Искочи дека нема врска најавеното играње со 3ка назад по медиумите, што е одлично. Во тој случај ја повлекувам критиката за Спалети. Најмалце што им треба сега се импровизации и немање трпение.
Добра победа. Играта беше климава, меѓутоа создаваа шанси и дадоа 3 гола, така да нема многу простор за бунење. Останува стариот проблем од минатата сезона, што отакако ќе дадат гол на вакви бункер екипи, не играат до крај. Тоа е ментален проблем што никако не го искоренуваат, мислат дека со даден гол завршува натпреварот. Минатата година изгубија еден куп на бодови ради таа ментална бариера. И пак, лошо го менаџираат темпото. За да го намалиш интензитетот на игра на противникот, треба да ја држиш топката и после да го контролираш темпото, а не кога противникот ја има топката да трчкаш по терен. Тоа се финеси што мора да ги вметнат во играта, зошто тоа е клучно за земање бодови против мали тимови.
Теренот пак беше чисто срање. Не знам што се случува со стадионите во Италија, ама треба да воведат некаков стандард за квалитет на теренот. Ова е срање за гледање, како прво.
Се надевам дека Наинголан не е повреден, друг е тимот со него. Штета што се повредил и Мартинез, ова ќе беше добра прилика за да игра.