Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.766
Поени од реакции
6.556
Читам на Интер официјалнава Раниери изјавил оди на три бода против Јуве,ако мисли дека со Станкович,Камби и Занети се иде на три бода тогаш е луд :tapp: ! Ни останува да се молиме да се повреди Станкович некако на загревање:D,така сигурно би го играл Оби или Алварез :),уствари заборавив не е сигурно бидејки може и Мунтари да го игра прва:pos:
--- надополнето: Oct 28, 2011 4:02 PM ---
Моџи: Сакам Јуве да победи со 10:0, но се плашам од судијата
28/10/2011 11:07


Овај викенд на програмата е големото дерби во Серија А, помеѓу Интер и Јувентус, па поради тоа се огласи и бившиот претседател на ’старата дама’, контраверзниот Лучијано Моџи.

Како што е добро познато Интер е трн во окото на Моџи, и тој не пропушта шанса да ги ’боцне’ ’нероаѕурите’, па во оваа прилика изјави дека со цело срце ќе навива за својот бивши клуб.

„Би сакал Јуве да победи со 10:0. Овај Јувентус ме потсетува по духот на оној мојот, само што тогаш имавме многу поквалитетни играчи. Но се гледа дека Конте својата борбеност од играчките денови успеа да ја пренесе на екипата“, вели Моџи.

Интер во повеќе наврати се жалеше дека е оштетен оваа сезона, и бурно реагираше после 5-те досудени пенали.

„Од тоа се плашам, тие сега кукаат, познато е дека не знаат да губат. Вршат притисок и бараат конпензација за грешките на нивна штета. Од тоа Јуве мора да се пази“, заклучи контраверзниот Моџи.
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.574
Поени од реакции
6.703
^

Овој ли беше тој моџи кој доби доживотна забрана за инволвирање во фудбал и директен виновник што јувентус беше симнат еден ранк подолу во 2005?

Не ми се верува како може фановите на тој клуб да го величат овој човек.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
^

Овој ли беше тој моџи кој доби доживотна забрана за инволвирање во фудбал и директен виновник што јувентус беше симнат еден ранк подолу во 2005?

Не ми се верува како може фановите на тој клуб да го величат овој човек.
Остај ги бе хахах уште мислат дека имаат 29 титули :D
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.970
Поени од реакции
16.341
А има некој слики од тоа како треба да изгледа на крајот од ко ќе се заврши стадионот?
Мада не ми е верна оваа слика, до некња се збореше дека не е почнат стадионот, а тие до пола го изградиле .. уште фудбалери да купи Морати, и да се пушта во употреба. :pos:
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.665
Поени од реакции
7.309
Некој од админите кој беа по членските во Милано им кажале дека е почнат да се гради новиот стадион, така прочитав на Фб групата за Интер.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
Идеален е овој состав за нерешено, тоа е целта на Раниери, бод !
Со Аталанта беше задоволен од бодот, Кастелаци на крај задржаваше време, исто и Дејо што доволно говори за победничкиот менталитет на Раниери.

Составот на Марсо од погоре е најидеален и најсилен , само поставеноста да е 4231, не 4312, таков профил на играчи се сите, а Пацини да не мрда од шеснаестерец, ама џабе глумиме тренери по форуми иако бар за ова убеден сум дека сме во право, Интер денес е еден од ретките тимови, ако не и единствен што на терен не го вади својот најсилен состав од старт на сезона па се до ден денешен.

Раниери 20 години истата лузерска грешка ја прави, тоа му е у гени, и за тоа требаше да бидат свесни тие што го ангажираа. Позади ставив тактики што ги форсирал со Рома, таму Се освен одбраната му беше со офанзивни карактеристики, ама се знае он каде се губи, у голема екипа, се коси тоа со неговиот губитнички карактер.

И да додадам уште нешто за периодот кога беше во Рома, на што на пример му замерија фановите на Јуве, он во еден важен натпревар истата сезона, а мислам беше тој со Лацио, го извади Тоти на полувреме, значи пазете кои муда тука ги покажал чим ова го направил а на крај пресврт направија на што фановите на Јуве велеа дека за 2 години ваква храброст никогаш не покажал во нивниот тим, што е уште една потврда дека се губи и се плаши во екипи кои имаат за цел голем трофеј.
Не би се надевал и на бод. Јувентус игра стварно добро сезонава го покажа тоа и со Фиорентина. Маркисио, Видал(Красич) , Пепе и Вучинич ке ги натрчуваат нашите пензионери, не можеме да се носиме во ваков среден ред.

Да не ме свати некој дека ова го кажувам бидејќи сум револтиран од резултатите. Ова е само лоша реалност а најлошо е што може да се промени но нема кој да го стори тоа...
Имаме тим, можеби не за лига на шампиони ама за скудето сигурно.

Скудето се добива против слабиде екипи како Цезена, Болоња, Аталанта.... Кој следи италијанско го знае тоа. А Интер има таков тим доволно добар без проблем да се носи со такви екипи... Само, како што кажав и предходно нека кој да го среди тимот, Раниери нема м.... да ги седне на клупа пензионерите а да му даде шанса на нашето најголемо засилување сезонава (Алварез над 10 мил евра)
и Оби кој стварно покажа дека заслужува првотимски статус.
 
Член од
28 октомври 2011
Мислења
5
Поени од реакции
3
Eve do kade e stignat noviot stadion na Inter.
ХЕ ХЕ ХЕ Зарем не можи да забелезите дека сликава е од Деле Алпи кога го рушеа. Нека побара некој слики од него и ке ги види двете звезди и тие потпорните столбови од надвор што се околу стадионот. Стадионот од интер се гради само во фантазиите од морати
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.144
Поени од реакции
46.176
Од кај ти е сликава? Нема шанса да е овај. Нашио мислам не е почнат.
Темелите се удрени за нашиот, планот сеуште се чувал во тајност, така не информираа нас ко фан клуб т.е. дечките што беа во Милано викендот кога играа со Наполи, иначе тоа горе нема врска со новиот стадион ( мене на Деле Алпи ми личи ), новиот стадион на Интер ќе биде граден по пример на Алијанз арената, значи така ќе делува од внатре и ќе собира околу 60 000 гледачи.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.326
Поени од реакции
15.580
Eve do kade e stignat noviot stadion na Inter.
Нели ти реков да не постираш работи од курир/суперспорт/спортденес/јунејмит...
--- надополнето: Oct 28, 2011 4:57 PM ---
Некој од админите кој беа по членските во Милано им кажале дека е почнат да се гради новиот стадион, така прочитав на Фб групата за Интер.
Лошо си разбрал, не е почнат. Не ми текнува што точно им беше кажано, али далеку од тоа дека е почнат.
Последно нешто што е сигурно и официјално е: План има, желба има, нема дозвола за градба на локацијата што ја сакаат. Изградбата значи не е почната.
Според мене: Штом не добија дозвола кога беше Летиција Морати градоначалник на Милано, сега уште потешко ќе добијат, така да најверојатно ќе бараат нова локација.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.144
Поени од реакции
46.176
План има, желба има, нема дозвола за градба на локацијата што ја сакаат. Изградбата значи не е почната.
Според мене: Штом не добија дозвола кога беше Летиција Морати градоначалник на Милано, сега уште потешко ќе добијат, така да најверојатно ќе бараат нова локација.
М.С. како што пренесе, а го информирале луѓе од клубот, дозвола имаат, планот е веќе стокмен, само Се сега за сега се држи во тајност, Интер 1000% ќе има нов стадион во иднина, тоа е сигурно, сега сме 3 години далеку од тој момент, отварањето се планира за сезоната 2014-2015 така да не се умарајте многу со ова сега, до тогаш дел од нас може и ќе се оженат .... fffffuuuuuuuuu, ни до фудбал ќе ни е ни до нов стадион ни до ништо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom