Фан Клуб: Пелистер

Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Ај да ни се паднат некој лесни сега во следното коло.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Леле 1-1 со Победа
Тамам сега беа во лоша форма
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Добро е бе брат Пелистер е ова не можи да подебва секое коло. Победа беа лани шампиони, нерешено јес да не е некој успех, ама далеку од разочарување е.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Леле бе 1-1 на крајо ни го бапнаја упм цело време водевме и шанси имавме и еден гол поништен и за на крајо да ни изедначат...:(
иначе на трибините лудници...шо да ти кажам бевме во голем број незнам точно...а имаше и навивачи од Прилеп..за греота беа мајмуните еден автобус беа(добро ај тоа нема врска) ама немаја транспарент асолен...ама многу многу не се замаравме со нив си пеевме за Пелистер..еве неколку сликчиња







 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Чист офсајд!!! Ама ајде како било, бод си е бод. Сеуште сме во топ 5 на табелата и ума многу кола до крајот. Се е можно...


Одличен натпревар на Жуниор и прекрасен еврогол! Убаво ќе биде ако успееме да го задржиме цела сезона, ќе не однесе далеку.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Чист офсајд!!! Ама ајде како било, бод си е бод. Сеуште сме во топ 5 на табелата и ума многу кола до крајот. Се е можно...


Одличен натпревар на Жуниор и прекрасен еврогол! Убаво ќе биде ако успееме да го задржиме цела сезона, ќе не однесе далеку.
Vakvite utakmici so za mlku gi zaebvame doma treba da gi pobedvame ako sakame dobar plasman. Sega vo gosti i so pobeda i so rabotnicki kje zaebime i pak nisto od evropa.
 
Член од
10 август 2007
Мислења
160
Поени од реакции
0
abe tie bednite pobeda samo mozat vaka da go spopikaat da gi potsetam na levadija i na uste kojznae kolku drugi utakmici sto gi namestile treba da se ukine so zakon toj klub
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Абе битно играт убо Пелистер, како шо смрди цела ебена лига во Македонија не ме чуди и во Европа да обезбедиме излез.
 
F

fantomX

Гостин
Прееска гледав на Орбис.
Абе, алал да му е на тој Жуниор. Ако успеете да го задржите повеќе време, можете далеку да стигнете со него...
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
ПЕЛИСТЕР НЕ УСПЕА ДА ГО ДОБИЕ ПЕЛАГОНИСКОТО ДЕРБИ ИАКО БЕШЕ НА ЧЕКОР ДО ТРИТЕ БОДА
Маневски+судиите=плач во Битола!!!
*Невиден ефектен погодот за Мачадо Жуниор, кој го откри резултатот, а гостите со гол во самиот финиш го преживеаја битолскиот пекол
ПЕЛИСТЕР - ПОБЕДА 1:1 (1:0)
Стадион:
"Тумбе кафе". Гледачи: 5.000. Главен судија: Димитар Мечкаровски. Помошници: Кировски и Ширилов, тројцата од Скопје. Делегат: Миле Ташковски (Ресен).
Стрелци: Жуниор 20' (П), Маневски 86' (П).
Играч на натпреварот: Жуниор

ПЕЛИСТЕР

Пашовски 2

Елмазовски 2,5

Вељановски 2

Димов 2

Степановски 3

Петковски 2,5

Пресилски 2,5

Блажевски 2

Главевски 2,5

(68' Момировски 2)

Жуниор 3,5

(81' Тодоровски /)

Рутевски 2,5

ПОБЕДА

2,5 Тофилоски

2,5 Крстевски

3 Дамески

2 Алмеида

(2 Обрадовиќ 40')

2,5 Капинковски

2,5 Мегленски

2,5 Жилсон

2,5 Итуа

(2 Талески 70')

2,5 Нацев

2 Ѓоровиќ

(2 Гешоски 56')

2,5 Маневски

Пелагониското дерби, без победник. На крајот иако двете екипи освоија по бод, радост за гостите од Прилеп, кои се спасија од пораз, а незадоволство и разочарување кај домаќините. Пелистер беше на чекор до победата, имаше водство од 1:0, но во самиот финиш од средбата нивното "дете" Борче Маневски од 3-4 метри погоди со глава и донесе израмнување. Пред речиси полниот стадион "Тумбе кафе" се одигра борбен и динамичен натпревар. А ќе се памети по 20 минута и новото ремек дело на извонредниот Бразилец Жуниор. Од 25 метри "распали", а топката од пречката ефектно се заби во мрежата на Тофилоски. Голема ерупција од радости и задоволство во Битола и повторно Жуниор. Бразилецот е феноменален. Игра во голем стил, а беше незадржлив и за прилепчани. Среќа за тренерот Здравевски и неговите соиграчи што Жуниор се повреди по само 30 минути игра, но и со повреда беше на теренот, создаваше проблеми па на моменти немоќните гостински дефанзивци се служеа и со раце само да го спречат овој фудбалер во налетите по мрежата на Тофилоски.

Судииите се главнта причина за тоа што Пелистер не стигна до победата. При 1:0, поништен гол на Степановски поради офсајд. Сомнителен момент!!! Следува првиот остар старт на Капинковски кога заработи жолт картон и вториот кој беше погруб. Место црвен картон и исклучување, следеше само насмевка од главниот арбитар Мечкаровски и само опомена за битолчанецот во црвениот дрес. И не само тоа. "Пелистерци" беа наредени со жолти картини, постоеше тенденциозно и калкулантстко судење. Сите коцки се редеа оваа средба да заврши без победник иако Пелистер треба да жали. Блажевски во вториот дел ја имаше шансата на натпреварот кога изби сам на 10 метри, но Тофилоски го одбрани неговиот удар. Да ја тресат мрежата на гостите можеа и Главевски, Момировски...но втор гол немаше. Победа даде гол од втората шанса. Во 46. минута имаше закана и добар удар на Жилсон од 16 метри, а потоа и голот на Маневски. Прилепчани во поголемиот дел од вториот дел ја имаа играта, ја имаа иницијативата, но ја имаа и поддршката од судиите. Да не беа грешките на арбитрите конечниот резултат ќе беше реален одраз на настаните иако Пелистер е тој кој треба да жали.

И. Д. Ивановски
В. Фотиновски

ПЕЛИСТЕР - ПОБЕДА

5 корнери 4

7/3 удари/во 7/4

22 прекршоци 16

5 офсајди 4

4 ж. картони 2
Минута, по минута...

7' - Блажевски од слободен удар од левата страна нафрли во шеснаесетникот, Тофилофски направи "кикс", Степановски со глава ја спушти топката до Главевски, кој сам непречен со никого со волеј шутираше почетнички над голот.

1:0 20' - Ремек дело на Жуниор. Од 25 метри, откако претходно измрда неколку фудбалери на Победа испрати вистинска "бомба" кон голот на Тофилоски, која "пукна" под пречката.

24' - Димов на вториот дирек го проигра Степановски, кој со глава ја закова топката во голот на Тофилоски, Кипријановски рекламираше офсајд, голот беше поништен.

29' - Петковски по левата страна го проигра Блажевски, овој влезе во шеснаесетникот, шутираше над голот на Тофилоски.

34' - Прв обид на Победа. Мегленски од слободен удар упати остра топка пред петерецот, Степановски реагираше навремено пред Крстески и ја исфрли топката во корнер.

37' - Итуа шутира силно од околу 25 метри за малку над голот на Пашовски.

44' - Капинковски од слободен удар од околу триесетина метри упати силен удар, топката заврши во рацете на добро поставениот Пашовски.

47' - Жилсон упати силен удар од околу дваесетина метри, топката профуче за малку крај десниот дирек.

49' - Маневски во шеснаесетникот го проигра Нацев, овој шутираше откосо од левата страна, Пашовски е на место и го одбрани неговиот удар.

51' - Рутевски изведе корнер од десната страна, во шеснаесетникот највисок беше Вељановски, кој со глава упати удар за малку крај голот на гостите.

54' - Соло продор на Жуниор, го проигра убаво Главевски, овој шутираше од околу 20 метри, Тофилоски брани.

64' - Контранапад на Победа, Жилсон го проигра Маневски овој се одлучи за удар од околу дваесетина метри, Тофилоски е на место.

69' - Жуниор го проигра Момировски, кој одлично му асистирше на Блажевски по десната страна во шеснаесетникот, овој се најде сам пред голот на Тофилоски, непречен од никого упати силен удар, но Тофилоски успеа да ја отстрани опасноста во корнер.

74' - Нацев му асистираше на Маневски во шеснаесетникот, кој веднаш шутираше, но само крај голот на Пашовски.

80' - Момировски шутира од дваесетина метри над голот на Тофилоски.

1:1 86' - Гешоски прифати една топка пред шеснаесетникот, претходно како да направи фаул над Димов, потоа топката се одби до Дамески, кој избега по десната страна, нафрли на вториот дирек до слободониот Маневски, кој со глава упати неодбранлив удар во мрежата на Пашовски. Топката мина меѓу нозете на домашниот голман.
ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ

НЕЏАТ ХУСЕИН (ПЕЛИСТЕР)

" Пелагониското дерби ги оправда очекувањата.Беше тоа еден цврст и напнат натпревар им честитам на фудбалерите на двете екипи за фер и коректната игра. И Пелистер и Победа треба да бидат задоволни од играта на своите фудбалери. Што се однесува до судењето, имаше многу сецкање на играта, при постигнувањето на голот на Победа имаше фаул над Миле Димов, кој не го виде судијата, а имаше и многу прекршоци кои не беа признати. Голот во првиот дел што го постигна Менде Степановски беше чист како солза. Тоа ќе го потврди снимката. Главно судењето беше добро.

НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ (ПОБРДА)

" Задоволен сум од играта што ја прикажавме и сметам дека нерешениот резултат е најреален. Имавме и ние свои шанси на почетокот на второто полувреме, имаше и Пелистер една стонастотна шанса, но, сепак, ремито е најреално.
"Мајмуните" не го видоа голот

Навивачката група "мајмуни" според програмата стадионот под "Тумбе кафе" мораа да го напуштат десетина минути пред завршувањето на средбата. Тие во 80. минута мораа да се качат во своите автобуси и да си заминат во Прилеп. Поради тоа не можеа да го видат израмнувачкиот гол на својата екипа што го постигна Маневски, седум минути откако го напуштија стадионот.
Грешите на судиите

-Премногу лесно делеа жолти картони, а Мечкаровски немаше сила да го исклучи Капинковски во 32. минута.

-Поништен гол на Степановски во 24. минута. Кировски ја крена раката уште пред Димов да игра со глава, а потоа падна и голот. ТВ снимката покажува дека помошникот направи голема грешка.

-Многу спорни топки беа доделени во корист на гостинот.

-Имаше прекин од 3 минути само поради прекинот поради пиротехниката која беше фрлена на теренот во 50. минута. Беа покажани само 3 минути продолжение, а крајот беше свирнат по 2 минути и 12 секунди.

-При акцијата на Победа кога беше израмнет резултатот арбитрите не досудија фаул на Гешоски врз Димов во казнетиот протор на Пелистер.

И Митко не издржа!

Попуштија нервите на битолчани. Уште во првиот дел како да знаеја дека ќе бидат жртви на судиските одлуки. Поништениот гол на Степановски донесе многу нервози и тензии!!! Оние што го познаваат добро знаат дека Митко Стојковски, директорот на битолчани, ретко кога знае да "избувне". Попуштија и неговите нерви, а во знак на револт и тој влезе на теренот по крајот на средбата и им се "заблагодари" на судиите за "добро" завршената работа.

Стојковски е име со богата фудбалска историја и никогаш не реагирал на ваков начин. Пелистер вчера по средбата најави итен состанок на раководството на клубот, а денеска се очекува конкретен став по серијата судиски кражби кои се главната причина за многу загубени бодови уште на стартот од оваа сезона.

"Кому му пречиме. Зарем уште сега ќе н$ кинат....", се прашуваа луѓето од Пелистер. По средбата околу 1.000 навивачи на Пелистер беа пред службениот влез каде ги чекаа судиите за да им се "истурат"...
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
ВО ГРАДОТ НА КОНЗУЛИТЕ ВЛАДЕЕ БЕС ПО НАЈНОВАТА СУДИСКА КРАЖБА НА НИВНИОТ КЛУБ
Кому му пречи Пелистер!?
*Битолчани вчера и официјално пратија допис до ФФМ со кој бараат изземање на судиите Мечкаровски и Кировски

Во Пелистер големо разочарување, во Битола општ револт против работата на одредени фудбалски структури кои се обидуваат да го уништат клубот кој ја врати публиката на "Тумбе кафе". Многу прашања, а од никого одговор. Победа пред 5.000 гледачи си замина со 1:1 од тешкото гостување во Битола. Некои луѓе ја прегазија црвената линија така што сега е премината границата на трпеливост кај луѓето во Пелистер. Вчера од канцеларијата на "зелените" експресна реакција. Со допис информирани се службите во ФФМ за судиската кражба. Побарано е од судиските органи изземање на арбитрите Димитар Мечкаровски и Маријан Кировски. Двајцата сега се посочени како непријатели на Пелистер и на битолската публика.

"Не знам кој им даде знак на ФИФА на овие двајца судии кои работат по нечија директива, а со таквиот однос го уништуваат фудбалот во земјава. Претераа, и тоа вторпат во оваа сезона, а уште им ги паметиме грешките со кои н$ уништија и во минатата сезона. Никогаш повеќе да не ги видиме на нашите натпревари. Ние им порачуваме дека сме клуб кој никогаш нема да плаќа судии и нема да работиме нечесно", остро и директно обвинува Тони Мицевски, директорот на Пелистер.

Многу нервози вчера во Битола по завршувањето на големото дерби меѓу двата ривали. Тука треба да се напомене нешто трето. Судиите не свиреа за Победа. Со денови се зборуваше дека судиите ќе го кројат резултатот и дека нема да има победник во Битола. Дали е замешан трет клуб!?

"Знаевме за таквите најави. Сите зборуваа за тоа, а пред натпреварот им го кажавме и на судиите дека ќе се случи нешто нечесно од нивна страна. Се колнеа во децата, а потоа сите тие најави станаа стварност. Ни ја украдоа победата. Ова е нов грабеж кој ни се случува во оваа сезона. Истиот тој Кировски!!! Ни зема два бода во Кичево против Напредок, а еве и сега со Победа. Уште на стартот н$ кинат. Кому му пречи Пелистер!? Ако некој веќе ги поделил местата за евро-куповите нека ни го каже тоа за да не се нервираме, да не трошиме време, нерви и пари. Не сме од вчера од фудбалот и добро знаеме кога судија сака да те намести. Така беше завчера со Мечкаровски. Поништен ни е регуларен гол во 25. минута за 2:0, а има два прекршоци на гостинот кога дојде израмнувањето. Треба да си слеп за да не ги видиш овие работи, а и ТВ снимките кои ги имаме се главен доказ за направениот грабеж. Не бараме помош туку чесно и реално судење. Во Битола на сите досегашни средби гостинот беше максимално заштитен, а во Куманово против Милано судиите н$ утепаа. Какво е ова судење, не сакам името да му го споменам на тој што ги делегира ваквите судии со однапред зададени задачи", дополнува Митко Стојковски, кој ја има улогата на спортски директор и на секој меч седи на клупата заедно со стручниот штаб и резервните играчи.

Зошто "пискотници"од Битола!? Имаат право "зелените" на ваква жестока реакција. Со Победа, а и со Напредок токму поради судиски грешки останаа без 4 бода. Со овие бодови "пелистерци" сега ќе беа второпласирани на табелата и опасни за преостанатите екипи, но и "шемаџии" кои веќе си ги имаат пикирано позициите и местата за евро-куповите. Не очекуваа дека Пелистер ќе биде вака опасен и затоа веднаш го сечат уште на стартот од сезоната. Освен на средбите со Шкендија дома и со Македонија Ѓ.П на гости во Пелистер со замерки на судиите на сите преостанати првенствени дуели.

Смешни се обидите на некои функционери во ФФМ кои вчера се јавувале во Пелистер и барале да се смират тензиите, а праќале и новинари кои по налог требало да дадат поинаква слика. Сето тоа останала само пуста желба на оние кои сносат голема вина за судиските грешки на дербито во Битола.

И. Д. Ивановски
Митко: Ги изгубивме нервите!!!

Митко Стојковски и Тони Мицевски веќе трета година се на челните позиции во клубот од Битола. Го вратија во живот клубот од "Тумбе кафе", но некои работи не можат да ги поднесат.

"Отворено кажувам дека при крај сум со нервите и немам намера да работам во ваков фудбал. Вака никаде нема да стигнеме. Како не им е срам на сите тие кои прават вакви шеми. Можеби и чувте по средбата дека најавив заминување од фудбалот и од клубот. Тоа сериозно го мислев, но можеби на некои луѓе им одговара такво нешто. Јас и Тони Мицевски заедно со сите кои сме во клубот ќе се бориме до крај, но ако не се преземат конкретни мерки сериозно размислувам да се повлечам и да не помислам да работам во ваков фудбал во кој место фудбалерите главните актери на теренот се судиите", додава Стојковски.

Грев за публиката

Битолските "чкембари" добро знаат што е фудбал и добро знаат кога се украдени. Невидена слика по средбата кога повеќето од навивачите од големата трибина на "Тумбе кафе" дојдоа пред службениот влез.

"Никој не може да ги излаже навивачите. Ако ние грешиме не можат да погрешат 5.000 гледачи. Сите добро видоа што ни направија судиите. Сликата пред влезот го кажува самиот револт. Нека им служи на честа на тие што за свои лични интереси ги бркаат љубителите на фудбалот од трибините. Грев е публиката која заслужи да & се радува на победата, а на еден таков примитивен начин некој им го спречи тоа задоволство", гласно коментира Тони Мицевски.

Жуниор со болки во мускулот

Мачадо Жуниор. Тоа е фудбалерот број еден во Пелистер, но и фудбалерот број еден во досегашниот дел од шампионатот. Каков само гол му даде на Тофилоски во неделата. Но има нешто друго. Тој е незадржлив за противничките дефанзивци кои почнуваат да се служат и со нечесни игри. Жуниот вчера беше во болница на прегледи. Повреда на мускулот. Обвинува дека некој од дефанзивците го удрил во мускулот кога немал топка. Тоа е такиката на противниците. Слична како и онаа на Милано. Тепаат, штипат, плукаат само да не им се случи "ураган а-ла Жуниор". Повредата е сериозна и главниот стрелец во тимот на Пелистер е неизвесен за неделнот дуел со Ренова во Тетово.
 
Член од
10 август 2007
Мислења
160
Поени од реакции
0
na 10.10.2007 na gradski vecnoto derbi vardar-pelister povik do ckembarite i komitite da mu go vratime sjajot na derbito i da dokazeme deka toa e vistinskoto derbi a nekoe so rabotnicki koj samo zaradi parite e golem tim
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Ренова - Пелистер 1-0
P.M na onie љ.... од то шо слушав на радио цело второ полувреме напаѓавме.

Знај некој точно шо се случваше (оти на радио претежно за вардар забораја). или барем дали и кога кје дават снимка на орбис.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom