Порано летале глави во Интер и за далеку подобри резултати од овие на Инзаги, а сега ни трага ни глас од управата. Ова е срамота, 10 порази во 28 кола, 4 во последните 5 меча, 0 дадени голови на последните 3 меча, што повеќе? Ја бев за опцијата да обезбедиме ЛШ на крај на сезона и да го избркаат па новиот тренер да има цело лето да си одработи и припреми и се, ама очигледно не оди ништо во моментов и треба да му ги акнат клоците. Ова е мочање и врз реномето на клубот, во саботата доаѓаат 70000 фанови и добиваат едно огромно ништо, ај нека се носи у курац и нека си биде тренер на Самдорија и Сасуоло у иднина.
Ама ме нервираат вакви глупаци како Инзаги, млад тренер си добил шанса да водиш голем клуб, наместо исчекор во кариера ти уназадување праиш. Апсолутно тактички не е мрднат откако дојде во клубот, 3 5 2 цело време, измените шаблонски позиција за позиција, акциите исти, кога губиме после 65та све едно исто, нафрлај у лудница и чекај да боцне некој со глава и да не набројувам натака. Едини играчи што стварно напреднаа под Инзаги се Димарко и Хакан со тоа што Димарко прашање е колку е квалитет за стартен лев бек во тим како Интер. Кај Конте имаше огромен напредок кај цела екипа, со овој ништо.
Прекрасен момент исто така е полуфиналето у куп во Торино утре, баш кога не знаеме кај тераме играме у гости со нив, да не дотолчат психички таман за да не унакази и Бенфика следна недела откако во меѓувреме ќе одиграме 1 1 против Салернитана викендов.