Алваро Переира, играчот на Порто, а воедно сонародник и репрезентативен колега на Луис Суарез даде мислење за случајот во кој Суарез е обвинет за расистички напад врз Евра.
"Тоа што се случува на теренот, останува на теренот. Што ако почнеме да обрнуваме внимание на тоа што го говорат сите играчи? Што ако некој од трибините дофрли нешто? Имам сомнежи дека Манчестер Јунајтед сака да го спречи враќ
ањето и подигањето на Ливерпул. Луис Суарез е најдобриот играч во Ливерпул и е вистинска закана за Манчестер Јунајтед. Инаку, кога некој ќе ме нарече НЕГРО или НЕГРИТО јас не се замарам и на тоа возвраќам со насмевка. Јас не го познавам Евра, но ваквите работи треба да останат на теренот а не да се носат на суд. Изгледа Евра не е горд поради тоа што е црн, или пак можеби пати од комплекс на мала вредност." - изјави Алваро Переира