Со еден друг проблем од минатото се соочуваме, и на два памети сум како би било правилно да се постапува. Прост пример е платата на Њуњез на пример. Во ливерпул ке игра за 120,000 фунти неделно. Од Јунајтед неговите агенти барале далеку поголема плата. Кога Јунајтед прашува за играч, цената е 75 милиони фунти, за истиот играч потоа да направи трансфер за 50 милиони фунти.
Ова е Еd Woodward legacy, од кој многу тешко ке се отарасиме во скоро време, а почна со оној екстремно глуп трансфер на Фелаини, кого наместо да го купиме за 15 милиони фунти до одреден датум, ние чекавме последен ден од преодниот рок, и мислам дека дадовме 30 милиони фунти. Фактот дека имаме управа со длабок џеб и нула преговарачки сенс само го зацементираа трансферите на Погба, Лукаку и Мегваер, каде се преговараше до последен ден да се спушти цената, и на крај плаќаа и повеќе од што треба, пропратени со прави саги за скоро секој потпишан играч. Затоа и преклани Дортмунд се обиде да не истриже барајки 130 милиони за Санчо, мислејки дека има доволно глупи во управата за да го искешираат, базирано на претходни искуства.
Затоа и денес управата на Барселона мисли дека Јунајтед прв ке потклекне во тоа преговарање околу сумата, иако на Барселона очајно им требаат пари, но мислат дека и понатака Ед Вудвард ги плаќа играчите. Гледам дека се враќаат по Левандовски, а мора да ослободат место за неговата плата. Де Јонг има голема плата, што уште повеќе ме убедува дека ке го продадат летово, без оглед на неговата волја.
Од аспект на Јунајтед, иако до некаде ги оправдувам што не сакаат да повеќе да бидат овци за молзење, уште многу време ке треба да помине за да смени општата перцепција дека имаме пари, a мозок и know how ни за лек. Прост пример е Марота, прва асоцијација, купување на играчи за кило семки. Паратичи кај Тотенхем слично. Луис Кампос, способен да комплетира трансфер во кратко време и тоа квалитетни играчи. Ке им го собере Ренато Санчез на Милан. Во Јунајтед не се знае кој ги договара трансферите, па мора онака, како од погоре, на пиво да се дознава кој ја носи финалната одлука.
Нас очајно ни фалат играчи, и не знам дали го имаме тој луксуз да се правиме паметни со парите и да ја менуваме општата перцепција. Особено што Де Јонг е круцијална карика во она што наводно Тен Хаг го има замислено за Јунајтед.
Прееска видов, 82 играчи до сега поврзани со Јунајтед летово. Се користи Јунајтед и фактот дека имаат пари и даваат високи плати буквално за се. Да се пумпаат суми на трансфери, да се вади поголема плата(Здраво Серхио Рамос), да се убрзаат трансфери.
И секое лето е исто, демек кажуваат мала цифра на почетокот на преодниот рок со која имаат да располагаат, и на крај пак им бараат од другите клубови улави цифри.
