Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.017
Поени од реакции
10.366
Да видиме колку е точно али се сомневам да имше 200 мил Нуњез ќе беше наш играч.
Нека дојде 2ри Септември па ќе видиме како кажува есапот.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.004
Поени од реакции
7.161
Се крчка Нејмар, ви викам јас :unsure:
Зинативе за пари и во оваа ситуација гледаат како повеќе да заработат медиумски и маркетиншки. И тој е 30 год веќе и сега му е право време да заигра во ПЛ.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
33.014
Поени од реакции
67.916
Со еден друг проблем од минатото се соочуваме, и на два памети сум како би било правилно да се постапува. Прост пример е платата на Њуњез на пример. Во ливерпул ке игра за 120,000 фунти неделно. Од Јунајтед неговите агенти барале далеку поголема плата. Кога Јунајтед прашува за играч, цената е 75 милиони фунти, за истиот играч потоа да направи трансфер за 50 милиони фунти.

Ова е Еd Woodward legacy, од кој многу тешко ке се отарасиме во скоро време, а почна со оној екстремно глуп трансфер на Фелаини, кого наместо да го купиме за 15 милиони фунти до одреден датум, ние чекавме последен ден од преодниот рок, и мислам дека дадовме 30 милиони фунти. Фактот дека имаме управа со длабок џеб и нула преговарачки сенс само го зацементираа трансферите на Погба, Лукаку и Мегваер, каде се преговараше до последен ден да се спушти цената, и на крај плаќаа и повеќе од што треба, пропратени со прави саги за скоро секој потпишан играч. Затоа и преклани Дортмунд се обиде да не истриже барајки 130 милиони за Санчо, мислејки дека има доволно глупи во управата за да го искешираат, базирано на претходни искуства.

Затоа и денес управата на Барселона мисли дека Јунајтед прв ке потклекне во тоа преговарање околу сумата, иако на Барселона очајно им требаат пари, но мислат дека и понатака Ед Вудвард ги плаќа играчите. Гледам дека се враќаат по Левандовски, а мора да ослободат место за неговата плата. Де Јонг има голема плата, што уште повеќе ме убедува дека ке го продадат летово, без оглед на неговата волја.

Од аспект на Јунајтед, иако до некаде ги оправдувам што не сакаат да повеќе да бидат овци за молзење, уште многу време ке треба да помине за да смени општата перцепција дека имаме пари, a мозок и know how ни за лек. Прост пример е Марота, прва асоцијација, купување на играчи за кило семки. Паратичи кај Тотенхем слично. Луис Кампос, способен да комплетира трансфер во кратко време и тоа квалитетни играчи. Ке им го собере Ренато Санчез на Милан. Во Јунајтед не се знае кој ги договара трансферите, па мора онака, како од погоре, на пиво да се дознава кој ја носи финалната одлука.

Нас очајно ни фалат играчи, и не знам дали го имаме тој луксуз да се правиме паметни со парите и да ја менуваме општата перцепција. Особено што Де Јонг е круцијална карика во она што наводно Тен Хаг го има замислено за Јунајтед.

Прееска видов, 82 играчи до сега поврзани со Јунајтед летово. Се користи Јунајтед и фактот дека имаат пари и даваат високи плати буквално за се. Да се пумпаат суми на трансфери, да се вади поголема плата(Здраво Серхио Рамос), да се убрзаат трансфери.

И секое лето е исто, демек кажуваат мала цифра на почетокот на преодниот рок со која имаат да располагаат, и на крај пак им бараат од другите клубови улави цифри. :pos:
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Дајте бе барем некоја шпекулација напишете да си го лажеме умот. :D
За денес издвојуваме, Санчо е фатен на плажа во дрес на Јунајтед се шпекулира дека ептен е заљубен во клубот, и оваа сезона ќе блесне.
*Рашфорд тренира и не одмара , решен е да ја врати формата локацијата каде тренира не се открива ама се шпекулира дека е во Мајами.
*Некој повеќе инфо?
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.004
Поени од реакции
7.161
Дајте бе барем некоја шпекулација напишете да си го лажеме умот. :D
Заследи го United Stand каналот на youtube, имаш шпекулации секој ден да си слушаш уз ручек
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.014
Поени од реакции
67.916
За денес издвојуваме, Санчо е фатен на плажа во дрес на Јунајтед се шпекулира дека ептен е заљубен во клубот, и оваа сезона ќе блесне.
*Рашфорд тренира и не одмара , решен е да ја врати формата локацијата каде тренира не се открива ама се шпекулира дека е во Мајами.
*Некој повеќе инфо?
Koлку се мизерни тие видеа што ги пласира неговиот ПР тим... ама добро, има добар дел од фан базата која ке му го заборави куроболието на теренот од минатава сезона. Све може да прифатам, ама не и некој да не се труди и да не сака да трча, колку и да е лоша ситуацијата со клубот.

Уште се надевал дека му фали добар man management за да се врати во топ форма и дека Тен Хаг е решението. Можеби и е, ама она од претходнава сезона тешко се заборава. Неверојатно е колку еден играч од омилен, може да ти стане онака, сеедно што ке се случи со него.
 
Точно се согласувам, ама не треба да се заборават и други играчи, сите беа мизерни овој да цела сезона кај нас и Бруно фејлна Мектоминеј и Бисака и Мегваер ако веќе сме реални ако збориме за база играчи и главни , не е само еден крив. Погба не го споменувам не му се ни играше а не ни играше, 37 годишен играч ни е најдобар играч и тоа треба да значи не малку туку многу
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868

Да, ама Бруно и ко беше најлош на терен даваше 100%, бркаше напред и се нервираше. А Рашфорд си го ладеше, се влечеше на терен.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.434
Поени од реакции
7.148

Прво сите овие се дојденци во Јунајтед, а овој е дете на клубот. Второ, иако овие сите имаа некој повеќе некој помалку лоша сезона, не може да им се оспори залагањето. Ни еден од овие играчи не прикажа ни 1% од куроболието кое го прикажуваше Рашфорд константно. Она срамно, буквално одење на терен, кога треба да брка играч, да се врати назад да покрие, да се бори после изгубена топка, не може со ништо и никој да се спореди. Му бегаа играчи на крило, ствараа вишок кај бекот, а овој воопшто не се ни трудеше да се врати. Исто и кога играше централно.
Бруно и Мек Томиинеј имаа лоша сезона, ама никој не може да им го спори залагањето. Бисака исто лоша сезона, Мегваер катастрофална сезона. Еден тон неизнудени грешки, плус капитен. Ама во ни еден момент не можеше да го видиш да оди по терен, онака тотално незаинтересиран за утакмицата, да делува дека воопшто не сака ни да биде на терен или воопшто на стадион.
 
Ок само јас колку јадев слатки за него, и сеа еден пост и одма се личи као да го бранам.Не е така мизерен е, да, ама и сите други беа освен 37 годишниот.
Брат ми, тоа не е баш така, јас се сомневам у квалитетите на Бруно, и сакам да ми пишеш другата гпдина овоа време и да ме демантираш а Бруно да биде најјак од сите...
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.017
Поени од реакции
10.366
Освен Де геа и Роналдо немам аргументи никого да го правдам за преходната сезона сите други паднаа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom