После 19тото скудето, истото се деси со форумов, умре на 2 недели, се врати, у пакет со него и ние умревме све изгубивме после таа титула и ни требаше време од 3 години за добра рехабилитација.
Сега историјата се повтори, титула, умрен форум, ама ништо не изгубивме и добивме сега за сега 2 добри имиња по мерак на тренерот кои се додавааат на тимот што веќе освои титула.
За мене доволно е ако се земе во предвид што се деси пред 3 години, и сега имаме смена на раководство во тим, кое не се деси на начинот на кој Сунинг тоа го имаше замислено, во ситуација да се решени да си одат и да не продадат. Оуктри не верувам дека долго ќе бидат тука и претпоставувам активно бараат нов купец што би бил перманентен газда на клубот, така да со нив не ни очекувам некакви осетни инвестиции.
Медиумите беа во право дека Интер не се во ситуација веќе да продаваат главни играчи, инфо кое го пуштија уште во Април некаде, и така и бидна, и ако се земат сите околности во предвид, нешто што МОРА да се донесе, е добра замена за Дамфрис, нешто слично ко што направија со Аугусто кој е замена на Димарко. Ова треба да е приоритет моментално и ако не се лажам вчера и Инзаги ова го спомна, зашто рече дека Буч е повреден подолго и мора да се донесе играч тука, па претпоставувам алудира на позиција десен офанзивен бек.
После ова све друго ми е бонус, може да се размислува и за уште некое име од нападот или одбраната, Гудмунсон мислам дека ќе оди во Фиорентина така да овој отпаѓа од комбинација, а ако бирам дали одбрана или напад, напад би рекол, никаква гаранција не претставува Арнаутович, Кореа одамна го имаме отпишано ама очигледно и секој друг клуб на планетава истото го напраил па ништо чудно он на крај да остане.