Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Кога ги гледам проигрувањата на Брозович и Асамоа исто како Модрич-Марсело да ги гледам..посебно Брозович со балон-пасојте..доктор фудбала:LOL:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.671
Поени од реакции
59.778
Ди Амброзио и Кандрева после ова вечно ќе бидат првотимци..како бе не пцојса онај Ди Амброзио,да го изгази некоја кола,камион да го помини..келнер скапан бе..убедливо најслаб играч ни е технички,топкај не знај да подај како што треба..контрола нула..да не беше Италјанец ќе играше пинг понг на карибите негде .
А гледај и како се бодрат меѓусебно. Едниот прославува гол како да освоил светско, со подвлечена поента: "гледате, гледатееее? Гледате дека не сум цреп како што викате цело време?

А овој другиов го јавнал и вика: така е брат, им ги затвори устите!

Тешко нам :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.936
Поени од реакции
116.417
Сеа ќе се курчи Спалети со победава а многу лошо игравме до првиот гол. Од друга страна па требаат и вакви победи, сега лагано имаат две недели да корегираат тоа што не е добро и да почнат конечно да играат фудбал. Се надевам не е ништо сериозно кај Икарди и Лаутаро, воопшто не ни се потребни повреди кај клучните играчи.

Знам дека нема, ама моооооооооора Дамбо да лета од прва постава, Шиме место него, да се игра со четворка назад и Азамоа како лев бек, средината да биде Броз-Раџа-Гаљардини, а напред Икарди, Перишиќ и Кеита/Политано. Со разни експерименти ништо не правиме, само се мачиме и фрустрираме против селски екипи како Сасуоло и Болоња.
 
Член од
28 март 2010
Мислења
1.310
Поени од реакции
377
Задоволен сум од победата и последните 37 минути од натпреварот!
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Искочи дека нема врска најавеното играње со 3ка назад по медиумите, што е одлично. Во тој случај ја повлекувам критиката за Спалети. Најмалце што им треба сега се импровизации и немање трпение.

Добра победа. Играта беше климава, меѓутоа создаваа шанси и дадоа 3 гола, така да нема многу простор за бунење. Останува стариот проблем од минатата сезона, што отакако ќе дадат гол на вакви бункер екипи, не играат до крај. Тоа е ментален проблем што никако не го искоренуваат, мислат дека со даден гол завршува натпреварот. Минатата година изгубија еден куп на бодови ради таа ментална бариера. И пак, лошо го менаџираат темпото. За да го намалиш интензитетот на игра на противникот, треба да ја држиш топката и после да го контролираш темпото, а не кога противникот ја има топката да трчкаш по терен. Тоа се финеси што мора да ги вметнат во играта, зошто тоа е клучно за земање бодови против мали тимови.
Теренот пак беше чисто срање. Не знам што се случува со стадионите во Италија, ама треба да воведат некаков стандард за квалитет на теренот. Ова е срање за гледање, како прво.

Се надевам дека Наинголан не е повреден, друг е тимот со него. Штета што се повредил и Мартинез, ова ќе беше добра прилика за да игра.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.266
Поени од реакции
13.222
2 недели би требало да се консолидираме и да заличиме на екипа.
Од лани имаме 30% подобра екипа,нема теорија да не фатиме лш.Би му дал шанса сезонава на спалети,погубно би било да смениме тренер на сред сезона.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.049
Поени од реакции
1.177
Целосна доминација против тим кој мислеше само на одбрана.
Тешко креиравме шанси, ама и теренот беше катастрофа.


Без разлика на доминацијата и поседот, повторно не го видовме Брозович кој го очекувавме а и Гаљардини само просечен.
Бековите како и секогаш лоши, Кеита беше очаен во нападот.

Позитивна оцена би му дал на Скриниар, Де Фрај, Наинголан, Политано, Перишич и Кандрева.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.253
Поени од реакции
10.344
Од 2010 па наваму, константно се мачиме против слаби екипи кои знаат добро да се затворат. Константно. И не сме толку лоши во дерби натпреварите, колку што конкурентите лагано си ги тепаат ваквите по 3-0, а ние губиме драгоцени поени. Тотална безидејност денес до првиот гол, после Болоња се отвори и се беше полесно.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Целосна доминација против тим кој мислеше само на одбрана.
Тешко креиравме шанси, ама и теренот беше катастрофа.


Без разлика на доминацијата и поседот, повторно не го видовме Брозович кој го очекувавме а и Гаљардини само просечен.
Бековите како и секогаш лоши, Кеита беше очаен во нападот.

Позитивна оцена би му дал на Скриниар, Де Фрај, Наинголан, Политано, Перишич и Кандрева.
Да не ги смеша Перишич со Брозович?..баш напротив Перишич беше тешка катастрофа и цела утакмица губеше топки безврска ..после светското се замислува дека е суперзвезда чоекот и си зема повеќе слобода од потребното...а Брозович денес изигра одлично,цела игра ја држеше реално.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.253
Поени од реакции
10.344
Да не ги смеша Перишич со Брозович?..баш напротив Перишич беше тешка катастрофа и цела утакмица губеше топки безврска ..после светското се замислува дека е суперзвезда чоекот и си зема повеќе слобода од потребното...а Брозович денес изигра одлично,цела игра ја држеше реално.
Затоа и играта беше каква што беше. Пошо одлично одиграл..
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.120
Поени од реакции
9.068
2 недели би требало да се консолидираме и да заличиме на екипа.
Од лани имаме 30% подобра екипа,нема теорија да не фатиме лш.Би му дал шанса сезонава на спалети,погубно би било да смениме тренер на сред сезона.
Пак му го хакнале акаунтот на Фреди. :(
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Затоа и играта беше каква што беше. Пошо одлично одиграл..
Па реално Наинголан,Перишич,Кеита и отепаниот Ди Амброзио беа најлоши играчи на теренот и најмногу топки изгубија..посебно Перишич ако пратеше беше мизерија чоекот..реално и теренот имаше улога ама сепак Брозович,Гаљардини и Политано играа и пробваа нешто т.е. беа поконкретни,додека погорните што ги спомнав изиграа лошо ама ете постигнаа голој и ќе му се заборават перформансите
 

Kajgana Shop

На врв Bottom