ПЕЛИСТЕР НЕУМОРНО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НЕДЕЛНИОТ ДУЕЛ СО МАКЕДОНИЈА ЃП
На Ѓорче по бодови
* Ја респектираме Македонија ЃП, но ќе сториме с$ да се вратиме непоразени во Битола, вели напаѓачот на "пелистерци" Дејан Блажевски
Пелистер неуморно се подготвува за неделниот дуел со Македонија ЃП. "Зелените" по петте одиграни кола имаат освоено само еден бод од гостувањата против Напредок, но овој пат ги очекува многу потешка задача, Македонија ЃП, која на домашен терен е непобедлива. Но, без разлика на с$ фудбалерите на Пелистер ќе настојуваат да стигнат до изненадување.
Во средниот ред на битолчани Дејан Блажевски ќе биде во главна улога. Против Работнички К. пропушти многу шанси за гол, а сега против Македонија ЃП ќе настојува да го надополни пропуштеното од тој меч.
"Против Работнички К. имавме повеќе од играта, но, за жал, освоивме само бод. Но, овој меч е веќе минато и сега сите активности се насочени кон неделната средба со Македонија ЃП. Ни претстои нов тежок скопски испит на кој ќе мора да одговориме со добра игра доколку сакаме да стигнеме до добар резултат. Ја респектираме Македонија ЃП, но ќе сториме с$ да се вратиме непоразени во Битола. Нашите амбиции во оваа сезона се пласман во горниот дел на табелата, а за да го оствариме тоа ќе мора да одговориме максимално на секој меч било да играме на домашен терен или на гости", истакна Блажевски.
В. Фотиновски
Само бод од гостувањата
На двете гостувања во оваа сезона битолчани успеаја да прокнижат само бод, против Напредок во второто коло кога одиграа 1:1. Но во Куманово се вратија со три гола во мрежата и го доживеаја највисокиот пораз на досегашните гостувања. Македонија ЃП е трета гостинска пречка.
Без искусниот Димов
На неделниот дуел со Македонија ЃП во одбраната на Пелистер ќе недостасува еден од најискусните Миле Димов. Тој с$ уште ја одработува казната од црвениот картон заработен на средбата со Милано во Куманово. По овој меч тој повторно се враќа во екипата на големото дерби против Победа во Битола.