Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Кака после 6 сезони заминува, сепак на последниот натпревар даде гол. :)
Ооо грефчиња, уште ли верувате во тоа:smir:
Поготово сега кога има најголеми шанси да му се исполни најголемата желба...да стане капитен ти мислиш он ке си иде:pos:
Тука му се и Лука и Каролине не трча он по пари и титули т.е во Реал нема ништо од овие две работи.


Вчера гледав делчиња од натпреварот и заминувањето на Малдини:cry:
Сега го гледав повторно и солзи ми течеа:cry:
Ке ми фали преееееемногу!


и...
ке полудам 3 месеци без фудбал:icon_lol:
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола преговара со Паоло Малдини. Му нуди место покрај себе на клупата


доколку е вистинито... стварно интересна понуда :)



едит - Официјално: Челзи го потврди Анчелоти за нов тренер


ајде, се отвараат можности за нови промени и во Милан (сидорф да си иде а да дојде некој од Челзи :))
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Еве го првото интервју на Анчелоти на англиски(не е лош :) )
Се заблагодарува на челниците на Милан,играчите,фановите...
И пак викам,нека му е со среќа и нека има успеси со Челзи!
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Прво, честитки за Леонардо.Да се надеваме дека добро ќе се снајде околу Милан и неговите играчи, ќе ги искористи квалитетите со кои располага Милан и конечно ќе имаме една перфектна сезона.
Потоа, иако Анчелоти сезонава се покажа во најлошо светло и не го раководеше тимот како што треба, ни ги искина сите живци при натпреварите и така натака, сепак му посакувам среќа во Челзи, конечно и на него да му тргне.
За натпреварот вчера,
Немаше некоја ептен развиена игра, но сепак забележав и дека не стоиме како здрвени Марии, а многу пати сме стоеле така:).Бекам, навистина сакам да остане.Дечкото има јаки добацувања, особено при асистенции на голови.
Кака даде убав гол, иако според мене многу прост:).
Пато, одлично изиграно, тој е надежта во Милан моментално и дефинитивно очекувам од него наредна сезона да блеска уште повеќе.
За одбраната, па океј, беше солидна, но никого немам посебно да издвојам.
Се на се', добра игра како последен натпревар за оваа сезона:).
Срцето ми рипна кога го видов Неста на терен, а камоли Гатузо:vozbud:.Се избричил, се натуфкал, мхмхмх:vozbud:.
И секако, и јас да оддадам почит за нашата легенда Паоло Малдини, добар соиграч и одличен фудбалер.Жал ми е повеќе што нема да го гледам на натпреварите на Милан, но бар се надевам ќе биде нивни посетител:).

Еми, тоа е.Наредна сезона, дефинитивно ќе имаме повеќе среќа:pipi:.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.278
Поени од реакции
8.443
Официјално: Милан го презентираше Леонардо за нов тренер

Само половина час по официјалната потврда на Челзи дека Карло Анчелоти ќе биде нивниот нов стратег, Росоњерите на прес-конференција го презентираа Лонардо за нов тренер

Дозволети ми најпрво да ја изразам големата љубов и приврзаност што ја чуствувам кон овој клуб.” – рече Бразилецот. “Ова е одлична авантура, посебен ден за мене, комплетно поинаква ситуација од она што сонував како дете.”
“Јас сум во клубот веќе 12 години и да го наследам Карло Анчелоти е нешто навистина посебно и многу важно.”
“Имаше специјален однос помеѓу нас.”
“До пред шест месеци воопшто не ни помислував дкеа можа да бидам тренер, бев многу близок со Анечоти.”
“Но потоа сите работи еволуира во таа насока. Но се беше одлучено заедно, беше потребно да го сториме тоа.”
“Имаше време за разговори, додатни прашања и на крајот дојдовме до ова решение. Анчелоти е тиј што ме охрабри да ја прифатам работата.”
“Базата на мојата работа ќе биде смиренот пожртвуваност и голем напор.”
Леонардо откри дека ќе продолжи да работи со Тасоти како помошник тренер и навести дека е можно да има промени во тактиката за следната сезона.
“Мауро Тасоти ќе остане со мене. Сакам да работам и со уште двајца помошници, Кастелаци и Малдера. На тренинзите сакам повеќе да ја употребуваме топката.”
“Сакам тим кој добро ја движи топката и има повеќе посед на средината од теренот и портивничката половина.”
“Формацијата 4-3-1-2 е нашата базична тактика и наверојатно таа ќе биде променета. Мислам на повеќе офанзивна и позабавна игра.”
“Ќе има неколку играчи што ќе заминат и неколку што ќе пристигнат.”
“Иднината на Кака? Тој исто како и многу други шампиони е мета на неколку клубови бидејќи е извонреден фудбалер. Секако дека се надевам на негово останување.”

Извор 24фудбал
го имате и видеото на официјалната
ај нека ни е честито
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Со среќа нека ви е со Леонардо. Сепак тој е поранешен играч на Милан и ја знае екипата како дише и верувам дека ќе знае да се справи со притисокот кој го носи тренерското место. Ви посакувам многу успех во иднина.
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.523
Поени од реакции
5.515
“Сакам тим кој добро ја движи топката и има повеќе посед на средината од теренот и портивничката половина.”
“Формацијата 4-3-1-2 е нашата базична тактика и наверојатно таа ќе биде променета. Мислам на повеќе офанзивна и позабавна игра.”
“Ќе има неколку играчи што ќе заминат и неколку што ќе пристигнат.”
Ова сакав да го прочитам :eek:jea:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Ај повеќе успеси со Леонардо се надевам на добри бразилски играчи,отворена игра со многу голови и добра за око,да си заминат некој стари играчи и носење на млади!
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
Фала Миланез супер сликичиња.

Ајде нека ни е со среќа Леонардо, ми га разубае денот со реченицава
“Формацијата 4-3-1-2 е нашата базична тактика и наверојатно таа ќе биде променета. Мислам на повеќе офанзивна и позабавна игра.”
“Ќе има неколку играчи што ќе заминат и неколку што ќе пристигнат.”
Едвај чекам сега да почне сезоната.
Аи на Карлето нека му е со среќа едвај чекам и него да го видим у Англија, Челзи ионака ми беше еден од омилените тимови у Премиер со Њукасл заедно :kesa:
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.523
Поени од реакции
5.515
Кака после 6 сезони заминува, сепак на последниот натпревар даде гол. :)
Ако замине Кака, заминувам и ја со него од КГН... ама ако не замине заминуваш ти :icon_lol:
 

Џенаро Гатузо

Pippo per Sempre
Член од
3 јануари 2008
Мислења
2.797
Поени од реакции
38
Нема шанса Есиен да си оди од Челзи сигурен сум !

Очекувајте од наредна сезона нова игра нова тактика на Милан,осеќам Бразилецов ќе внесе нешто ново после 8 години нова формација....уффф сеа сакам да почне сезонава одма:tv:
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Официјално: Милан го презентираше Леонардо за нов тренер

Само половина час по официјалната потврда на Челзи дека Карло Анчелоти ќе биде нивниот нов стратег, Росоњерите на прес-конференција го презентираа Лонардо за нов тренер

Дозволети ми најпрво да ја изразам големата љубов и приврзаност што ја чуствувам кон овој клуб.” – рече Бразилецот. “Ова е одлична авантура, посебен ден за мене, комплетно поинаква ситуација од она што сонував како дете.”
“Јас сум во клубот веќе 12 години и да го наследам Карло Анчелоти е нешто навистина посебно и многу важно.”
“Имаше специјален однос помеѓу нас.”
“До пред шест месеци воопшто не ни помислував дкеа можа да бидам тренер, бев многу близок со Анечоти.”
“Но потоа сите работи еволуира во таа насока. Но се беше одлучено заедно, беше потребно да го сториме тоа.”
“Имаше време за разговори, додатни прашања и на крајот дојдовме до ова решение. Анчелоти е тиј што ме охрабри да ја прифатам работата.”
“Базата на мојата работа ќе биде смиренот пожртвуваност и голем напор.”
Леонардо откри дека ќе продолжи да работи со Тасоти како помошник тренер и навести дека е можно да има промени во тактиката за следната сезона.
“Мауро Тасоти ќе остане со мене. Сакам да работам и со уште двајца помошници, Кастелаци и Малдера. На тренинзите сакам повеќе да ја употребуваме топката.”
“Сакам тим кој добро ја движи топката и има повеќе посед на средината од теренот и портивничката половина.”
“Формацијата 4-3-1-2 е нашата базична тактика и наверојатно таа ќе биде променета. Мислам на повеќе офанзивна и позабавна игра.”
“Ќе има неколку играчи што ќе заминат и неколку што ќе пристигнат.”

“Иднината на Кака? Тој исто како и многу други шампиони е мета на неколку клубови бидејќи е извонреден фудбалер. Секако дека се надевам на негово останување.”
ај нека ни е честито
Ми се свиѓа изјавава на Леонардо...Посебно болдираниот дел(се знае:))Едвај чекам да видам како ќе ја постави играта и како ќе играме наредната сезона.
А ми се допаѓа и делот за Анчелоти.Тоа што Анчелоти и Милан се разделија,а останаа во добри односи.Мислам дека никој не би сакал,подоцна,стариот тренер да плука управата и раководството на екипата.Како што се случуваше низ светов.:)
Ме интересира сеа каква ќе биде трансфер-политиката.Знаеме дека Анчелоти многу ретко искажуваше желба дека сака да се донесе некој играч...Сакам да видам сеа како ќе се понаша Леонардо...И баш да видам кои ќе бидат тие неколкумина што ќе останат,а кои ти што ќе си заминат...:)

Како беше тоа од Барса : In Pep we trust! Нашето сеа треба да е : In Leo we trust!! :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom