Испровоциран од неколку мислења ќе пишам збор два за моето видување на некои актуелни теми...
Не ми е јасно како некој трга со мислење дека ако клубот потрошил 250ме треба да ја освои секоја можна титула, далеку од тоа, се прави проект, Перез сам кажа многу пати дека во едно лето завршиле работа за 3, нели ви кажува нешто за тоа? Се прави нов Реал Мадрид, со нов лидер, од наредната сезона најверојатно и без легендите на Раул и Гути, тоа многу менува, не толку на теренот колку во соблекувалната. Тимот доби фундамент оваа сезона, се изгради основа која од година во година само ќе се засилува, иаме машина од играч во Роналдо, Игуаин ќе станува се подобар, а со редовна игра Бенезема ќе се отвори од голови како пекара у 6 сабајле, сигурен сум во тоа.
Летово што и да се праве лев бек мора да се купи, Марсело го јаде и ќе го јаде од класа десни крила, добар е со тимовите од долната половина ама му иде некој поасален и го губи начисто, Арбелоа е солиден и како лев бек ама само у одбрана, у напад е бескорисен.
Ако замине Гути обавезно да се земи Силва, момчево игра, ама стварно игра, сестран е и може да покрие и на крило и централен, у комбинација со Чаби на средина би бил цар. Не треба да се жалат пари за него, огромен плус е шо е шпанец.
Ако се точни шпекулациите дека Челзи дава 40 мил. фунти за Кака ја би им го спакувал у кутија со црвена машна и би им го пратил по брза пошта, ама тоа сум само јас, тешко дека Перез ќе се согласи да го даде играчот за кој толку се мачеше да го донесе летото, а факт е дека никогаш нема да заигра како што повеќето овде очекуваат од него, очигледно има мака со хронични повреди кои ќе го мачат до крај на кариера и ќе си биде просечен играч до крајот на истата, ја многу би сакал да ме демантира ама здравиот разум ме спречува да мислам на такво нешто.
Е сеа за мене најинтересниот и најбитниот дел би рекол тренерот, ја сум првично за задржување на Ману, кажете шо сакате ама за мене он годинава заврши добра работа, со толку многу нови играчи (од кои повеќето со натрипано его) во тимот тој успеа да створи некаква кохезија, шо не е мала работа, освои 96 бода кои ете на крајот се покажаа како недоволни за освојување на Примера, и нема шо да жалиме за тоа, може само да честитаме на подобриот тим.
Некој спомна и за лошити утакмици шо ги имаме против јаките екипи, или конекратно во 1/8 од ЛШ, не губиме таму ради недостаток на играчки квалитет, него отсекогаш сме го имале и ќе го имаме, ама ни фали карактер, основа на тимот, константност, а тоа не се стекнува нов тренер секоја сезона, шо само по себе значи почнување од нула, нови методи на тренирање, нови тактики... Треба време играчите да се навикнат на тоа, а со нов тренер секоја сезона тоа не е лесна работа, сигурен сум дека доколку остане Ману со добра трансфер политика летово наредната сезона ќе одиме до крај.
И уште нешто, како може фан на Реал, да има желба Мурињо да биде тренер, жити се, гледавте Барса-Интер? Така да ја тепаме Барса ја по би се срамел отколку лани кога примивме шеска дома, сериозно. Типот може си е добар тактичар, не го спорам тоа, ама не е за у Реал, да беше така и Капело немаше да замине и тоа после освоена титула, џабе титула ако има тапа игра, ќе добие бели шамивчиња на Бернабе после 4то коло.