Чекав последна потврда да го кажам следново.
Апсолутно сум задоволен со ова што произлезе од последниот ден. Заебете ѓи сумите и за Торес и за Керол, што е најбитно за нас е да се погоди Керол. Парите не ѓи даваме ние. Штом ѓи дале, значи газдиве ѓи имаат средствата, и ова е еден комплетно различен Ливерпул од оној кој беше возен од претходните јенки.
Страшно ми е жал што Торес ја направи оваа драма и што си отиде воопшто. Омилен играч ми беше од Ливерпул. (рака на срце, Меирелеш и без тоа стануваше најинтересен играч за мене) Ќе разберев заминување претходното лето, или наредното, ама ова на 3 дена пред крај на јануарски рок да прави мелодрами тотално не изненади сите.
Промената е секогаш добра, ваљда? Имаме комплетно нов напад, и ништо веќе не се базира на еден напаѓач. Само останува на нив да бидат спремни и издржливи и да се вклопат што е можно поскоро.
Јасно е дека нов Ливерпул ќе гледаме. Ме потсеќа ова како Интер по продавањето на Ибрахимович, каде тотално се смени пристапот и начинот на игра на екипата. Ливерпул од наредното коло ќе игра друг фудбал, да се надеваме подобар.
Нека му е со среќа на Торес, и се надевам дека ќе се заебе исто како Ибрахимович.