За Кастаињос не верувам дека ќе има многу можност да се истакне и јас лично сум скептик во врска со него ...
Алборно реков и погоре, не знам за каков играч станува збор па некој нека каже збор два ако разбрал нешто низ нетов.
За Џонатан имам слично мислење ко твоето, плус и Морати кажа дека потребно е во тимот да има повеќе играчи бидејќи сезоната е долга па добро би било да се ротираат одредени поединци и да бидат посвежи и нормално, заштитени од повреди, а бековските позиции се и те како ранливи.
Али покрај оваа тројка, сметам дека потребна е уште една тројка на играчи, почнувајќи од Алварез кој Венгер на пример го сака ко замена за Фабрегас а он обично не греши во врска со ваквите фудбалери. Евентуално Монтоливо да дојде плус уште една универзала од напад која нема да биде Паласио туку некој помлад фудбалер и пуна капа.
Во една ваква ситуација Мота и Мунтари би требало да летнат од екипата а средината да биде составена од следниве фудбалери, Камбијасо, Марига, Оби, Алварез, Монтоливо, Алборно, Станоковиќ, Занети плус Снајдер и Коутињо.