Jас сум искрено шокиран од ова што се случува. Не сакам генерално да кревам паника, и да наседнувам на новинраски глупости од типот ПСЖ ни го зеде Витиња пред нос, ама ова што се случува овој преоден рок ми е несфатливо. Носиш нов менаџер, нова енергија, и сега наместо да му дадеш некое забрзување на процесот на стварање нов тим, не купуваш никого. Моменталниот ростер е едноставно недоволен за сериозни резултати во ПЛ. Десен бек, дефанзивен играч од средината едноставно мора да се купат, а одлично би дошло и ново десно крило како и резерва за Бруно. Шпиц мислам дека нема потреба да се купува.
Само се надевам ќе изненадат со два-три трансфери наеднаш, од нигде никаде, како што изненадија со купувањето на Ван Де Бек.