Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.465
Џабе си збориме, се дури не доведат вистинско играчиште покрај Снајдер, сите ќе ни изгледаат како одлични. Си ја вршат работата и то...
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Мота фали во екипата,се гледа од авион тоа,му ебам тоа стакленкото.
Мота на местото на Марига
Алибек бар на местото на Милито,додека овој не се врати во форма,но мислам дека Алибек не е пријавен за ЛШ ??
Колку толку подобро ке одигра од сега за сега статуата Милито...
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.483
Поени од реакции
6.865
нема потреба за грижи, не испаднавме од групата, не ни избега ни скудетото.
Мора да имаме доверба дека работите можат да одат само на подобро, уште е рано за прогнози, оставете им ги прогнозите на биланезите, они се "максимално" успешни со нив, веќе втора година по ред скудето зимаат.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
2.066
Поени од реакции
71
Рафа треба да ме копира

Жозе Мурињо повторно во центарот на вниманието... Португалецот денес за France Football изјави дека неговиот наследник во Интер не треба да менува ништо, туку само да продолжи онаму каде што тој застанал. Мурињо уште еднаш потенцираше дека работата во Интер е лесна откако тој заминал.



Во интервју за France Football, Мурињо изјави: „Бенитез може да прави што сака, но мислам дека е интелегентен и дека може да профитира од работата која претходно јас ја сработив, а не да менува целосно.“

„Јас истото го правев кога доаѓав во нов клуб, истото го правеше и Гвардиола кога го наследи Рајкард. За мене, тоа е интелегентен тренер.“

Запрашан зошто ја превзема работата во Реал Мадрид, „специјалниот“ одговори: „Ако не ми се допаѓаше тука, ќе останев во Интер. Ќе беше лесно за мене во Интер, бидејќи тимот веќе е изграден, а лесно ќе беше да се освојуваат нови титули. Реал е клуб со специјална ДНК, победничка ДНК. Циклусот за мене во Интер заврши, а јас започнав нов дел во мојата кариера. Кога ќе заврши делот, знам како да свртам на наредната страница.“

Мурињо беше подпрашан и за Ибрахимовиќ, кој премина во Милан.

„Ибрахимовиќ под мое водство беше најдобар стрелец во Италија и секогаш се однесувал добро со мене. Јас сум му благодарен поради тоа.“

„Нестрплив сум да видам како Алегри ќе ги поврзе Ибрахимовиќ, Роналдињо, Пато и Робињо. Милан по малку ме заплашува. Милан ќе ни биде голем конкурент во ЛШ, а ова го кажувам без навреда кон Ајакс, бидејќи и тие имаат добар тим,“ - заврши Мурињо.


Мурињо убаво го учи на Бенитез, ама овој тврдоглавиов никако да разбере....
Не дека има менато нешто, све е исто, само што сега е изгубена цврстината во играта, а се нема никаква желба кај играчите, изгледа на овој Бенитезов никој не го слуша.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Рафа прокоментира и за автоголот на Милито и неговата слаба форма.

„Задоволен сум со Милито. Тој одигра онака како што јас побарав од него. Пандев? Го свитка коленото, ќе видиме утре колку е сериозна неговата повреда.“

Запрашан за советот од Мурињо, Шпанецот одговори: „По натпреварот, подобро е да се сконцентрираме на наредниот натпревар отколку да мислиме што кажал оној или овој.“


РАФА БЕНИТЕЗ.........
Не е точен човеков...се подобрувал...
Прво полувреме изгледаше дека ТВЕНТЕ е европски шампион, второ полувреме се „подобриле„...хехехех, смешки невидени е тренеров. Во ист стил продолжи, таму каде што застана со Ливерпул.
Како не му е срам, Мурињо му остави шампионски тим, а тој јадет буреци занего.
Ме интересира дали нешто ќе смени во изјавата после натпреварот со Палермо.
П.С Палермо оваа сезона е многу послаб од лани.
2 гола дадоа од два прекина, Интер играше цело време, дали Маикон и Пандев од десна или Ето од лева, цело време напаѓаа и играа. Во второ, јес да немеше шанси освен онаа на Кутињо и Марига, но и јас гледам подобрувања во играта. Како за споредба, споредете со Атлетико и се ќе ви биде јасно.

Многу е лесно да се плука против тренерот и да се криви него заради формата на поединци, но треба да се види вистинската слика. И лани слично вака почнавме, па не се трубеше толку за Мурињо и формата на Ето да речеме (тогаш немаше ни М од Милито т.е формата на Аргентинецот). Туку стрпливи беа сите и знаеа горе-доле дека тимот ќе се уигра и дека секој почеток е тежок. Ако сакате подетала споредба, споредете ја првата година на Мурињо и видете ги резултатите. Не се ништо подобри, а да не збориме и за тогашната игра и 4-3-3 упорната формација на Мурињо.

А кој за кого јаде буреци, па баш и да ти кажам ептен си ја утнал. Кога и да ги спомене Мурињо Интер, овој мора да го подбуцне Рафа дека работата ќе му биде лесна и лесно ќе се победува. Нека го олабави малце и Мурињо...

--- надополнето ---

Не барај, ќе треба пола youtube да ти го пастирам :)

И не се фатив јас сеа, баш кога спомна Бране тогаш Марига беше најдобар на теренот.
Само сакам да кажам дека играч кој што има само една позитивна работа во фудбалот автоматски не е за голем клуб.
Тогаш пола Интер не е за во Интер... Мунтари подобар ли е нешто, или Биабијани, или Матераци и Кордоба, или можеби Сантон (тапа е во одбрана), Кутињо и уште многу други...

Што му фалеше на тимов кога пред 3 и пол месеци освоија тројна титула? Фали Мота, очигледно е, но Марига е најдобрата негова замена, покрај Дејо, доколку вториот не е повреден како во случајов.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
^Јас си го кажав своето, ме мрзи да се повторувам. И да, Мунтари против вакви екипи ми е подобар избор.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Да бидиме реални...вакво нешто скоро повеќето очекувавме да имаме слаба форма и играчите како Милито и Мајкон да играат послабо бидејќи и нив му паднаа мотивацијата и го достигнаа врвот на нивните клубски кариери и славата ги удри вглава..а и годините си го направија своето......Мајкон и минатата година играше вака незаинтересирано а камоли сега кога освои се што требаше можеби повеќе ќе се труди:kesa:..Милито реално требаше од оваа година да ни биди како Инзаги во Милан а не сеуште да сметаме на него поради почит за титулите(пази и тиа да немаме замена на неговата позиција)..па и Инзаги даде многу голови во 2007 за Милан па пак беше алтернатива во наредните сезони за нив......да си касните од јазикот ако не ви недостасува Марио во ваков момент.....не знам Марига што ви згреши чоекот кога беше еден од најдобрите во нашиот состав и го имаше секаде на теренот....според мене беше измислен за камби на овај натпревар каде беше пуштан на секое по семки и сончоглед од тој кослајот од твенте.....кутињо и дефинитивно да стави малце повеќе килажа на него за да не ги губи сите дуели на теренот...ето и снајдер беа како и обично најдобри..а милито беше мазнов број 2.....ако победиме против палермо во ваква ситуација каква што сме ќе се чуствувам исто како да сме победиле на дерби против Милан..бидејќи во моментов немаме асолен шипц играч........
П.С. Иначе и мене повеќе меракот ќе ми се направи ако го освоиме Скудетото само да ги читам Јувенташите како си се фалат со нивните скудета а ние сме шампиони(пак)
 

Marso

Io sono INTERISTA!
Член од
22 јануари 2006
Мислења
1.456
Поени од реакции
311
Пандев? Го свитка коленото, ќе видиме утре колку е сериозна неговата повреда.“


РАФА БЕНИТЕЗ..........

НЕЕ тој ШУПАКОТ од Канал 5 збореше:
"оваа повреда што ја заработи нема никаква врска со коленото, станува збор за повреда на подколеницата...."
човече жими мајка ќе го истепам овој тип. ама сериозно!!!

--- надополнето ---

Луѓе.... Милито е за критика, не викам не.... затоашто само тогаш ќе игра на високо ниво, али.. Милито нема дадено 3 утакмици гол, и одма: паднал у форма, ова она, треба да го продадеме... АЛООООООО РУНИ минатата недела што даде гол.. тој му беше прв после МАРТ, ЕЕЕЕЕЕЕЈЈЈЈЈЈЈ МАРТ...... нема везе... знам дека кај нас мора Милито да дава голови, али не мора до овој степен да идеме со критиките, башка почеток на сезона е.....
 
M

mercenary

Гостин
€2000 Fine for Eto'o

Samuel Eto'o has been punished further by the Giudice Sportivo with a €2000 fine after receiving a yellow card for simulation on Saturday against Udinese. For the Cameroonian, this just adds insult to injury, because the striker was in fact impeded by Zapata causing the entire stadium to scream for a penalty kick. Unfortunately for Eto'o, Christian Brighi did not agree and booked the striker for diving. Either way, the yellow card was the wrong decision, because the Nerazzurro did not simulate at all.
Уфф добро е,не му дадоа 3 меча суспензија.Сме се спасиле.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=127431

Доколку повредата на Пандев е сериозна тоа ќе биде голем удар за Интер, струмичанецот во моментов е најдобриот напаѓач во тимот, бидејќи Ето и особено Милито се вон форма.
Ето не бил во форма, а Пандев бил, абе стварно нема ниту еден професионалец во телевизииве кај нас, ова како да го пишувал Чомовски, не некој спортски новинар.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Ќе кажам само едно, кој к*у му е на Милито? лани играше добро сеа срање, ништо не покажа ... не се надевам дека ќе дојде во потребната форма
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
НЕЕ тој ШУПАКОТ од Канал 5 збореше:
"оваа повреда што ја заработи нема никаква врска со коленото, станува збор за повреда на подколеницата...."
човече жими мајка ќе го истепам овој тип. ама сериозно!!!

--- надополнето ---

Луѓе.... Милито е за критика, не викам не.... затоашто само тогаш ќе игра на високо ниво, али.. Милито нема дадено 3 утакмици гол, и одма: паднал у форма, ова она, треба да го продадеме... АЛООООООО РУНИ минатата недела што даде гол.. тој му беше прв после МАРТ, ЕЕЕЕЕЕЕЈЈЈЈЈЈЈ МАРТ...... нема везе... знам дека кај нас мора Милито да дава голови, али не мора до овој степен да идеме со критиките, башка почеток на сезона е.....
Eдно е да не е во форма (да прави нешто ама да не му иде од рака) ...Овој нашиов е СТАТИЧЕН ... НЕ МРДА не се труди , кур му е двор му е гзот чаршија ....
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.465
Не го критикуваме само констатираме дека е очаен. Да не е во форма значи од 3-4 шанси да ги утне сите и слично. Од овој и топката се одбива, на моменти му бега, не може да ја смири, не може да проигра, тргнува на погрешна страна или почесто не тргнува никаде, чека топката да го најде него... Комплет очај :) ЈБГ, Милито е Милито, може уште следната да се распали. Мислам дека му треба еден добар натпревар за враќање на самодовербата после ќе биде многу полесно.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Што побрзо „Бени“ ја смени тактиката, толку мислам дека Милито побрзо ќе влезе во форма. До него ќе го има уиграниот Ето, Снајдер ќе биде понапред и ќе нема толку голема обврска да се враќа поназад, бидејќи вака со тројца напаѓачи и двајца класични играчи во средина, мора многу да се трча и да се враќа назад. Не викам дека формацијава е лоша или дека не им иде со нејзе, туку дека нема соодветна замена на клупа за поголем дел од играчите.

Но се мислам дека Бенитез не ја враќа старата формација бидејќи нема играчи за во средина. Мота и Дејо повредени, па ќе останат како избор Камбиасо, Марига и Мунтари. Замени за нив ќе нема, бидејќи Занети игра како бек (Киву повреден). Да се врати барем Дејо, или Киву, мислам дека тек тогаш Бени ќе може да ја врати формацијата.

Резултативе ич не ме загрижуваат, бидејќи барем гледам Интер кој не игра лошо и очајно, како со Атлетико. Головите сами по себе ќе си дојдат, а со Ето и Милито во напад, не верувам дека вториот нема да се разигра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom