луцеску (Шахтјор) и Никос Ниоплиас (Панатинаикос).

Моментално Каранка ја врши работата на Мурињо во Мадрид. Мурињо се враќа у петок.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Барем и Мамаду да го шитнеа....ај барем се надевам дека нема да заигра цела сезона зашо неможам да го гледам телето како се мачи да направи пас од 2м до најблискиот соиграч.
 

iggo_s

.. sangre blanca en mis venas!
Член од
30 јуни 2009
Мислења
1.389
Поени од реакции
1.077
Со среќа нека му е на Рафа. Жал ми е шо си замина ама едноставно неможеше да продолжи да биди играч од втор план. Па да чека некој да се повреди, да добија црвен за да влези да поигра. Него му треба првотимски статус, а тоа и ќе го добие сега. И да, не е продаден за 8мил, туку за 11. Така барем пишува на гол.


А и овај Робињо, трансвериве ги прај на 21 август во 23:59. Најбудала е од сите. :)
Глеј нас да не не избудали на 19-ти и 3-ти... :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719
Мошне интересно интервју.

П: Поминаа речиси 48 часа и фановите се разочарани од дебито на вашиот проект против Mallorca.
ЈМ: Видете, ќе кажам нешто за оние кои се суеверни. Моите сезони во Porto и Ineter секогаш ги почнував со нерешен резултат. И со Porto освоив 4 титули, со Inter две, првата сезона и три во втората. Овде не е важно како ќе почнеш, туку како ќе завршиш. Нема потреба од драматизирање, поради еден нерешен резултат. Јас предупредив на прес конференцијата пред да отидеме во Палма дека ова може да се случи. Победа на првиот натпревар не е услов за голема сезона. Не сум хипокрит и јасно дека сакав победа на првиот натпревар.

П: Инсистираме. Не сте разочаран од натпреварот?
ЈМ: Првите натпревари секогаш се чудни. Bayern изгуби овој викенд, Inter и Manchester United изиграа нерешено, Juventus и City изгубија, нормална реалност на почетокот на сезоната. Не сум суеверен, воопшто, само верувам во реалното и знам дека иднината никогаш не зависи од само еден натпревар.

П: Зборувајте ни тогаш за реалното, ве молам.
ЈМ: Јас сум тренер, не сум Harry Potter. Harry Potter е магионичар, но во реалноста не посоти магијата. Магична е фикцијата а јас живеам од фудбал, тоа е реалноста. Само неколку месеци сум во Real Madrid и имавме 40-сетина тренинзи. Знаете на колку тренинзи присуствувале сите играчи? Ни на 10. Повторувам, ни на 10. Потребна ни се толку многу работа. Затоа најлесниот пат за мене ќе беше да не сменам ништо, да играме како минатата сезона, одржувајќи ги тие принципи на игра со структурата која ја имаше. Така ќе беше најлесно да се почне сезоната, но тоа ќе беше лажен резултат. Тоа не е патот по кој сакам да одам, ни најмалку.

П: И во што се забележа раката на Mourinho во Палма?
ЈМ: Кога една екипа не е комплетно подготвена има две важни работи, едната е да браниш добро. Полесно е да браниш добро, отколку да напаѓаш добро, бидејќи е полесно да се организираш. Во Мајорка браневме многу добро. Во прво полувреме имаше само еден удар на Castro во рацете на Casillas, а во второ полувреме еден слободен удар од далеку кој Iker добро го одбрани и еден удар со глава. Позади имавме нула проблеми. Да зборам повеќе? Кога една екипа не е комплетно подготвена создава најмногу две или три шанси за гол. Колку имаше Real Madrid во Мајорка? Седум или осум. Премногу шанси за овој дел од сезоната. Премногу шанси за екипа која се формира. Треба само да знаеме да ги искористиме тие шанси и не го направивме тоа. И не беа Arbeloa или Carvalho пред голманот.... Беа Cristiano, Benzema, Higuaín или Ozil кои се играчи од тој дел на теренот.

П: Освен Ozil, другите тројца минатата сезона дадоа најмногу голови во la Liga, 102.
ЈМ: Затоа не го кажувам ова како критика. Некоја топка требаше да влезе. Никогаш не ги критикувам моите играчи кога ќе промашат гол или ако згреши голманот, но промашивме многу шанси, многу. Нормално е да влезеше една, така го добиваш натпреварот, се качуваш во авион и се враќаш со три бода. Така сите вие би биле посмирени. Победата ги спречува критичарите да критикуваат. Не сум читал, но сигурно сте кажале дека играч на натпреварот е Aouate. Ако е така, немам ништо што да додадам.

П: Зошто останаа Khedira и Ozil н клупа? Беше изненадување таа ваша одлука иако се играчи кои баравте клубот задолжително да ги донесе....
ЈМ: Животот на Германците не е лесен. Не знаат да кажат ни еден збор на Шпански, само “Добро утро“ и “Здраво“, ништо повеќе. На терен работиме интензивно и среќа што имам асистент што зборува германски и им ги дава моите инструкции. Но не е лесно да им стигнат моите пораки како што јас сакам. Освен тоа, социјалниот живот во групата за нив се уште е на нула. Khedira живее со Ozil и Ozil живее со Khedira. Не им е лесно да се вклопат, и покрај тоа што имаме млада група играчи, пријатни играчи. Не знаат добро ни англиски. Англиски зборат малку подобро од шпански, и така е тешко. Трпение, мора да им дадеме време.

П: Од целата оваа ситуација најголема корист има Lass. Шред неколку месеци изгледаше дека ќе си оди а сега е во првите 11.
ЈМ: Lass е важен играч во оваа екипа. Може да игра на повеќе позиции и секогаш добро. Немаше потреба да се врати во форма, веќе беше. Корисен играч е, кој ни овозможува да го ставиме бек кога сакаме да бидеме поофанзивни, зошто напаѓа подобро од Arbeloa кој пак е подобар дефанзивец. Lass е играч од средниот ред и тоа се забележува при неговата игра. Можеби ако дојдеа други играчи Lass ќе си одеше, но јас и клубот се сложуваме во тоа дека според возраста и квалитет Lass е играч за во Real Madrid.

П: Што ве убеди да дојдете во Real Madrid, кога веќе бевте Кралот Мида во Inter?
ЈМ: Ако сакав да живеам добро, комотно, сигурно ќе останев во Inter. Шампион во Европа, екипа која за две години освои се, екипа која играше едно мини СП, два Супер Купа, имав се за да продолжам да освојувам титули таму. Но јас го сакав потешкиот пат и да дојдам во Real Madrid, на кој му е потребна стабилност. НЕ е важно дали титулите ќе дојдат со Mourinho или со некој друг, важно е овој клуб да ја најде својата стабилност. Можеби ја нема таа стабилност поради вас, новинарите и фановите.

П: Објаснете...
ЈМ: Мојот профил на тренер е различен од оној на претходните тренери кој ги имал Real Madrid во последните години. Ако оди лошо и морам да си одам јас имам друг клуб следниот ден. Но нема да биде тоа Gavá или Palmeiras од мојот град. Пак ќе ме чека некој од најдобрите светски клубови. Таа лична стабилност која ја имам ми дозволува да кажам дека сум идеалната личност за Real Madrid, зошто не се плашам од ништо. На Real Madrid му е потребна стабилност и јас сум тука за да му ја дадам. Моето CV зборува за мојата работа. Не сакам да кажам дека не сакам титули првата сезона, но убеден сум дека ќе имаме титули во првата сезона. Real Madrid во многу нешта е конфликт на фудбалски идеи. Од тренер до тренер, пак нов тренер. Му треба стабилност. Ние Сега ја формираме апликацијата. Се уште немаме ни апликација.

П: Тоа се виде во Мајорка. Таму се рефлектираше сето тоа.
ЈМ: Не се сложувам. Не може тоа да се изнесе на терен. Гледав многу натпревари на Real Madrid мината сезона и не знам ни како успеаја да ги добијат. Ги добија затоа што имаше еден играч кој ги ставаше топките во гол. Ние добро изигравме во Палма, зошто за да имаш седум шанси за гол мора да си играл добро разработен систем на игра, инаку нема да стигнеш пред голманот. Го завршивме натпреварот со Ronaldo, Higuaín, Benzema, Ozil, сите заедно. Но не можеме да играме добро така, зошто се уште треба уште многу да работиме за да можеме 90 минути да вршиме голем притисок. На гости, против Mallorca која на крајот беше исцрпена поради толку трчање, требаше да се искористи сето оружје. Затоа во крајните минути имаше многу шанси за гол и победа. Со Inter игравме нерешено во прво коло на гости кај Sampdoria, со гола на Ibrahimovic, но заслуживме повеќе. За разлика, во Палма ако некој заслужи да победи тоа е Real Madrid.

П: Кога веќе недостигаше гол, можеби ги потсетивте вашите “шефови“ дека баравте уште еден напаѓач, иако ќе биде замена на Higuaín и Benzema.
JM: Тоа има решение. Заврши трнсфер периодот и кога зборуваме со клубот за пари и за вложувањата во нови играчи, јас комплетно се сложувам да не се даде ни евро повеќе. Затоа не можам да ја критикувам мојата управа. Нема потреба од драматизирање.

П: Но, напаѓачите кои ги имате сега, освен Raúl, минатата сезона дадоа 102 гола.
ЈМ: Мене ќе ми фалеше уште еден, можеби еден кој ќе ги има карактеристиките кои ги немаат Higuaín и Benzema. Јас барав уште еден зошто ме плашат повредите на еден од нив двајца, во таков случај кога ќе погледнам на клупа имам малку опции. Точно е и дека кога веќе не дојде нов напаѓач не можам да играм со Higuáin и Benzema во исто време. Ако едниот се повреди во 5-та минута, нема да можам да го сменам и ќе морам да ја променам структурата на екипата. И има уште една трета причина. Сакам секогаш луѓето да бидат под притисок, не сакам никој да се опушти, сакам секој да биде свесен дека постои некој кој може да му го земе местото. Сакам натпреварување меѓу играчите. Видете само какво натпреварување ќе има кога ќе се вратат Pepe, Garay, Albiol.

П: Вчера Drenthe си отиде, како позајмен играч и веќе се знаат сите играчи. Задоволен сте од тие играчи со кои располагате?
ЈМ: Заврши. Нема веќе враќање назад. Тие се мојата група и со нив ќе се бориме за се. Амбициозни сме и Real Madrid сме.

П: Дојдовте во Real Madrid за да покажете вашата цврста рака. Дисциплината е ваша лична и професионална карактеристика. За да бидеме појасни, Guardiola рече “Овде јас командувам“. Во Real Madrid, вие командувате?
ЈМ: Не. Во Real Madrid Club de Fútbol командува Florentino Pérez. Во соблекувална командувам јас. Во мојата канцеларија командувам јас. Но Real Madrid Club de Fútbol не е мојата канцеларија.

П: Но вие знаете дека Florentino се заложи лично за вас давајќи ви четири годишен договор. Ви се предаде на вас како да сте вие спасителот на неговиот втор мандат.
ЈМ: Јас не гледам така. Претседателот е многу повеќе од тренерот, исто како што клубот е многу повеќе од претседателот. Затоа сум помал, споредувајќи ме со претседателот и со Real Madrid. Јас викам дека командувам во мојата работа, зошто мене никој нема да ми каже дали треба да игра Joaquin или Pablo. Никој нема да ми каже дали треба да тренирам малку или многу, или дали тоа треба да биде во 9 или дали треба да играм 4-3-3 наместо 4-2-3-1. Мојот терен е мој и таму командувам јас, и сакам мојот терен да биде голем. Но во клубот јас сум мал.

П: Зборувате повеќе со Florentino или со Valdano?
ЈМ: Перфектен клуб во таа смисла е кога секој одговорен му овозможува на претседателот мирен живот. Не плаќаат за да бидеме најдобри во нашето. Не можам да барам мислење или зборувам со Valdano, Pardeza, Florentino, José Ángel Sánchez или Galeano за тоа кој да игра. Тоа не можам да го правам. Тоа е мој терен. Моја база. Јас работам во екипа со многу помошници на терен. Јас за таа работа не прифаќам надворешни влијанија. Друга приказна се прашањата за клубот. Кога купуваме, кога продаваме, кога плаќаме за овој, кога одбиваме некого затоа што е скапо, тоа е нормално.

П: Pellegrini призна, пред да си оди, дека згреши што не комуницираше почесто со претседателот.
ЈМ: Јас не знам како се прави еден весник, но за мене секогаш најважно е секогаш да имаш објаснувања за одлуките. Ако игра Casillas наместо Dudek или Adán не можам да кажам дека е затоа што ми се допаѓа повеќе лицето на Iker. Морам да имам аргументи, фудбалски аргументи со тежина кои ќе ја оправдаат мојата одлука ако управата ми бара објаснување. Секој тренер мора да ја знае својата ситуација и мора да знае како да одговори. Не е можно да имаат мала комуникација со мене од управа. Мојата врата секогаш е отворена.

П: Во довербата, некогаш Valdano ви кажа дека претерал со критиките кон вас во минатото?
ЈМ: Valdano напиша, што напиша и јас одговорив како што одговорив. Тоа го разјаснивме долго време пред да дојдам овде. Јас бев тренер на Chelsea и не но сонував дека еден ден ќе бидам тренер на Real Madrid…..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom