Фан Клуб: Охрид

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Дојдоа: Горазд Михајлов (тренер), Филип Дурански (Славија Прага, Чешка), Климент Настоски (Поградец, Албанија), Мартин Блажевски (Металург), Стефановиќ (Србија), Бубоња (Словенија), Јаколиќ (Србија), Ајровиќ (Србија), Цветановиќ (Србија), Јовановиќ (Србија).
Заминаа: Драган Антиќ (тренер), Сашо Ѓорески (11 Октомври), Христијан Димоски (Металург), Филип Митревски (Металург), Дејан Костуранов (Македонија ЃП), Горан Пројков (Тиквеш), Александар Велески, Љупчо Митрески.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
:(
Фудбалските натпревари во Охрид некогаш биле празник
На 8 август 1973 година , на стадионот “Грашница“ беше одигран веројатно најголемиот натпревар во историјата на Фудбалскиот клуб Охрид. Во градот под Самоиловата тврдина гостуваше Борац од Бања Лука во рамки на 16 финалето од купот на Југославија, за Титовиот трофеј.


- Беше празник, пеколна атмосфера, имавме 3-1 предност но несреќно изгубивме со 4-3.. Тогашниот градоначалник Љупчо Бале, кој знаеше дека ќе има многу публика, набија земја позади головите и така се собра многу народ– се присеќава тогашниот тренер на “белите“ Кире Заро.

- За тој меч продадовме 4200 карти и тоа по цена од 100 динари, а не мечот на Грашница имаше околу 6000 илјади гледачи, додава капитенот Војо Спасески.

- Кога бевме на ручек во Летница, музиката свиереше само за нас, а луѓе од целиот град доааѓаа да се поздравуваат и да ни дадат подршка. Дури според некои имало и околу илјада луѓе на охридското кале, од каде го следеле мечот. Цела недела тогаш се зборуваше само за тој меч, луѓето живеаа за ФК Охрид. Уште откако се дозна за противникот атмосферата беше вжештена. Но она што беше најважно е тоа што луѓето кои го водеа клубот знаеа да направат атмосфера, сега тоа го нема – истакна Насте Мише, кој беше дел од тој легендарен меч за ФК Охрид.


Охриѓани тогаш настапија во состав Матоски, Мише, Мариноски, Тасески, Јосифоски, Костов , Арнаудов, Шиановски, Маслов, Спасески и Мојсоски. Стрелци на головите биле Арнаудов, Спасески и Мојсоски.

Борац, тогаш само што влезе во Првата Југословенска лига и имаше неколку репрезентативци во својот состав, Јантољак, Фазлиќ, Ковачевиќ, а за нив играше и Смилевски Зоран кој подоцна беше и тренер на повеќе македонски клубови,велат нашите соговорници.
- Еден од клучните моменти беше при резултат 3-1 за нас, јас ја враќав топката од центар кон нашиот голман, но Ковачевиќ кој беше многу брз стигна пред Матоски и нашиот голман го собори надвор од казнетиот простор, а судијата едвај чекаше да покаже на белата точка – рече Спасески

- Од тој момент натаму, комплетно доминираа гостите од Бања Лука, кои беа далеку поспремни од нас, ние имавме само 8 тренинзи до тој меч, вели Анастас Мишев

- Во финишот на мечот имавме убава прилика но наместо голот, го погодивме дирекот, тогаш тие направија контра напад и погодија за 4-3. Бевме изморени,и до ден денес не можам да сватам како ја испуштивме таа предност , победникот на тој меч ќе играше со Вележ во Мостар. Ах да победевме ќе го донесевме и Вележ во Охрид, се присеќава Заро.



Попатно до тој меч Охрид го совладал кавадаречки Тиквеш, и тоа благодарение на Киро Заро кој успеал да ги убеди да дојдат во Охрид да го одиграат мечот.

- Победивме со 4-2, додека во републичкото финале со 3-1 го победивме Куманово, ние бевме среќни што го имавме за тренер Киро Заро, кој како мотиватор му е рамен на еден Ќиро Блажевиќ - рече Спасески.

Охрид заедно со прволигашот Вардар биле едниствените македонски преставници во тоа 16 финале.

М.Постоловски

13

09.08.2012 08:15​

Прочитана е : 1899 пати​


© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom