Ако е вистина, ова е неверојатно глупав потег. Класика Интер потег, пукање во нога. Уствари, повеќе е пукање во нога и после ампутирање на здравата. Ако стварно помине ова, тогаш и јас одам во fuck Suning кампот. Јасно е дека тоа лиглето и татко му сакаат да го продадат клубот, па пробуваат да ги испеглаат финансиските извештаи со големи трансфери, ама fire sale на највредните assets значи дека вредноста на клубот уште повеќе ќе ти тоне и ќе добиеш уште помали понуди од заинтересирани купувачи. Моронска логика.
Пак ќе кажам, воопшто не го разбираат спортот, индустријата, во која инвестираат. Поима немаат како функционира фудбалот и кој е производот кој луѓето, кои им се клиенти, го бараат. Ако клубот има лоша сезона и по некоја случајност испадне од ЛШ местата, навивачите ќе ги гаѓаат со јајца и ќе му ја плукаат колата, нема да се нацртаат на стадион, за да му ги дадат тие 60 милиони што клубот ги загубил ради затворен стадион во текот на пандемијата.
Хакими е последниот играч, заедно со Барела и Бастони, што треба да го продаваат. Плус е совршен за 3-5-2 системот, невозможно е да го браниш, со толку простор и таква брзина. Комплетно го промени нападот годинава и според мене е еден од најзаслужните за титулата. 22 години има. Уште Флоренци го спомнуваат за замена, факинг Флоренци
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Ако некој треба да продаваат од ѕвездите во тимот, доколку веќе мора некој да биде продаден, очигледен избор е Лукаку. Неколку големи клубови бараат напаѓач, Лукаку има 28 години и штотуку ја имаше најдобрата сезона во кариерата, што веројатно нема да ја надмине, а тренерот што знае да го извади максимумот од него, само што си замина од клубот. 100-110 милиони евра за него е изводлива цена, ако се почека да заврши европското.
А не да го продадеш 22 годишниот светска класа десен бек за 60 милиони, откако си го купил за 45 пред една сезона. Екстремно глупав потег, нормално доколку е вистина.