Фан Клуб: Охрид

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Браво за идејата со сезонски карти.400 ден. за есенска полусезона,супер цена.:)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Денеска против Брегалница најверојатно ќе се почнит со овие 11-мина:
Голман:
Димитри Карамачоски
Одбрана:
Александар Велески,Дарко Иловски,Егзон Белица,Сашо Ѓорески (Кап)
Среден Ред:
Наум Џалески,Немања Брадониќ,Љупчо Митревски,Христијан Димоски
Напад:
Игор Клечкароски, Антонио Каланоски
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
овде може да го гледате натпреварот Охрид-Вардар во живо
http://sportefe.com/vozivo/
Фала за линков ,се погоди за овие шо не сме по дома!
Интересно Охрид 2004....а Вардар не е 1947 ? Или се збуниле дали да пишат МиРДАР!

А кој им ја измисли ретардиранава химна нека го удает в езеро одма!
 
Член од
8 декември 2008
Мислења
643
Поени од реакции
41
Браво момци, само така продолжете, не можев баш да го слушнам навивањето, мада приметив дека цело време навивавте, димнијадата одлична, гледам најавувате гостовање у Тетово против шкендија, подршка имате, само да ве пуштат, ме интересира на почеток кога беше фрката на нашиот дел од трибината со џандарите дали дадовте подршка A.C.A.B.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Алоооо Франкфурт!!!


Охридскиот прволигаш на одреден период останува без терен


Вторник, 30 Август 2011 16:27



Деновиве на адреса на ФК ОХРИД пристигна официјално писмо упатено од луѓето кој стопанисуваат со ЈП.,,Билјанини извори'' во кое стои дека од 01.09.2011 година па се до 24.09.2011 година ќе се врши санација на теренот со нови бусени и истиот ке биде затворен за употреба.
Се прашуваме кој паметен се најде во сред првенство кога ке му текне да спроведува вакви акции никаде на светски рамки вакво нешто не се случува
ФК ОХРИД за официјални натпревари го има пријавено тој терен и сега тие ќе мораат да патуваат надвор од Охрид за да играат натпревар од првата лига се прашуваме кој ке им ги надохнади тие непланирани трошкови околу ангажирање на друг терен превоз и храна, навистина неодговорен потег на луѓето кој раководат со ова претпријатие
Сега на потег се тие како и повисоките структури на општината ова да го одложат за некој дгуг термин, или веке ако тоа мора да се направи нека се направи барем во еден разумен рок така да охриѓани би можеле следниот натпревар на домашен терен да го играат на стадионот Атина Бојаџи решение постои само некој треба тоа и да го изнајде.
Во интерес на охридскиот лигаш и многубројната публика се надеваме дека сепак охриѓани следниот натпревар како домаќини ќе го игра на стадионот во Охрид.останува да почекаме и да видиме дали постои волја каај раководството на стадионот ова да го овозможат на потег е тие.
И.Арсеноски
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Петрески : “Извинување или укинување на бенефициите за ФК Охрид 2004“

“ До колку до среда не добиеме јавно извинување за лагите и невистините упатени на наша адреса, општина Охрид ќе ги укине сите бенефиции кои ФК Охрид 2004 ги има на располагање“ – истакна градоначалникот на Охрид, Александар Петрески на денешната пресконференција како реакција на изјавите на челните луѓе на ФК “Охрид 2004“.


“Општина Охрид покрива речиси 50 проценти од буџетот на клубот, и тоа преку согласноста која ја доби клубот за обезбедување и користење на терените без надохнада, како и обезбедување на превоз на гостувањата. Наместо да бидат благодарни за сето тоа што ние го правиме тие шират клевети и невистини. “ – потенцираше Петрески.

Градоначалникот напомена дека пред стартот на сезоната во неколку наврати имал средби со челните луѓе на клубот не не` успеале да најдат заеднички јазик. - Разговаравме со челните луѓе на ФК Охрид , но за општината да влезе во тој проект потребно е да бидеме дел од Управните структури на клубот. Ние немам намера без наше сознание и увид во таа работа да да даваме пари, а некој да мести натпревари и да ги пика парите в џеб. Понудив слична соработка како онаа на советот на град Скопје и ФК Вардар и сакав да го употребам тој модел, но до ден денес одговор не добив. – рече Петрески.

Фудбалскиот клуб Охрид 2004 , причините за својата неуспех да ги бара во сопствените редови, а не во сите околни фактори, побара директорката на ЈП “Билјанини Извори“ Гордана Јованоска. - Нашето ЈП и покрај тешката финасиска ситуација во која се наоѓа им подаде рака и без никаков надомест ги ползуваат нашите услуги. Тие за своите мечеви наплаќаат влезници, и имаат некаков маркетинг на стадионот за кој наплаќат. Ние иако тие средства ни се неопходни се имаме откажано од нив. Жалосно е тоа што раководните луѓе во клубот повеќе ги интересираат личните интереси отколку добросостојбата на клубот – рече Јованоска.

Ohridnews​

19.09.2011 12:37

Прочитана е : 1354 пати

© 2011 Ohridnews.com

Какви бенефиции бе Аце???Знајме дека не си со сите ама немој јавно да се срамиш.Или немаш срам?
Какви бенефиции?Бркањето на клубот на сред сезона зш ви текнало бусени да менвите со ретардираната директорка ?
И на сите ако му е битен градот и клубот не ќе се јадат за места во Управен Одбор ,туку ќе го одврзат кесето мислам и на Управата и на Општината.
А не само да се јадат едни со други за интереси шо не се спортски!

Охрид после 17 години доби фудбалски прволигаш, но клубот нема поддршка од општината

17.09.2011 - 14:42 |
Претпладне кучиња вршат физиолошки потреби, попладне фудбалерите на ФК Охрид 2004 тренираат. Во вакви услови и на ваков терен се подготвуваат играчите на охридскиот прволигаш.
Само оваа сезона на тренинг се повредиле 5-мина првотимци. Дури и кога ја користат оваа “ливада” како што ја нарекуваат од клубот, потпишувале за да бидат префрлени пари на јавното претпријатие кое стопанисува со терените.
- Дали младинци, јуниори или првиот тим после секој обавен тренинг потпишува заклучница за да префрла пари на локалната самоуправа - вели Илче Коланоски, директор на ФК Охрид 2004.
На стадионот им било дозволено да тренираат само еднаш неделно. За користење на главниот терен кога е подготвителен период за пријателски натпревари заедно со гостите плаќале по 10.000 денари.
Охрид после 17 години чекање има клуб кој се натпреварува во Првата фудбалска лига, но од управата на клубот се жалат дека немаат доволно поддршка од општината.
- И покрај тоа што градоначалникот даде изјава во медиумите дека ќе го спонзорира ФК Охрид 2004 со зголемување на буџетот за 100.000 евра и второлигашот Охрид Лоте со 50.000 евра, сеуште нема ништо од тоа - вели Гоце Малезан, претседател на ФК Охрид 2004.

- Жалосно е зошто целиот град не застанува позади ФК Охрид, тој е единствен прволигаш овде и треба да помогнат и општината и градоначалникот и хотелиерите - вели Драган Антиќ, тренер на ФК Охрид 2004.
Александар Динев
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.381
Поени од реакции
25.151
Кинит Клечкаров од слободни :icon_lol:.
Ајмо враќање во игра, 1-1.
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Фудбалерите на Охрид 2004, незадоволни од неисплатените плати и премии не го одржаа планираниот петочен тренинг и се закаана дека нема да го играат неделниот натпревар против 11 Октомври на домашен терен.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Фудбалерите на Охрид 2004, незадоволни од неисплатените плати и премии не го одржаа планираниот петочен тренинг и се закаана дека нема да го играат неделниот натпревар против 11 Октомври на домашен терен.
Пак штрајк.Болна работа се овие таканаречениве фудбалски работници кај нас.Зато Толески не дојде ,Бочески исто за тренер итн итн.

Фудбалерите бараат Управата да го напушти ФК Охрид 2004


Неисполнати обрвски, неисплатените премии и плати на Управата на ФК Охрид 2004 кон фудбалерите ги примора “белите“ на штрајк. Претпладнево фудбалерите заедно со тренерот Драган Антиќ, одржаа прес-конференција на која го изнесоа својот став.





„Фудбалерите на Ф.К. Охрид 2004 би сакале да ја запознаат пошироката јавност со случувањата и мрачната атмосфера што ни ја создаваат неколку луѓе од управата на клубот, која трае веќе подолго време. Пет месеци немаме примено плата, ни се должат премии, договори и награда за влез во Првата македонска фудбалска лига. Бевме лажени секој ден од управата на клубот дека ќе бидеме подмирени, а ние како професионалци максимално ги извршуваме зададените задачи, но за возврат останавме со празни раце. Оставени бевме сами на себе не само на финансиски план туку и не беа способни да ни обезбедат основни услови за тренинг. Ни недостасуваа терени, топки и импрозиравме. Ние фудбалерите не сакаме да бидиме заложници на неколку луѓе од управата и затоа јавно ги замолуваме да го напуштат клубот и да поднесат оставки, а раководењето со клубот да ни ги препуштат нас на фудбалерите од ФК Охрид. Во една ваква ситуација барем ќе знаеме дека играме за себе, со љубов кон клубот а не за ќеф на некои луѓе кои не го заслужуваат тоа. Воедно сакаме да упатиме апел до градоначалникот и советот на општина Охрид, и на оние сите на кои ФК Охрид му значи нешто ако имаат можност на било како начин да помогнат и да застанат на страната наша и да го потркрепат нашиот апел за помош“. - рече капитенот Саше Ѓорески.



Фудбалерите од ФК Охрид ги поддржа поранешниот претседател на клубот, Делчо Максимоски кој истакнаж

-Сакам да ги замолам сите спортски работници и таткото на градот г-динот Александар Петрески да се инволвираат во овој проблем кој е настанат поради упрвата на клубот. Јас лично моментално го живеам сонот кога го гледам ФК Охрид во Првата лига. Жално е тие што управуваат со клубот неможат. Ние сме легитимно Собрание, а ФК Охрид ни беше одземен на нелигитимно Собрание без доволен број на делегати, а се потпишуваа некои “трети“ личности кои немаат допирна точка со фудбал. Поради тоа ние сме на суд со моменталната управа на клубот. Кога правдата ќе биде задоволена ќе овозможам да се повика вондредно Собрание и ќе замолам сите кои сега фигурираат во клубот како управа да си заминат - изјави Максимоски.




На прес-конфернцијата присуствуваа и претставници на навивачката група “Рибари“, кои го иснесоа својот став.

- Оваа вест за нас е шоканта, ние сме тука да го бодриме клубот во добро и лошо. Навистина нема смисла двајца членови кои се во управата да го кочат клубот во неговата намера. Како симпатизери на ФК Охрид сакаме и понатаму клубот да се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига и сите заедно да уживаме во фудбалот – изјави предводникот на навивачката група “Рибари“, Дејан Дишлиески.


Мх.П.​


13.10.2011 14:49​

Прочитана е : 726 пати​




© 2011 Ohridnews.com
 

Kajgana Shop

На врв Bottom