Мене не ми е толку паника за составот, мислам дека имаме доволно играчи. Ќе се вратат Дифрај, Павар и Думфриз и пак ќе сме веројатно со најдобар состав во Серија А. Средината е исполнета, нападот мораме да се ослободиме од двајца за да донесат некого. Па и да се ослободат само од Кореа, не знам зашто не го земат Депај или Марсијал за плус опција во нападот, кога и онака не потрошивме скоро ништо овој трансфер период. Тареми брзо ќе се врати па со Лаутаро/Турам/Тареми/Арнаутовиќ/Депај би биле солидни. Одбраната можат и со многу ефтино да пополнат дупки ако сметаат дека има ама и таму имаме доволен број на играчи. Јбг, сите сакаме ко Челзи по 10 играчи на позиција ама многу сме далеку од таа реалност.
Него друга работа што ме загрижува од тоа што го гледав последните два натпревари против Пиза и Итихад каде бевме апсолутни фаворити и каде едвај се спасивме со Пиза во последна минута, е падот во мотивација кај одредени играчи. Разбирам јас, немаат некое големо значење овие натпревари ама Барела, Димарко, Ачерби и Дармијан беа навистина очајни. Загрижува што беа толку лоши против многу послаби противници. Барела со Пиза и вчера со Итихад ептен глумеше Роналдињо на моменти а Димарко беше апсолутна нула. Бензема малку остарел и имаше лош настап, инаку вчера ќе беше и повеќе од 0-2 со оглед дека Ачерби е ептен физички ослабнат и направи многу грешки.
Ретко позитивен беше Бисек кој буквално на сите пријателски изгази. Павар има страшна конкуренција. Од другите, мислам дека Фратези ќе игра почесто прва а од оваа сезона Мхтиријан со дупло помалку минути. Зиелински исто така е топ засилување затоа што е невидено подобрување во однос со Класен а и ќе има кој да изведува прекини кога Чаланоглу ќе биде отсутен. Мартинез бранеше со Лас Палмас и Пиза и малце ми е сомнителен. Се разбира ќе грее он клупа на Сомер сезонава и се надевам ќе научи нешто од него затоа што тоа што го видов не беше ништо подобро од она на Раду. А горе доле и двајцата исто ги плативме ако не се лажам.
Меаца вика дека било добро што сме виделе неколку млади ама вистината е дека не видовме ама баш ништо. Фонтанароса имаше еден добар потег против Лас Палмас кога учествуваше во еден од головите, оној Салцедо нема никад да го биде и имаше едно црнче по десно, му го заборавив името - сите овие нема шанси да добијат минутажа покрај овие првотимци. Тоа црнчето (бројката му беше 45 или 54) е солиден играч ама нема шанси Инзаги да го игра него пред Дармијан. Таму го играше Инзаги, а кога го отворив на резултати видов дека во примавера бил крило. Тоа значи дека иде на позајмица во Серија Б.
Во најдобар случај ќе бидат испратени на позајмица во Серија А каде веројатно многу малку минути ќе имаат. Имаме голем пад во произведување таленти а од тие што можевме да напраиме нешто ги продадоа за по 5-10-15 мил.
Трета работа, изгледа ќе гураме сезонава со Оуктри иако имав надеж дека ќе има промени по заминувањето на кинезите. Ок, досега не продадовме никого како што правевме кога тоа беше случај со кинезите и тоа е една позитива ама ако сакаат Интер да биде на врвот и да создадат нешто, мора да се одврзе ќесето. Вака кога гледаш трансфермаркт пишува како да сме потрошиле многу а уствари тоа се сите исплати од ланските трансфери и реалната бројка е само тие 13-14 мил. за Мартинез од Џенова. Па до толку ли е у говна финансиски клубот ако и кога сме шампиони, наредна година играме ЛШ со зголемени примања и плус два натпревари, добивме нов рекорден спонзор од Бетсон и пак нема пари за некој си 30-40 мил. трансфер така да се лупнат од шала, чисто за проба?