Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.098
Поени од реакции
12.763
4ца повредени на припремиве.
Не се сеќавам на ваква ситуација години уназад...

Sent from my SM-S918B using Tapatalk
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.581
Поени од реакции
2.571
Гостинскиов дрес Е-БЕ-ЊЕ! Другата недела поминувам низ Милано и обавезно купувам еден. Конечно упм. 5 години чекам дрес да си купам. Сите до еден беа катастрофа!
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.661
Поени од реакции
22.175
Мене не ми е толку паника за составот, мислам дека имаме доволно играчи. Ќе се вратат Дифрај, Павар и Думфриз и пак ќе сме веројатно со најдобар состав во Серија А. Средината е исполнета, нападот мораме да се ослободиме од двајца за да донесат некого. Па и да се ослободат само од Кореа, не знам зашто не го земат Депај или Марсијал за плус опција во нападот, кога и онака не потрошивме скоро ништо овој трансфер период. Тареми брзо ќе се врати па со Лаутаро/Турам/Тареми/Арнаутовиќ/Депај би биле солидни. Одбраната можат и со многу ефтино да пополнат дупки ако сметаат дека има ама и таму имаме доволен број на играчи. Јбг, сите сакаме ко Челзи по 10 играчи на позиција ама многу сме далеку од таа реалност.

Него друга работа што ме загрижува од тоа што го гледав последните два натпревари против Пиза и Итихад каде бевме апсолутни фаворити и каде едвај се спасивме со Пиза во последна минута, е падот во мотивација кај одредени играчи. Разбирам јас, немаат некое големо значење овие натпревари ама Барела, Димарко, Ачерби и Дармијан беа навистина очајни. Загрижува што беа толку лоши против многу послаби противници. Барела со Пиза и вчера со Итихад ептен глумеше Роналдињо на моменти а Димарко беше апсолутна нула. Бензема малку остарел и имаше лош настап, инаку вчера ќе беше и повеќе од 0-2 со оглед дека Ачерби е ептен физички ослабнат и направи многу грешки.
Ретко позитивен беше Бисек кој буквално на сите пријателски изгази. Павар има страшна конкуренција. Од другите, мислам дека Фратези ќе игра почесто прва а од оваа сезона Мхтиријан со дупло помалку минути. Зиелински исто така е топ засилување затоа што е невидено подобрување во однос со Класен а и ќе има кој да изведува прекини кога Чаланоглу ќе биде отсутен. Мартинез бранеше со Лас Палмас и Пиза и малце ми е сомнителен. Се разбира ќе грее он клупа на Сомер сезонава и се надевам ќе научи нешто од него затоа што тоа што го видов не беше ништо подобро од она на Раду. А горе доле и двајцата исто ги плативме ако не се лажам.

Меаца вика дека било добро што сме виделе неколку млади ама вистината е дека не видовме ама баш ништо. Фонтанароса имаше еден добар потег против Лас Палмас кога учествуваше во еден од головите, оној Салцедо нема никад да го биде и имаше едно црнче по десно, му го заборавив името - сите овие нема шанси да добијат минутажа покрај овие првотимци. Тоа црнчето (бројката му беше 45 или 54) е солиден играч ама нема шанси Инзаги да го игра него пред Дармијан. Таму го играше Инзаги, а кога го отворив на резултати видов дека во примавера бил крило. Тоа значи дека иде на позајмица во Серија Б.
Во најдобар случај ќе бидат испратени на позајмица во Серија А каде веројатно многу малку минути ќе имаат. Имаме голем пад во произведување таленти а од тие што можевме да напраиме нешто ги продадоа за по 5-10-15 мил.

Трета работа, изгледа ќе гураме сезонава со Оуктри иако имав надеж дека ќе има промени по заминувањето на кинезите. Ок, досега не продадовме никого како што правевме кога тоа беше случај со кинезите и тоа е една позитива ама ако сакаат Интер да биде на врвот и да создадат нешто, мора да се одврзе ќесето. Вака кога гледаш трансфермаркт пишува како да сме потрошиле многу а уствари тоа се сите исплати од ланските трансфери и реалната бројка е само тие 13-14 мил. за Мартинез од Џенова. Па до толку ли е у говна финансиски клубот ако и кога сме шампиони, наредна година играме ЛШ со зголемени примања и плус два натпревари, добивме нов рекорден спонзор од Бетсон и пак нема пари за некој си 30-40 мил. трансфер така да се лупнат од шала, чисто за проба?
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.383
Поени од реакции
58.212
Од глава ќе ни се одбие ова играње курташак на штоперска позиција со инвалидизиран Ачерби и Де Фрај кој последниве година-две обавезно има по некоја повреда. Нека само, нека продужи да им биде стар Хермосо, нека продолжат да глумат незаинтересирани за првотимци, нека се глупираат по медиуми со некои непознати млади играчи.
Ниту пак у напад ќе земат нешто, Кореа не може да најде клуб, Арнаутовиќ уште лани се знаеше дека ни полиција нема да може да го истера од клубов, овие Депај мепај све се тоа стари и скапи играчи според нашите нови сопственици и така. Нека тера истиот состав, Инзаги ко Инзаги до ноември ќе иде со глава у ѕид и ќе игра со истите играчи со кои играше и лани, после ко ќе се освести ќе биде веќе касно.

Што се однесува на продажби, летово го пројдовме така тивко, али ако остане Оуктри како газда ондак следното лето милијарда посто ќе биде продаден некој од важните играчи.

Не ми се свиѓа ништо околу клубов моментално.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.620
Поени од реакции
7.257
Трансфери нема ни да има, тоа што беше договорено на free и тоа е тоа.
Кореа е ништо ама баш големо ништо од играч. Едноставно е мекуш со Писа кога игравме неможеше да се загради и да добие дуел, сите дуели ги изгуби.
Па кога го извадија уште лут беше, се му ебам инвалидско.

Со Писа ја гледав цела, пак нема никаква идеа како да се разбие кога противникот се брани длабоко, кружење.
Вчера 15минути изгледав исто, кружење.
Ова година очекувам скоро пола тимови да ни се бранат а мистерот нема решение за тоа. Додуша ова го видовме и сезонава кога Удинезе се бранеше со сите играчи.

Ова сезона не очекувам игра како сезоната што заврши. Од припремиве само двајца до тројца се спремни физички.

Можеше мистерот да проба со Зиелински напред, ама овој е заљубен во Мики.

Уште една пријателска има со Челзи че видиме како ќе одиграат.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.691
Поени од реакции
110.676
Аеееааааеахахахааха многу бе експертизи после 4-5 пријателски од кои 2-3 со мизерни полуаматерски клубови, најава на бродоломи и слично. Полека малце, може нешто ќе земеме до крај на преоден рок, т.е. не може него сигурно ќе земеме само да видиме кого. Се слагам едино со Џонтра околу штоперската позиција, мора тука да земат некој за ротација, сепак следна сезона ни следат 8292928282882 утакмици и ќе си требаат играчи. Не знам што сакате, тимот, фали штопер измена, десен бек евентуално за ротација за да не го гледам Дармијан таму и еден напаѓач за ротација кој нема да биде купен затоа што нападот ќе биде Тареми, Турам, Лаутаро и Арнаутовиќ. Средината е коска и не треба да се чепка ништо.
Не кур ми прајте нервоза на непочната сезона, ме заболе стап за пријателски.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.676
Поени од реакции
43.665
Не е пад у мотивација колку што е европско на кое беа повеќето играчи и копа америка, каде беше Лаутаро, на тоа додади и нови што дојдоа, и повреди кои се задесија, тимови штотуку се комплетираше и прашање е колку тренинзи имаат заедно.
Загружувачки е само тоа колку они ќе се спремни за прво коло каде иако влагаат ко фаворити, Џенова и лани не изнамачи на нивни терен, а и дома мислам не поминавме лесно со нив сеа да не проверувам не е ни битно, ама увеке тешко прво коло против било кога кога тимовите се ултра мотивирани, овие помаливе, а не да те пречекаат после серија лоши резултати и слично со паднат морал.

Трансфер летото за нас не верувам дека е завршено, сигурно ќе има нови играчи, ама не очекувам некое појако име, ќе бидат некои ко Карлос Алберно или Буч, така нешто, за нешто повеќе треба поосетна инвестиција, а со Oaktree изгледа тоа нема да го видиме.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.026
Поени од реакции
1.140
Не е проблем дали биле мотивирани на небитни пријателски натпревари, она што не загрижува е големиот број на повреди а немаме соодветни алтернативи (освен среден ред каде што сме скоро комплетни).

Ачерби делува потрошено и често се повредува. Де Фрај треба да биде прва опција сезонава ама и тој е склон на повреди. Веќе се повреди во финишот со Ал Итихад.
Можеби тука може да се комбинира со Бастони централно па Павард или Августо лево. Сепак немаше да биде лошо да се има опција плус во вид на бесплатен играч како Варан, Хумелс, Хермосо...

Нападот е најголем проблем за мене. Турам не е во форма од минатата пролет... Кореа и Арнаутивич не ги сметам за опции.


Од друга страна Јувентус, Рома и Милан се засилуват солидно.

Еве на пример Јувентус ги зеде Даглас Луиз, Турам, Ди Грегорио, ни го украде Кабал.. во завршни преговори се со Тодибо, Нико Гонзалез и Копмајнерс.

Ако ги комплетираат овие трансфери, тоа се суми над 100м евра. Мислам дека се враќаат во игра за титула.


Споредувам само затоа што ние не сме во можност да дадеме околу 20м за Гудмундсон, играч кој може да покрие неколку позиции. Ќе замене во Фиорентина и тоа на позајмица.

Дури и Депај и Марсијал се подобри опции од Кореа\Арнаутович.

Им дозволуваме на конкурентите да се доближат...
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.732
Поени од реакции
9.719
Не е проблем дали биле мотивирани на небитни пријателски натпревари, она што не загрижува е големиот број на повреди а немаме соодветни алтернативи (освен среден ред каде што сме скоро комплетни).

Ачерби делува потрошено и често се повредува. Де Фрај треба да биде прва опција сезонава ама и тој е склон на повреди. Веќе се повреди во финишот со Ал Итихад.
Можеби тука може да се комбинира со Бастони централно па Павард или Августо лево. Сепак немаше да биде лошо да се има опција плус во вид на бесплатен играч како Варан, Хумелс, Хермосо...

Нападот е најголем проблем за мене. Турам не е во форма од минатата пролет... Кореа и Арнаутивич не ги сметам за опции.


Од друга страна Јувентус, Рома и Милан се засилуват солидно.

Еве на пример Јувентус ги зеде Даглас Луиз, Турам, Ди Грегорио, ни го украде Кабал.. во завршни преговори се со Тодибо, Нико Гонзалез и Копмајнерс.

Ако ги комплетираат овие трансфери, тоа се суми над 100м евра. Мислам дека се враќаат во игра за титула.


Споредувам само затоа што ние не сме во можност да дадеме околу 20м за Гудмундсон, играч кој може да покрие неколку позиции. Ќе замене во Фиорентина и тоа на позајмица.

Дури и Депај и Марсијал се подобри опции од Кореа\Арнаутович.

Им дозволуваме на конкурентите да се доближат...
Се засили Јувентус ама уште сме шашма на голем дел од позициите.

Еден куп играчи треба да се продаваат (Шчесни, Де Шиљо, Артур, Костиќ, Мекени, Ругани...), околу Киеза уште не е ништо јасно, хаос тотален, у одбрана и Калафиори и Тодибо не успеаа да ги договорат цело лето го изгубија на ценкања за нив, сега со среќа нека ни е у потрага за дефсанзивец од тој калибар. Копмајнерс уште не е договорен и со него цело лето е дрш не дај работава. Нападот ако се повреди Душан толку ќе биде, резерва ни е Милик. Исто и одбрана со Бремер. Крила никакви немаме сеуште, Веа и Јилдиз само, играчи кои не се за стартна позиција у тим како Јуве.

Едино средината ја средивме горе доле и толку, у други делови уште сме прашалник. Ама и разбирливо е до негде, не можеш сите бедотии да ги исчистиш у еден рок, поготово не по твои услови. Плус немаш пари, еве едни Вест Хем им крадат играч па сеа види.

Има уште време у трансфер периодов и сигурно ќе донесат уште појачувања, ама не очекувам све ова погоре да се стеди до крај.

Зборот ми е не е нигде сјајна ситуацијата, вас горе доле комплетен ви е тимот, костурот на екипата е стабилен. Плус тренерот е повеќе години во тимот, знае што како. Рома се појача ама Дибала рачунај пола сезона повреден ќе е, Суле е прашалник и тако даље...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom