Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.166
- Поени од реакции
- 18.212
Кризен штаб ќе ги решава фудбалските проблеми во ОхридОхрид: Нов штрајк на фудбалерите, Управата се оградува од Антиќ
Фудбалерите на Охрид денеска повторно активираа штрајк поради несредените состојби во клубот. Наместо на тренинг на теренот во “СРЦ Билјанини Извори“ денеска се појавија пред зградата на Локалната самоуправа каде го искажаа својот револт од несредената ситуација во клубот. Фудбалерите немаат примено плата подолго време, а ни после последниот апел кој фудбалерите го упатија до управата нема никаков одговор.
„Ништо не е променето од онај апел пред две недели кој го упативме. Нема никаков напредок и ситуацијата е онаа истата, ниту некој од управата се појави, ниту пак некој воопшто се заинтересира да ја промени. Немаме елементарни услови за тренинг и за натпревар.До колку на градот не му е потребен прволигашки фудбал, тогаш нека ни кажат и да ја прекинеме оваа агонија“ –вели капитенот на ФК Охрид, Ѓорески Сашо.
Тренерот на клубот, Драган Антиќ,кој во последните шест рунди нема пораз, вели дека состојбата во клубот е неиздржлива и дека дел од потенцијалните спонзори не сакаат да инвестираат во клубот се додека постојната Управа го води клубот.
„Жалосно е клубот да биде заложник на неколку луѓе. Штета е градот кој има услови да има суперпрволигаш кој може достоинствено да се преставува во Македонија. Срамно е за Охрид, вакви луѓе како Каланоски и Малезан да го водат клубот. На дел од фудбалерите кои се од надвор им ја скратија храната и им го укинаа смештајот, навистина жални работи“ – вели тренерот Антиќ.
За утрешниот ден закажана е средба на фудбалерите и охридскиот градоначалник Петрески на која ќе се разгледаат можностите како понатаму може да се изнајде модул за нормално функционирање на клубот.
М.П.
Управата, пак, се оградува од Антиќ
Управата пак на ФК Охрид, онаа истата која фудбалерите очекуваат што поитно да го напушти клубот, денеска се огради од изјавите на тренерот Драган Антиќ со кои го нападна судијата на натпреварот со Ренова, скопјанецот Игор Цветковски.
„Управата на ФК Охрид се оградува од изјавите на тренерот Антиќ кои веруваме се дадени во афект, а поради катастрофалното судење на Игор Цветковски на натпреварот со Ренова. Сепак, ние не можеме да ги изедначуваме сите судии во Македонија, ниту пак да тврдиме дека судењето на некои е нарачано од одредени поединци во мак-фудбалот, посебно не од Кенан Идризи. ФК Охрид сака и натаму да негува коректни односи со ФК Ренова“ - велат во свое соопштение од ФК Охрид.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2151
Кризен штаб во кој ќе влезат охридскиот градоначалник Александар Петрески, охридските советници, дел од актуелното раководство, фудбалери,преставник на навивачите, како и дел од охридските стопанственици ќе ги решават проблемите кои се наталожија во охридскиот клуб.
- Позитивни се впечатоците од денешната средба, на која видов желба да се средат работите и да почне во Охрид, да се разговара само за фудбалот. Нашата најголема подршка во овој момент е од бизнисменот Дејан Панделески, еден од сопствениците на Пелистерка, кој покри дел од примањата на фудбалерите. Ќе се формира кризен штаб кој ќе треба да стави ред во работата на клубот. Во никој случај не смее фудбалот во Охрид да биде заложник на двајца тројца луѓе во градот – рече српскиот стратег Драган Антиќ.
Во кризниот штаб ќе има место и за фудбалерите кои ќе бидат преставувани од капитенот Сашо Ѓорески. Фудбалерите уште еднаш го поддржаа тренерот на клубот Драган Антиќ. - Му се заблагодаруваме на градоначалникот што одвои време да не прими и да ги сослуша нашите проблеми. Задоволен сум од она што го слушнавме на средбата и очекувам конечно работите да тргнат на добро. Постојат луѓе кои сакат да инвестираат во спортот се надевам дека заедно со градоначалникот ќе успееме да ги надминеме овие недоразбирања – рече Александар Велески.
Преставници на навивачката група “рибари“ кои ќе бидат дел од формираниот кризен штаб, очекуваат работите да преминат од зборови на дела. - На зборови сите се јаки, сите тие искажаа подршка на клубот, но очекуваме нивните зборови да преминат на дела. Ние како навивачка група ќе останеме позади клубот и ќе продолжеме да го бодрме. Охрид во моментов го има најдобриот тренер има една од подобрите екипи во лигата и навистина штета е ваквата можност да пропадне – рече преставникот на навивачката група “рибари“.
Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески ќе биде на чело на работно тело кое понатаму ќе оставри состаноци на кои ќе се бара заеднички излез од оваа ситуација. - Фудбалерите постигнуваат одлични резултати и со полно право бараат да им се исплатат ветените плати и премии. Јас долго време бев дистанциран од клубот, бидејќи носителите на функциите така и сакаа. Во овој случај фудбалерите побараа од мене да посредувам во случувањата и да се обедиме да ги “испегламе“ работите. Сметам дека во клубот треба да се направи реконструкција, да влезат сите они кои помагале и оние кои сакаат да помогнат, вклучително и актуелната управа која успеа да го внесе клубот во Првата лига. Како што мене фудбалерите ми ги отворија вратите на клубоо, така вратите треба да останат отворени за сите добронамерници, сите заеднички да седнеме на маса да направиме еден Управен одбор кој отворено и транспаренто ќе одлучува за работите – истакна Петрески.
Мечот со Тетекс ќе се игра
Остратенет е сомнежот дека мечот со Тетекс нема да се игра. Фудаблерите попладнето одржаа трениг и ќе продолжат во вакви услови да се подготвуваат за мечот од 13 рунда. - Ќе го играме мечот со Тетеекс. Ова е голем успех за оваа млада и перспектива екипа , се надеваме на добар резултат и на нови три бода –рече Велески.
фото Емилио
М. П.
01.11.2011 14:27
Прочитана е : 463 пати
© 2011 Ohridnews.com
Сомнителен е и типов од Пелистерка.Истото го имаше и во Амак СП, си испра Венко Шапкар некое евро и го остај клубот на цедилка.Истото беше и со РК Охрид пред 3-4 и тогашниот спонзор (сега е рестартиран од бившите играчи, исто без плата чисто за клубот и одржување на спортот на апарати за дишење).Добро рекоа навивачите ,сите се јаки на збор.Нека потпишат однапред 5 годишен договор со Пелистерка и средства да се префрлени од месец на месец, без можност за користење за други намени освен за плати и набавка на опрема.Е тогаш нека бидат спонзори.