Леонардо најавува револуција во Милан
Новиот менаџер на Милан, Леонардо Араухо, откри како ќе работи и за што ќе се залага на клупата на тимот од „Сан Сиро“. Играта и забавата ќе бидат на прво место.
„
Имам намера да ангажирам двајца способни помошници кои би ми помагале со техничките информации.“ - изјави досегашниот спортски директор на Милан додавајќи дека од играчите ќе бара да играат атрактивен фудбал, и дека тоа ќе може да го направи благодарејќи на деталната база на податоци за физичката подготвеност и изведбата на секој од своите играчи.
„
Идејата е тренинзите да се работат со топката за да се создаде тим кој ќе е брз со неа. Стилот на Милано нема да го менуваме. Составот 4-3-1-2 е нашиот идентитет, но ќе биде подложен на ситни промени. Сакам да играме пред се на забавен и напаѓачки начин.“ - додаде тој.
Улогата 40-годишниот Бразилец, освојувачот на свестката титула со Бразил во 1994-та година во САД, италијанските новинари ја споредуваат со онаа на 38-годишниот Хозеп Гвардиола, кој, иако без менаџерско искуство, започна феноменално да работи во Барселона и клубот од „Ноу Камп“ го доведе до историски успех. И од Леонардо се очекуваат слични ако не и идентични резултати.
„
Денеска е нормално сите да зборуваат за Барселона, поготово ако се знае што се случуваше во истиот тим пред само една сезона. Но, мојот стил нема да се основа на нечиј друг. Тоа ќе биде мој сопствен стил.“ - порача тој.
Составот на Бразил за СП во 1982-та година, кои го предводеа Сократес, Зико, Фалсао, Џуниор, Едер и Тонињо Церезо, Леонардо го смета за еден од најдобриот кој некогаш бил заедно, додека за селекторот на англиската репрезентација Фабио Капело го смета за најдобар менаџер во историјата на фудбалот.
Да се задржи Кака и да се „разбуди“ Роналдињо во идната сезона се двата приоритети кои си ги постави Леонардо: „
Кака, како и останатите големи играчи, ќе бидат на мета на останатите клубови. Би ме чудело да е обратно. Дефинитивно е многу важно да го задржиме во нашиот тим. Тој е изворот на сите акции на овој тим. Роналдињо? На него забележувам голема желба повторно да ја открие својата најдобра форма.“
На прашањето кое засилување ќе го бара од клубот, Бразилецот одговори не сосема сериозно: „
Лионел Меси и Кристијано Роналдо!“ Од менаџерската функција Леонардо ќе го задржи и овласти спортскиот директор. Токму таа должност ја вршее во последните година дена.