@Stefan-kobe во моментов ситуацијата е таа што е. Сите ние сме потајно оптимисти но тој оптимизам ни е базиран на две работи. Првата работа се емоции или пристрасност, а втората е лузерскиот менталитет на Наполи, историски гледано.
Инаку, не сме ни бледа сенка од екипата од последните две години. Само во последниве две недели изгубивме двомеч од Фиорентина и изгубивме од Јувентус. Спасивме газ во последни минути со Милан.
Кога игравме во ЛШ со Милан, јасно беше дека ќе ги исфрлиме како вреќа компири. Сега во моментов да играме ЛШ со Милан или Јувентус, што реално може да се случи, шансите се дека ќе јадеме срам па ќе морам овде да трпам ремет од ликови како Горилаз и Форза патриотот на стероиди.
Многу работи треба да се случат за да се сврти ситуацијата, но немаат сила. Ди Марко е во клиничка смрт како што забележа и самиот. До лани Дармијан колку толку покриваше за Дензел, сега е умрен, не постои повеќе. Напред имаме еден напаѓач кој не е во форма, еден кој е повреден и двајца кои и самите не знаат што бараат тука.
Се некако на мускули ќе ги добиеме повеќето натпревари, но го нема тој шампионски момент, кога си на -2 да победиш и да им пратиш порака дека нема веќе заебанција.
Така да, може само да победиме ако и Наполи се понаша како нас, па некако ќе се заборави што било и како било. Но во суштина ова е доста слаба сезона со срамни резултати во дерби натпреварите, нека заврши некако и да го постирам неуролајзерот од Men in Black.