Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Јасно ми е дека сега од подпрецедател не го праи никој тренер.
Тоа шо мене ми е мерак да го видам Занети као си гради екипа и дига Триплета со Интер као менаџер не значи дека некад би се десило.... Затоа и пишав би ми бил идеален а не дека е идеално решение или пак дека некој уопште го смета како потенцијално решение :)
Само Камбијасо синдикалецот сине.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.993
Поени од реакции
16.435
ако менуваат сеа, нека гледаат и за во декември пак нов тренер да најдат на лагер.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.984
Поени од реакции
23.940
Можно е и заминување на Аусилио, наводно Рома се интересирала за него.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.120
Поени од реакции
9.068
Мене искрено и Брозовиќ ме разочара, не само вчера него општо после корона паузата е очаен. И ај што е очаен него игра со куроболие, како да не постои на терен. Добар играч е, го засакав ептен годиниве наназад, ама ако решиле нашиве да инвестираат во Тонали нека фаќа патот негде. Секоја екипа што му игра фластер тотално ни ја гуши средината, а он јебига не е играч што може да повлече напред, да се ослободи од чувар со еден потег, онака гејм чејнџер. Него му треба простор, да може да додаде до некој соиграч, а под притисок чао. На Конте му треба играч како СМС, Погба, Јаја Туре, некое говедо што може да повлече и да претрча 70 метри со 3ца на грб.
Точно. Не знаеме да играме против екипи кои ни играат висок пресинг и не притискаме да играме долги топки.

Мора да доведеме технички играчи во средина кои знаат да пренесат топка напред.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.331
Поени од реакции
15.592
Точно. Не знаеме да играме против екипи кои ни играат висок пресинг и не притискаме да играме долги топки.

Мора да доведеме технички играчи во средина кои знаат да пренесат топка напред.
Ковачич :icon_mrgr:
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.811
Поени од реакции
17.751

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.683
Поени од реакции
88.638
Член од
23 август 2010
Мислења
39.933
Поени од реакции
116.394
И добро што сака Конте? Не разбирам најискрено... Што не му беше удоволено? Прво, доби плата која е превисока и не ја заслужува. Ајде тоа на страна, сепак е поквалитетен од сите тренери заедно што ги имавме во пост Мурињо ерата. Второ, трансферите. Кој играч не му беше донесен освен Видал? Дури и умренион Лазаро беше по негова желба што го ископа од никаде од умренана Херта.
Трето, општо слободата од аспект на притисок од управа, критики и слично. Па освен од медиумите кои и Зоран Стратев да е тренер на Интер ќе спинуваат и ќе умараат, јас не видов никој да го критикува Конте или нешто да збори против него, иако имаше доста основа за тоа, нарочито за бламот против Барса.

И сеа све ова му е удоволено и он пак не е задоволен, не бил заштитен, плаче, квичи, се буни, се заканува дека ќе си иде... Зошто бе гомно? Па иди си на крај краева преку курот веќе, не можам да се замарам со плачковци и лиглевци. Та преку тасета ако си отиде, овој па Урко апокалипси најавува ако си отиде Конте, си кроел играчи за 3-5-2, божем само во таа формација знаат да играат и во ниедна друга. Алегри има да достави језиво добра 4-3-1-2 и ќе му објасни на Конте како се користи играч како Ериксен и општо ќе му објасни што е флексибилност и слично.

Само, знам дека се фолира мртвиов и дека ќе застанат Жанг и компанија позади него и ќе го убедат да не си оди. Стварно не сум за промена на тренер ама со вакво однесување ништо не праи Конте, само гнев навлекува на навивачите.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.944
Поени од реакции
18.036
Чим форсира @xxixka со Мурињо, ке се молам на сите небески сили да го соберете од Тотенхем. Услуга ке ни направите!
 

Dino-Juve

Juve Per Sempre
Член од
20 октомври 2005
Мислења
1.147
Поени од реакции
458
И добро што сака Конте? Не разбирам најискрено... Што не му беше удоволено? Прво, доби плата која е превисока и не ја заслужува. Ајде тоа на страна, сепак е поквалитетен од сите тренери заедно што ги имавме во пост Мурињо ерата. Второ, трансферите. Кој играч не му беше донесен освен Видал? Дури и умренион Лазаро беше по негова желба што го ископа од никаде од умренана Херта.
Трето, општо слободата од аспект на притисок од управа, критики и слично. Па освен од медиумите кои и Зоран Стратев да е тренер на Интер ќе спинуваат и ќе умараат, јас не видов никој да го критикува Конте или нешто да збори против него, иако имаше доста основа за тоа, нарочито за бламот против Барса.

И сеа све ова му е удоволено и он пак не е задоволен, не бил заштитен, плаче, квичи, се буни, се заканува дека ќе си иде... Зошто бе гомно? Па иди си на крај краева преку курот веќе, не можам да се замарам со плачковци и лиглевци. Та преку тасета ако си отиде, овој па Урко апокалипси најавува ако си отиде Конте, си кроел играчи за 3-5-2, божем само во таа формација знаат да играат и во ниедна друга. Алегри има да достави језиво добра 4-3-1-2 и ќе му објасни на Конте како се користи играч како Ериксен и општо ќе му објасни што е флексибилност и слично.

Само, знам дека се фолира мртвиов и дека ќе застанат Жанг и компанија позади него и ќе го убедат да не си оди. Стварно не сум за промена на тренер ама со вакво однесување ништо не праи Конте, само гнев навлекува на навивачите.
Не заборавајте дека и Алегри ја корсти 3-5-2, првата сезона доста натпревари играше со 3-5-2 додека направи своја формација, патем и во втората сезона ја користеше оваа формација и по потреба
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Мене ми се одмили Конте некако, одвај чекам да дојде вторник да видиме што ќе одлучат со кинезот. Ова плачење и лигавење ми иде страшно на курац, многу мразам луѓе што се жалат за све и свашта у животот и кривицата секогаш ја гледаат на страна а не во себе.
Конте мора убаво да размисли што понатаму, ако одлучат да остане, тоа јавното квичење и удирање директно по управата мора да престане, доколку реши да си оди тогаш нека биде на негова штета а не Интер да му плаќа оштета.

Медиумиве низ Италија денеска пишуваат дека Марота има 2 годишен договор со Алегри за 8 милиони евра плата по сезона. Уште од поодамна се овие шпекулации дека Алегри ќе биде нов тренер така да верувам дека Марота го има исконтактирано уште тогаш па овој имал време да го гледа Интер и да се запознае со играчите преку ТВ секако, да знае што да очекува од нив и што му треба.

Алегри е добар тренер, добар тактичар, мирен тип којшто работи со тоа што ќе го добие, не извољева и не се кара за секоја ситница и неправда туку гледа да ги среди работите. Добар тактичар којшто има разработено неколку системи, не иде со глава у ѕид и како и сите италијани иде на сигурно и полека.
Кога дојде во Јувентус цел свет беше скептичен околу тогашниот избор на Марота, нормално дека и јас сум го мразел и хејтал пошто е тренер на Јувентус, секако освен за Маркизио и Дел Пиеро ништо позитивно неам кажано за никој друг од таа скупштина таму.
Марота направи полн погодок со неговото назначување, се виде тактичката флексибилност на дело, иако до тогаш никогаш немал играно со 3ка позади, не отиде своеглаво од старт да мења у 4ка, туку остана на составот на Конте и со 352 играше скоро цела сезона. Во следните сезони играше со 4ка позади во различни системи, 442 дијамант со Видал напред, 433, 4231 или 442 пошто Дибала не е класична 10ка.
Не се сеќавам дека некогаш играл со неговата омилена 4312 формација пред се поради тоа што кај Јуве никогаш немаше класична 10ка односно треквартиста, ко Ериксен кај нас.

Објективно мислење, за мене Алегри е моментално најдобар италијански тренер.

Воопшто не ме плаши немањето ростер за 4231, кој па и кажал дека Алегри ќе игра така ко прво, ко второ и да игра ќе се купат 2 крила, ќе се врати Перишиќ и чао пријатно. Кај Алегри у систем можевме да го видиме Манџукиќ на лево крило, Барзаљи десен бек, Видал 10ка, Лиштајнер десно крило и слично, Квадрадо десен бек. Од таа гледна точка знам дека Алегри ќе се адаптира на тимов и на засилувањата коишто ќе бидат по негова желба.

Греота ќе биде за тимов ако се отстапи од играњето со двајца напаѓачи, Лаутаро и Лукаку играат страшно у тандем, греота ќе биде да не се искористи целиот потенцијал на Ериксен, затоа најдобар систем за нас е 4312, отсекогаш сме играле добро во ваква формација, секогаш добро ни идело коа сме имале 2ца напаѓачи у фор, уште од времето на Манчини во првиот мандат, преку Мурињо и сега со Конте. Верувам дека Алегри ќе знае што да праи со Ериксен, пошто освен Снајдер никад сме немале ваков плејмејкер у тим.

Конте и Алегри се дијаметрално спротивни тренери, првиот е ура бура тренер, вториот е мирен тактичар. Мислам дека во моментов на Интер му е подобро ура бура тренер неколку сезони, да не разбуди, да не мотивира и крене како тим, пошто спиеме 10 години, Конте е таков ама е и пичка, џабе ми се претставува како воин кога секогаш кривицата ја бара у другите. Алегри е тактичар па може и така на мирен начин да си тераме и да победуваме без да дигаме галама.

Секако на крај останува да го видиме епилогот во вторник иако мислам дека Конте е минато, доколку реши да остане ќе ја има мојата подршка секако, ама квичењата мора да престанат.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.668
Поени од реакции
59.772
Кај Алегри у систем можевме да го видиме Манџукиќ на лево крило, Барзаљи десен бек, Видал 10ка, Лиштајнер десно крило и слично, Квадрадо десен бек. Од таа гледна точка знам дека Алегри ќе се адаптира на тимов и на засилувањата коишто ќе бидат по негова желба.
Какви познавања на тема Јувентус, @Трибиани би ти позавидел. :D
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.120
Поени од реакции
9.068
Јас не сум да се менува тренер. Ако има шанса да се остане со Конте и да се покријат дупките во ростерот тоа би било најидеално за нас во моментов. Мора континуитет и стабилна околина за да се навикнат играчите и да имаат прогрес од сезона во сезона.

Ако веќе Конте се откажува од проектот ондак нека се оди на докажан тренер, топ тиер, доста е со експерименти.

Приоритети imho се врвен напаѓач за замена/прв состав, плејмејкер и лево навално крило.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom