Рафа треба да ме копира
Жозе Мурињо повторно во центарот на вниманието... Португалецот денес за France Football изјави дека неговиот наследник во Интер не треба да менува ништо, туку само да продолжи онаму каде што тој застанал. Мурињо уште еднаш потенцираше дека работата во Интер е лесна откако тој заминал.
Во интервју за France Football, Мурињо изјави: „Бенитез може да прави што сака, но мислам дека е интелегентен и дека може да профитира од работата која претходно јас ја сработив, а не да менува целосно.“
„Јас истото го правев кога доаѓав во нов клуб, истото го правеше и Гвардиола кога го наследи Рајкард. За мене, тоа е интелегентен тренер.“
Запрашан зошто ја превзема работата во Реал Мадрид, „специјалниот“ одговори: „Ако не ми се допаѓаше тука, ќе останев во Интер. Ќе беше лесно за мене во Интер, бидејќи тимот веќе е изграден, а лесно ќе беше да се освојуваат нови титули. Реал е клуб со специјална ДНК, победничка ДНК. Циклусот за мене во Интер заврши, а јас започнав нов дел во мојата кариера. Кога ќе заврши делот, знам како да свртам на наредната страница.“
Мурињо беше подпрашан и за Ибрахимовиќ, кој премина во Милан.
„Ибрахимовиќ под мое водство беше најдобар стрелец во Италија и секогаш се однесувал добро со мене. Јас сум му благодарен поради тоа.“
„Нестрплив сум да видам како Алегри ќе ги поврзе Ибрахимовиќ, Роналдињо, Пато и Робињо. Милан по малку ме заплашува. Милан ќе ни биде голем конкурент во ЛШ, а ова го кажувам без навреда кон Ајакс, бидејќи и тие имаат добар тим,“ - заврши Мурињо.
Мурињо убаво го учи на Бенитез, ама овој тврдоглавиов никако да разбере....
Не дека има менато нешто, све е исто, само што сега е изгубена цврстината во играта, а се нема никаква желба кај играчите, изгледа на овој Бенитезов никој не го слуша.