Фан Клуб: Охрид

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.380
Поени од реакции
25.149
Српските медиуми во суперлативи говорат за охридскиот стратег Антиќ

Одличните резултати на охридскиот прволигаш по водство на српскиот стратег Драган Антиќ не останаа не забележани од српските медиуми. Во дневните изданија на весниците “Новости“ и “Спорт“ во суперлативи се говори за успехот на “охридскиот“ стратег и мини револуцијата која ја направи со тимот покрај Охридското езеро.

- Ова е само почеток, посакувам со охридскиот лигаш да играм во Европа - вели Антиќ.

Охрид пред доаѓањето на србинот на клупата имаше биланс од една победа, едно реми и три порази, во шестте средби во кои ги предводеше “рибарите“ постигна три победи, две ремија и еден пораз и тоа против Шкендија на гости.
 
П

Паспарту

Гостин
Овој е истиот тренер што ги водеше Милано пред 2 сезони? Фацата што се појави со моторџиска јакна, кожни пантолони и цвикери за сонце на -20 против Вардар :pos:

Добри резултати извадивте, дај Боже што порано и опстанок да обезбедите.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343

Да, тој е. Ме мрзи сеа да барам, имаше една статија во Вест, каде беше ставен на листата за најлошо облечени спортски работници :pos:
 
RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.659
Поени од реакции
2.867
Овој е истиот тренер што ги водеше Милано пред 2 сезони? Фацата што се појави со моторџиска јакна, кожни пантолони и цвикери за сонце на -20 против Вардар :pos:

Добри резултати извадивте, дај Боже што порано и опстанок да обезбедите.
Cvikeri za sonce nosese togas ali imase sonce so zabi :D
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Да, тој е. Ме мрзи сеа да барам, имаше една статија во Вест, каде беше ставен на листата за најлошо облечени спортски работници :pos:
Сега е во стилот на FTV.Редовно костумосан:D.Мене лично не ми е по кеиф, без разлика на резултатите.Поврзан е афера за местење во Германија, бунт и штрајк со глад во неговиот матичен клуб Динамо Врање и одредени бизниси во ФК Обилиќ (http://www.vranjepres.info/sh/464/100/7438/?tpl=102 , http://www.vesti.rs/Hronika/Recko-Vranjanac-ojadio-kladionice-u-Evropi.html , http://forum.burek.com/nemacka-uhapsen-srbin-zbog-laziranja-utakmica-t92056.wap2.html)
А и интересна фамилија имал http://www.vranjske.co.rs/2010-07-29/притвор-за-рунија-и-перу.html
Ајде не е толку то битно колку постојаното јадење бурек дека играчите не се доволно спремни и дека не би им дозволил на поединци да стапнат на 100 метри од Билјанини.
Па истите тие играчи ги донесоа последните резултати.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
И Охрид доживеа да е трн во окото на Хари Фудбалгробароски.
Најјак дел:'Согласно чл.36 од ДП казната тече од 23.10.2011'.А одлуката е донесена ДЕНЕСКА!
Два меча суспензија за Антиќ

Тренерот на Ф.К Охрид 2004 Драган Антиќ отстранет од терен на натпреварот со Ф.К Напредок во 81 минута поради неспортски однос-удирање на кофа со нога е казнет со забрана на вршење на секаква функција во фудбалскиот спорт во траење од 2(два) првенствени или куп натпревари. Согласно член 36 од ДП казната тече од 23.10.2011.

Антиќ според оваа одлука нема да може да седи на клупата на Охрид на мечевите на домашен терен против Ренова и Тетекс.

Ohridnews​

28.10.2011 15:54

Прочитана е : 174 пати

© 2011 Ohridnews.com.
 
П

Паспарту

Гостин
Охрид: Нов штрајк на фудбалерите, Управата се оградува од Антиќ

Фудбалерите на Охрид денеска повторно активираа штрајк поради несредените состојби во клубот. Наместо на тренинг на теренот во “СРЦ Билјанини Извори“ денеска се појавија пред зградата на Локалната самоуправа каде го искажаа својот револт од несредената ситуација во клубот. Фудбалерите немаат примено плата подолго време, а ни после последниот апел кој фудбалерите го упатија до управата нема никаков одговор.
Ништо не е променето од онај апел пред две недели кој го упативме. Нема никаков напредок и ситуацијата е онаа истата, ниту некој од управата се појави, ниту пак некој воопшто се заинтересира да ја промени. Немаме елементарни услови за тренинг и за натпревар.До колку на градот не му е потребен прволигашки фудбал, тогаш нека ни кажат и да ја прекинеме оваа агонијавели капитенот на ФК Охрид, Ѓорески Сашо.

Тренерот на клубот, Драган Антиќ,кој во последните шест рунди нема пораз, вели дека состојбата во клубот е неиздржлива и дека дел од потенцијалните спонзори не сакаат да инвестираат во клубот се додека постојната Управа го води клубот.

Жалосно е клубот да биде заложник на неколку луѓе. Штета е градот кој има услови да има суперпрволигаш кој може достоинствено да се преставува во Македонија. Срамно е за Охрид, вакви луѓе како Каланоски и Малезан да го водат клубот. На дел од фудбалерите кои се од надвор им ја скратија храната и им го укинаа смештајот, навистина жални работи – вели тренерот Антиќ.

За утрешниот ден закажана е средба на фудбалерите и охридскиот градоначалник Петрески на која ќе се разгледаат можностите како понатаму може да се изнајде модул за нормално функционирање на клубот.
М.П.

Управата, пак, се оградува од Антиќ
Управата пак на ФК Охрид, онаа истата која фудбалерите очекуваат што поитно да го напушти клубот, денеска се огради од изјавите на тренерот Драган Антиќ со кои го нападна судијата на натпреварот со Ренова, скопјанецот Игор Цветковски.
„Управата на ФК Охрид се оградува од изјавите на тренерот Антиќ кои веруваме се дадени во афект, а поради катастрофалното судење на Игор Цветковски на натпреварот со Ренова. Сепак, ние не можеме да ги изедначуваме сите судии во Македонија, ниту пак да тврдиме дека судењето на некои е нарачано од одредени поединци во мак-фудбалот, посебно не од Кенан Идризи. ФК Охрид сака и натаму да негува коректни односи со ФК Ренова“ - велат во свое соопштение од ФК Охрид.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2151
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.380
Поени од реакции
25.149
http://www.macedonianfootball.com/index.php?option=com_content&view=article&id=3719:team-of-the-month-october&catid=13:international&Itemid=64

Според Macedonian Football, во идеалниот тим за месец октомври е и Кике.

Hristijan Dimoski
Scored five goals and had an assist during October as he helped FK Ohrid go undefeated during the month of October. Reached the back of the net in each league game as Ohrid has moved to 5th place on the table in large part to the good form of Dimoski.

Браво!!!
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Охрид: Нов штрајк на фудбалерите, Управата се оградува од Антиќ

Фудбалерите на Охрид денеска повторно активираа штрајк поради несредените состојби во клубот. Наместо на тренинг на теренот во “СРЦ Билјанини Извори“ денеска се појавија пред зградата на Локалната самоуправа каде го искажаа својот револт од несредената ситуација во клубот. Фудбалерите немаат примено плата подолго време, а ни после последниот апел кој фудбалерите го упатија до управата нема никаков одговор.
Ништо не е променето од онај апел пред две недели кој го упативме. Нема никаков напредок и ситуацијата е онаа истата, ниту некој од управата се појави, ниту пак некој воопшто се заинтересира да ја промени. Немаме елементарни услови за тренинг и за натпревар.До колку на градот не му е потребен прволигашки фудбал, тогаш нека ни кажат и да ја прекинеме оваа агонијавели капитенот на ФК Охрид, Ѓорески Сашо.

Тренерот на клубот, Драган Антиќ,кој во последните шест рунди нема пораз, вели дека состојбата во клубот е неиздржлива и дека дел од потенцијалните спонзори не сакаат да инвестираат во клубот се додека постојната Управа го води клубот.

Жалосно е клубот да биде заложник на неколку луѓе. Штета е градот кој има услови да има суперпрволигаш кој може достоинствено да се преставува во Македонија. Срамно е за Охрид, вакви луѓе како Каланоски и Малезан да го водат клубот. На дел од фудбалерите кои се од надвор им ја скратија храната и им го укинаа смештајот, навистина жални работи – вели тренерот Антиќ.

За утрешниот ден закажана е средба на фудбалерите и охридскиот градоначалник Петрески на која ќе се разгледаат можностите како понатаму може да се изнајде модул за нормално функционирање на клубот.
М.П.

Управата, пак, се оградува од Антиќ
Управата пак на ФК Охрид, онаа истата која фудбалерите очекуваат што поитно да го напушти клубот, денеска се огради од изјавите на тренерот Драган Антиќ со кои го нападна судијата на натпреварот со Ренова, скопјанецот Игор Цветковски.
„Управата на ФК Охрид се оградува од изјавите на тренерот Антиќ кои веруваме се дадени во афект, а поради катастрофалното судење на Игор Цветковски на натпреварот со Ренова. Сепак, ние не можеме да ги изедначуваме сите судии во Македонија, ниту пак да тврдиме дека судењето на некои е нарачано од одредени поединци во мак-фудбалот, посебно не од Кенан Идризи. ФК Охрид сака и натаму да негува коректни односи со ФК Ренова“ - велат во свое соопштение од ФК Охрид.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2151
По по кој лигуши ова управава. Шо побрзо си одет, поубо за Охрид.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom