Реина........
Џонсон беше катастрофален денес, едноставно ниту еден центаршут како што треба а сепак упорно се местеше на таа пуста лева нога која очигледно му служи само за подпирање.
Енрике.... деконцентриран, потроши премногу време обидувајки се да се ослободи од своите чувари.
Агер/Шкртел, можеби најдобриот двоец на штопери во лигата, но сепак во брзањето и форсирањето на играчите пред себе денес на моменти изгледаа ранливи посебно кога немаат играч пред себе.
Хендерсон не би рекол дека беше одличен, но сепак можам слободно да констатирам дека и те како се гледа подобрување од утакмица во утакмица. Многу интелегентен играч.
Адам едноставно катастрофален. 3 утакмица по ред во која прави несфатливи грешки. Немам зборови!
Џерард....и да не игра добро, самата појава на теренот го дига целиот тим на едно повисоко ниво.
Даунинг имаше преку 10 добри продори, сепак желбата и фрустрацијата не му дозволија да додаде кога треба или пак да шутира кога треба. Се на се добра негова партија пак!
Макси... можеби го немаше цела утакмица, и изгледаше како да имаме играч помалку. Но сепак човекот едноставно е роден стрелец. Секогаш на вистинско место. Но не смееме да си дозволиме играч помалку на теренот.
Белами.... не знам зошто воопшто влезе, која е поентата на 7-8 минути пред крајот. Сепак се виде дека требаше тој да биде стартер а не Макси.
Суарез.... мислам дека треба да се размислува за психолог. Има преголема фрустрираност во него поради постоот од голови. Башка прегорува од желба за постигнување на гол а тоа го кошта целиот тим и те како скапо. Мора да се размислуваа за промена на неговиот пристап на игра.
Керол ме изненади и те како. Неговото вракање назад, неговата желба за докажување. Но сепак ТОЈ НЕ Е ИГРАЧ НА КОГО МОЖЕ ДА СЕ ПОТПРЕ ЦЕЛИОТ ТИМ. Зарем треба да го пуштаме само со екипи кои имаат метар и жилет висока одбрана. Самба едноставно не му дозволи ни да трепне...
САМБА..... ИГРАЧ КОЈ МОРА ДА ГО ИМАМЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА!
Кени Даглиш..... го знам мотото (ако не не подржувате кога губиме тогаш не не подржувајте ни кога победуваме)...... сепак јас сакам да кажам дека полека се докажува она од кое јас се плашев.
Застареноста и затупавеноста на неговите методи. А тоа се случува токму поради фактот дека тој немаше екипа едно добро 10 години.
Кога веке имаш формација 4-4-2 не смееш да си дозволиш Крилото да ти игра АМЦ, а Бекот крило. Макси Родригез не смееше да игра на крилната позција во ваква формација. Тој не е играч од кого може да се очекуваат центаршутеви а посебно не кога тој нема Лева нога.
И да во формација 4-4-2 не се стават Крила на спротивни страни, затоа што тоа крило нема да влегува и да сече према гол кога во 16 метри веке имаш двајца од кој едниот му штрчи главата над сите. Нормално ке биде доколку Макси и Даунинг играа на спротивните страни.
Суарез не смее да игра пред Керол! (ова ке го нашишам со големи букви ама ке ја претерам)
Тој мора да е во секој момент па дури и во транзиција од одбрана во напад, да биде позади Керол. Нешто во стилот на АМЦ (сите играме Ф Менаџер).
Играњето на Суарез пред Керол, го прави Керол совршено непотребен. Неможе од него да се очекува се открие за пас или пак да додаде топка во празно. Тие улоги мора да се променат.
И за крај........ ке му пишам мејл на Кени, чисто онака да го прашам која е поентата со измените во 75+ минута?