Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
Член од
10 февруари 2008
Мислења
845
Поени од реакции
447
Не е точно. 99 од 100 шутеви како на Керол двата голманите не успеваат да ги одбранат. Ето ти два гола.
Керол воопшто не беше крив што му одбрани голманот. Барем во 94та минута, стрелаше онаму кај што треба....
Никој не е крив, а ние си губиме ли бодови си губиме. Него за шансите криви се играчите што не знаат да ги искористат не може секогаш ние да немаме среќа и голмани се да се криви што не даваме голови.
Во јануари сега мора да купиме некој напаѓач кој ке знае да искористи шанса како на пример еден од овие 25 шута кои ги имавме на овој натпревар.
Едниствено нешто позитивно од овие последни два натпревара е што Даунинг игра многу подобро на десната страна и што се врати Џерард
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.990
Се сложувам .. не може секогаш ние да немаме среќа или голманите да се растураат. Не може ајде прво полувреме ќе го спиеме како денес .. па у 2ро ќе ни текне дека сме Ливерпул , дека играме против мизерна екипа .. па коа гори под газот да брзаме да дадеме гол , а од сето брзање излегуваат само промашени зицери. Адам играше одлична сезона се до минатиот и денешниот натпревар , човекот ни минусираше веќе 4 бода .. 2 претходната коа промаши пенал и денес со автоголот. Мислам дека е време да одмори , сега се врати и Џерард така да може Адам да седне некој натпревар на клупа. Суарез почна мнооогуу да ме нервира веќе со неговото себичење .. што фајде од неговите дриблинзи? ни голови дава .. ни му подава на Керол , апсолутно ништо! Даунинг игра одлично .. Сепак МОТМ според мене на последните 4-5 натпревари е Шкртел! Без грешка во одбрана .. Со А Вилла даде и гол , денес асистенција , одличен е !!!
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Факт е дека Суарез е раздрман после суспензијата и не игра на истото ниво, не би рекол оти е себичен бидејки тој сам си ги креира шансите и шутира а кога има слободен играч додава, Адам играше одлична полусезона се до минативе 2-3 натпревари мислам оти и него го стигна заморот и мислам оти треба да одмори малку ова не го велам заради промашениот пенал или овај автогол кој беше многу несрекен и може на секому да му се случи туку заради неговата игра, ги нема повеке поточно проретчени се неговите "топки со очи" кои патуваат по 50 метри, мислам оти тој и Џерард се одлична комбинација на средината на теренот, Хендо дефинитивно не е за средина многу топки продаде денеска и мислам ако имавме уште еден квалитетен играч од средината на клупа оти Кени и него ке го извадеше, Кени претерува со неговите касни измени Белами неможи во 10 минути да има влијание на играта, одбраната стандардно добра со исклучок на глупоста на Агер кога наместо да ја исфрли топката во корнер, аут или каде било си играше и Јакубу изнуди корнер кој резултираше со гол, Даунинг мислам оти ја одигра најдобрата утакмица од кога дојде ако броев точно 10 пати му побегна на левиот бек на Роверс, Керол многу се залагаше но малку немаше срека (во втората одрана на Бан во 94мин), и малку немаше знаење (во првата ситуација кога шутираше право во Бан) се на се солидна партија, според мене играч на натпреварот беше Самба па човекот сите топки му ги скина од на глава на Керол
Сеуште не сме далеку од 4то место ако победи Арсенал ке бидат само 4 бода но МОРА да ја подобриме формата на Енфилд веке ке имаме шанса за тоа впеток против Њукасл (се надевам оти нема да ми ја упропастат пред-новогодишната вечер)
YNWA
 
Член од
5 мај 2008
Мислења
92
Поени од реакции
17
Дечки јас мислам дека треба тренерска смена, како играч бил феноменален вистинска легенда ама како тренер слабо, разочаран сум, многу пари вложено а резултатите слични како со Рој Ходсон.
 
intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.360
Поени од реакции
1.060
Дечки јас мислам дека треба тренерска смена, како играч бил феноменален вистинска легенда ама како тренер слабо, разочаран сум, многу пари вложено а резултатите слични како со Рој Ходсон.
што е донего тоа е данеречам максимум ако сака фазла ќе треба малце фино лепо да ги чучне манекените и едно воспитување добро, но проблемот не е вонего туку во концентрацијата на самите фудбалери кој се дуваат од кај да стигнат а тоа со суарез тоа друга приказна главен е јунакот он ја поминал цела одбрана и на крај тебе ќе ти ја дава за ти да дадеш гол е нема кајнего така , друго на мечот што беше е тоа што после неколку добри одбиени топки од шеснаесетник нема никој да ја закачи адам на центар дреме хендерсон и тој таму секао дека фали дмф али тоа не е изговор
и нешто што ме израдува на мечот е макси кутриот трча ко пијана кокошка цел меч го нема никаде али важно коа требаше си заврши работа им дае гол
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Реина........

Џонсон беше катастрофален денес, едноставно ниту еден центаршут како што треба а сепак упорно се местеше на таа пуста лева нога која очигледно му служи само за подпирање.

Енрике.... деконцентриран, потроши премногу време обидувајки се да се ослободи од своите чувари.

Агер/Шкртел, можеби најдобриот двоец на штопери во лигата, но сепак во брзањето и форсирањето на играчите пред себе денес на моменти изгледаа ранливи посебно кога немаат играч пред себе.

Хендерсон не би рекол дека беше одличен, но сепак можам слободно да констатирам дека и те како се гледа подобрување од утакмица во утакмица. Многу интелегентен играч.

Адам едноставно катастрофален. 3 утакмица по ред во која прави несфатливи грешки. Немам зборови!

Џерард....и да не игра добро, самата појава на теренот го дига целиот тим на едно повисоко ниво.

Даунинг имаше преку 10 добри продори, сепак желбата и фрустрацијата не му дозволија да додаде кога треба или пак да шутира кога треба. Се на се добра негова партија пак!

Макси... можеби го немаше цела утакмица, и изгледаше како да имаме играч помалку. Но сепак човекот едноставно е роден стрелец. Секогаш на вистинско место. Но не смееме да си дозволиме играч помалку на теренот.

Белами.... не знам зошто воопшто влезе, која е поентата на 7-8 минути пред крајот. Сепак се виде дека требаше тој да биде стартер а не Макси.

Суарез.... мислам дека треба да се размислува за психолог. Има преголема фрустрираност во него поради постоот од голови. Башка прегорува од желба за постигнување на гол а тоа го кошта целиот тим и те како скапо. Мора да се размислуваа за промена на неговиот пристап на игра.

Керол ме изненади и те како. Неговото вракање назад, неговата желба за докажување. Но сепак ТОЈ НЕ Е ИГРАЧ НА КОГО МОЖЕ ДА СЕ ПОТПРЕ ЦЕЛИОТ ТИМ. Зарем треба да го пуштаме само со екипи кои имаат метар и жилет висока одбрана. Самба едноставно не му дозволи ни да трепне...

САМБА..... ИГРАЧ КОЈ МОРА ДА ГО ИМАМЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА!

Кени Даглиш..... го знам мотото (ако не не подржувате кога губиме тогаш не не подржувајте ни кога победуваме)...... сепак јас сакам да кажам дека полека се докажува она од кое јас се плашев. Застареноста и затупавеноста на неговите методи. А тоа се случува токму поради фактот дека тој немаше екипа едно добро 10 години.
Кога веке имаш формација 4-4-2 не смееш да си дозволиш Крилото да ти игра АМЦ, а Бекот крило. Макси Родригез не смееше да игра на крилната позција во ваква формација. Тој не е играч од кого може да се очекуваат центаршутеви а посебно не кога тој нема Лева нога.

И да во формација 4-4-2 не се стават Крила на спротивни страни, затоа што тоа крило нема да влегува и да сече према гол кога во 16 метри веке имаш двајца од кој едниот му штрчи главата над сите. Нормално ке биде доколку Макси и Даунинг играа на спротивните страни.

Суарез не смее да игра пред Керол! (ова ке го нашишам со големи букви ама ке ја претерам)

Тој мора да е во секој момент па дури и во транзиција од одбрана во напад, да биде позади Керол. Нешто во стилот на АМЦ (сите играме Ф Менаџер).

Играњето на Суарез пред Керол, го прави Керол совршено непотребен. Неможе од него да се очекува се открие за пас или пак да додаде топка во празно. Тие улоги мора да се променат.

И за крај........ ке му пишам мејл на Кени, чисто онака да го прашам која е поентата со измените во 75+ минута?:facepalm:
 
Болд 1-Тотално се сложувам со тебе баш и јас од тоа се плашев, Кени не водел екипа од 1995 значи 16 години а од тогаш многу работи се смениле во пристапот на играта во фудбалот
Болд 2 и 3-Пак се сложувам со тебе кога веке го става Керол во игра мора да игра некое попродуктивно крило кое има добар продор како Белами само што баш вака е подобро да играат крилата бидејки Даунинг има и опција плус да сече во средината а ако игра лево крило ке мора да оди само влево што ке биде преочигледно а тој исто има и јака десница така да за него баш е подобра десната крилна позиција а лево мислам оти требаше да игра Белами.
Болд 4-Пак се сложувам со тебе...Веројатно Кени кога го купи Керол планираше да игра 4-4-2 со најдобрата комбинација на напагачи-висок и низок ама досега Керол не покажа доволно за да биде прв тим и да значи Суарез МОРА да игра позади Керол при долга топка која ке оди на Керол и тогаш Суарез мора да биде ПОЗАДИ Керол за да овај треба само да ја допре топката со глава и да го исфрли Суарез во контра, полуконтра, се секавам на тандемот Крауч-Дефо во Портсмут кога го играа ова и беа многу опасни
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.713
Поени од реакции
11.960
Јас многупати досега сум го забележал Керол вратен назад на центар за топка да прими а Суарез и крилава отидени напред. Е затоа после Керол не чини, Керол ваков, Керол таков........ наместо да биди најистурен типот небаре игра АМЦ. Не знам во кого е проблемот ама така не можи. И сега Кени нека гледа пак нека го стави 5 утакмици на клупа. Наместо да му дај шанса. И нека се научат да шутираат мамето нивно пошто фудбалери на кои тоа им е професија и го вежбаат секој ден да не можат да го погодат голот од работ на 16ник па и поблиску не смеат и не можат себеси да се наречат фудбалери. Толку да се немало мозок и само да се шутирало со цела сила угоре в трибини стварно не знам....на нивно место јас би се откажал од играње. И за зицери - па шутни ја настрана да му ебам мајката........ја манале со ползење по средина на голот право во голманот на место каде и инвалид би ја фатил. После бранеле голманите......бранеле мадиња бранеле
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Добро е. На крајот на краиштата поарно неможеше да заврши колово пак сме на само 3 бода од 4то место ама мора да ја подобриме формата
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.713
Поени од реакции
11.960
Добро е. На крајот на краиштата поарно неможеше да заврши колово пак сме на само 3 бода од 4то место ама мора да ја подобриме формата
Абе шо е добро наместо да бегаме 100 бода ние допрва треба да се бркаме да му ебам фудбалот да му ебам
 
stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Каде напишав дека Суарез е лоша инвестиција? Суарез со Енрике се најдобри трансфери на Далглиш Мислев на напаѓач кој ке игра во формација пред Суарез затоа што Суарез не е класичен напаѓач

Го имаат Карол (Керол :) ) . треба да се исфорсира по секоја цена. Макар му требале 10 натпревари да постигне гол. Само тука греши Кени.

Точно. А дека е до незнаењето да се погоди наместо несреќата - и тоа е точно!
Ве цитирав тука за да можеме на раат да ја продолжиме дискусијата без да ни мрсат му*а дека сме офтопик :)

Суарез е одлична инвестиција, ама поголема би била корисноста кога би играл како втор напаѓач, а не главниот таргет-мен во нападот. Он е одличен во создавањето на шансите, добро ја движи топката, ама не може да се очекува од него да трча од средина на терен со топка и даде гол. А често се случува тоа, сите гледаат да го наместат него со топката, без разлика дали е он во добра позиција.

Керол, сеа за сеа не одговара на барањата. Ама јас стојам зад тоа дека не е само он виновен, напротив, многу често според мене се игра погрешна тактика кога Керол е во нападот. Доаѓа во ситуација да биде еден од играчите кои се најназад кога тимот напаѓа. Он мора да биде напред цело време, не е брз како другите за да може да истрча поголема дистанца при контри.

Јас мислам дека нема потреба да се купуваат нови играчи во Јануари, или барем не би купувал напаѓач, туку некое десно крило. Тука се Керол, Кајт, Белами..сосема доволно за правење комбинации во отсуство на Суарез.

И Даунинг треба да игра од левата страна, зашо е многу покорисен таму.
 
Сите ова го збораме. Ама џабе Кени пак по негово си тера. Ама сепак мислам дека некој како Подослки добро би ни дошол. Подослки би бил своевидна замена за Кајт. А на лето ќе е добро на пример Реус да се лапни како замена за Макси кој ќе си оди
Инаку да му одговорам на Харлотс - во дадениов случај не знаат да шутнат. Можи играат ама не знаат да шутнат. Мора тука пошто во темата за ПЛ се спрема војна. (y)
 
Ставре од Швицарска

Желба по титула :D
Член од
25 август 2011
Мислења
2.700
Поени од реакции
2.805
Излеа само Торес го знаеше тоа ... да земе од центар топка да напрае добра акција , да си создаде шанса за гол и истата да ја искористи ...
Не дека Суарез не чини , ама многу сака да експриментира и некоаш премногу е себичен .
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Во идеално време:

................Реина
Џонсон-Агер-Шкртел-Енрике
.................Лукас
....Џерард ..........Адам
Даунинг................ Суарез
.................Керол

Со момоментално расположливи играчи и форма (без Суарез, ради суспензија):

....................Реина
....Џонсон-Агер-Шкртел-Енрике
...................Џерард
.......Шелви............ Адам
/..Даунинг ................Белами
..................Керол

Не знам што ми текна, никогаш мислам дека не сум глумел стратег....ама онака......што мислите?
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.713
Поени од реакции
11.960
^ Добар си. Само смени ги Суарез и Даунинг горе обратно
 
Kajgana Shop

На врв Bottom