Тоа е тоа. највеќе боли пораз во финалето отколку во полуфинале или четвртфинале. како и да е честитки до барселона, подобра екипа беше, доминираше во целиот натпревар, манчестер требаше да се спротистави подобро, но за жал денеска како да не играше вистинскиот манчестер јунајтед.
после првиот примен гол како да се изгубија на теренот.
кога ќе постигне гол меси покрај 2 играчи во одбрана како фердинанд и видич, тогаш мора да се признае дека манчестер денеска беше катастрофа, можеби најслабата партија во сезоната (покрај онаа против ливерпул на ОТ). тогаш кога беше најпотребно да се изигра на највисокото ниво, играчите не одиграа ни на просечното ниво.
кога ќе размислам подобро, немаше ниеден играч кој се издвојуваше денеска. сите беа испод ниво.
ќе беше прекрасно чувството да ја освои 2 пат по ред титулата, но што е тука е. главите горе, и
LONG LIVE UNITED !!!!!!!!!!!!!!!