Мене ми се одмили Конте некако, одвај чекам да дојде вторник да видиме што ќе одлучат со кинезот. Ова плачење и лигавење ми иде страшно на курац, многу мразам луѓе што се жалат за све и свашта у животот и кривицата секогаш ја гледаат на страна а не во себе.
Конте мора убаво да размисли што понатаму, ако одлучат да остане, тоа јавното квичење и удирање директно по управата мора да престане, доколку реши да си оди тогаш нека биде на негова штета а не Интер да му плаќа оштета.
Медиумиве низ Италија денеска пишуваат дека Марота има 2 годишен договор со Алегри за 8 милиони евра плата по сезона. Уште од поодамна се овие шпекулации дека Алегри ќе биде нов тренер така да верувам дека Марота го има исконтактирано уште тогаш па овој имал време да го гледа Интер и да се запознае со играчите преку ТВ секако, да знае што да очекува од нив и што му треба.
Алегри е добар тренер, добар тактичар, мирен тип којшто работи со тоа што ќе го добие, не извољева и не се кара за секоја ситница и неправда туку гледа да ги среди работите. Добар тактичар којшто има разработено неколку системи, не иде со глава у ѕид и како и сите италијани иде на сигурно и полека.
Кога дојде во Јувентус цел свет беше скептичен околу тогашниот избор на Марота, нормално дека и јас сум го мразел и хејтал пошто е тренер на Јувентус, секако освен за Маркизио и Дел Пиеро ништо позитивно неам кажано за никој друг од таа скупштина таму.
Марота направи полн погодок со неговото назначување, се виде тактичката флексибилност на дело, иако до тогаш никогаш немал играно со 3ка позади, не отиде своеглаво од старт да мења у 4ка, туку остана на составот на Конте и со 352 играше скоро цела сезона. Во следните сезони играше со 4ка позади во различни системи, 442 дијамант со Видал напред, 433, 4231 или 442 пошто Дибала не е класична 10ка.
Не се сеќавам дека некогаш играл со неговата омилена 4312 формација пред се поради тоа што кај Јуве никогаш немаше класична 10ка односно треквартиста, ко Ериксен кај нас.
Објективно мислење, за мене Алегри е моментално најдобар италијански тренер.
Воопшто не ме плаши немањето ростер за 4231, кој па и кажал дека Алегри ќе игра така ко прво, ко второ и да игра ќе се купат 2 крила, ќе се врати Перишиќ и чао пријатно. Кај Алегри у систем можевме да го видиме Манџукиќ на лево крило, Барзаљи десен бек, Видал 10ка, Лиштајнер десно крило и слично, Квадрадо десен бек. Од таа гледна точка знам дека Алегри ќе се адаптира на тимов и на засилувањата коишто ќе бидат по негова желба.
Греота ќе биде за тимов ако се отстапи од играњето со двајца напаѓачи, Лаутаро и Лукаку играат страшно у тандем, греота ќе биде да не се искористи целиот потенцијал на Ериксен, затоа најдобар систем за нас е 4312, отсекогаш сме играле добро во ваква формација, секогаш добро ни идело коа сме имале 2ца напаѓачи у фор, уште од времето на Манчини во првиот мандат, преку Мурињо и сега со Конте. Верувам дека Алегри ќе знае што да праи со Ериксен, пошто освен Снајдер никад сме немале ваков плејмејкер у тим.
Конте и Алегри се дијаметрално спротивни тренери, првиот е ура бура тренер, вториот е мирен тактичар. Мислам дека во моментов на Интер му е подобро ура бура тренер неколку сезони, да не разбуди, да не мотивира и крене како тим, пошто спиеме 10 години, Конте е таков ама е и пичка, џабе ми се претставува како воин кога секогаш кривицата ја бара у другите. Алегри е тактичар па може и така на мирен начин да си тераме и да победуваме без да дигаме галама.
Секако на крај останува да го видиме епилогот во вторник иако мислам дека Конте е минато, доколку реши да остане ќе ја има мојата подршка секако, ама квичењата мора да престанат.