Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.208
Поени од реакции
5.045
F.C. Internazionale Milano



Добредојдовте на страниците на фановите на Интер во Македонија, на форумот на веб-порталот Кајгана. Ова е четврто издание на нашиот фан-клуб, откако на предходните две испишавме над 3000 страници со преку 45 000 мислења! Од нашето заедничко дружење произлезе и идејата за сопствена веб-страна за навивачите на Интер како и за facebook група, па сето тоа прерасна во еден заеднички проект кој почна да обединува вистинска црно-сина навивачка армија во Македонија. Горди сме на нашиот прогрес и во иднина имаме зацртано и многу поголеми проекти. Ни претставува огромно задоволство што моментот кога ја отвораме новата тема за нашиот клуб се совпаѓа со доаѓањето на нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев, во редовите на Неразурите. Но, за сето тоа подоцна. Овде на крајот на воведниот дел, сакаме да им се заблагодариме на сите членови на фан-клубот кои редовно пишуваат, како и на членовите на други фан-клубови кои ни се придружуваат во дискусиите. И се разбира, доколку не сте член на фан-клубот, а го читате овој текст, да ве поканиме што побрзо да ни се придружите!




Историја на клубот:

Клубот е основан на 9 Март, 1908 година како фудбалски клуб Internazionale Milano по "расколот" на фудбалскиот клуб Milan (43 членови). Група Италијани и Швајцарецот (Џорџо Моџани, сликар кој, исто така го дизајнирал логото на клубот, Bossard, Llana, Bertoloni, De Olma, Enrico Hintermann, Arturo Hintermann, Karlo Hintermann, Pietro Dell'Oro, Hugo и Hans Rietmann, Voelkel, Maner , Wipf, и Karlo Ardussi) незадоволни поради доминацијата на Италијани во Миланскиот тим, се отцепуваат од нив, што доведува до создавање на Internazionale. Од почетокот, клубот бил отворен за надворешни играчи и на тој начин го промовирале своето клупско име.

Клубот го има освоено својата прво Scudetto (првенствена Титула) во 1910 година и своето второ во 1920 година. Капетанот и тренер на првиот Scudetto Winner тим е Virgilio Fossati-Човек кој е убиен во Првата светска војна.
Во 1922 Интер се наоѓа во групата Б од Серија А и последното место по освојување на само 11 поени во сезоната.
На тимот кој што е на последното место автоматски се преместуваше во Serie B а двата последни тима играат турнир за спасување.
Интер и уредникот на"La Gazzetta dello Sport (Коломбо) доставуваат петиција до FIGC да им овозможи на Интер да учествуваат во Серија А и наредната година поради тоа што нивно исфрлање во Серија Б би било штетно за тимот.
ФИГЦ ја прифаќа оваа одлука на Интер неколку недели пред почетокот на новата сезона и им дозволува да останат во Серија А во 1923-тата.
Во 1928. додека траела фашистичката ера , клубот бил приморан да се соедини со миланскиот "Unione Sportiva" и е преименуван во Ambrosiana SS Milano.
Тие носеле бели маички со црвен крст сошиен на нив.
Дизајнот на маичките бил инспириран од знамето на градот Милан , што е *инспирирано* од знамето на градскиот светец на Милан,St.Ambrose и датира од 4тиот век о.н.е.!
Новиот претсетадел OReste Simonotti одлучува да го смени името во As Ambrosiana во 1929, но навивачите продолжуваат да го нарекуваат тимот ИНТЕР и во 1931 новиот претседател Pozzani со вршење на огромен притисок успева да го смени името во АS Ambrosiana-Inter.

Интер својот прв Coppa Italia(Италјанскиот куп) го освојува во 1938-39год. воден од легендарниот Giuseppe Meazza по кој стадионот San Siro е официјално наречен и петтиот шампионат во 1940 и покрај повредата на Meazza.
По крајот на WW2 клубот изникна со име поблиско до нивното оргинално име - Inernazionale FC Milano кое го задржуваат од тогаш.!



La Grande Inter

Во годините после војната, Интер го освои своето шестто Скудето во 1953 и седмото во 1954 година. После освојувањето на овие две титули, за Интер следуваше период кој со златни букви е запишан во неговата историја, влезе во ера позната како La Grande Inter (Ла Гранде Интер), Големиот Интер. За време на овој златен период, клубот под водство на аргентинскиот стратег Еленио Ерера стана 3 пати првак на Италија во 1963, 1965 и 1966 година. Најважните моменти во оваа декада ги вклучуваат двата едноподруго триумфа во Купот на Европските Шампиони. Во 1964 година, Интер за првпат триумфираше во ова најсилно натпреварување, победувајќи го во финалето славниот шпански клуб Реал Мадрид. Следната сезона, играјќи на нивниот стадион, Џузепе Меаца, Интер по вторпат го освои Купот на Европските Шампиони победувајќи ја португалска Бенфика. За време на овие славни денови, многу големи играчи го носеа црно-синиот дрес: Луис Суарез, Џакинто Факети, Сандро Мацола, Анџело Доменгини, Марио Корзо. Сопственик и претседател на клубот беше Анџело Морати, татко на денешниот сопственик. Тој понуди огромна сума на пари за да ги купи Еузебиу и Пеле; двајцата се согласија да играат за Интер, но политиката замеша прсти. Воените диктатури во Португалија и Бразил одбија да ги регистрираат трансферите, со што обидот на Анџело Морати за Дрим Тим пропадна. Во 1967 година, Интер загуби со 2:1 во финалето на Купот на Европските Шампиони од шкотски Селтик.

После златните шеесетти, Интер успеа да го освои своето 11-то Скудето во 1971 и 12-то во 1980 година. Вторпат во пет години Интер беше поразен во финалето на Купот на Европските Шампиони губејќи 2:0 од Ајакс на Јохан Кројф во 1972 година. За време на седумдесеттите и осумдесеттите, Интер двапати триумфираше во Копа Италија во 1978 и 1982 година. Освои ново Скудето во 1989 година.

Периодот потоа до 2006 година е познат како „тешки времиња“ за нероазурите. Во овој период Интер никако не успеваше да дојде до титулата, но многуте сомнителни случувања во Сериа А придонесоа да избие скандалот познат како „Калчополи“, по што на 4 клуба им беа одземени бодови а Јувентус беше казнет и со преселба во понизок ранг.

Сепак, во овој период Интер успеа дури три пати да го освои Купот на УЕФА и тоа против Рома во 1991, Казино Салцзбург во 1994 и Лацио во 1998, а уште еднаш играше во финалето но го загуби двомечот против Шалке по изведување на пеналите.

Периодот од 2006 наваму изминува во тотална доминација на Интер на апенинскиот полуостров која што оваа година (2010) беше крунисана со освојување на Serie A , Uefa Champions league & Coppa Italia и со тоа Интер станува првата екипа од Италија на која што тоа и успеало!



The Treble (2010)

Кога во Септември 2009тата година беа објавени учесниците на овогодинешниот UCL турнир , никој не веруваше дека Интер може да се искачи на самиот врв во конкуренција на несопирливата Барселона,богатиот Реал Мадрид и секогаш незгодниот Манчестер Јунајтед.



По ждрепката во која што Интер падна против поранешниот тим на Жозе - Челзи - огромен број од фановите мислеа дека тука како и во последните неколку години завршува сагата наречена Лига на Шампиони за Интер , но Мурињо не го мислеше тоа и со резултат од 2-1(дома) и прекрасната тактичка надмоќ прикажана на Стемфорд Бриџ и победата од 0-1 со голот на Самуел"Il Leone" Ето'o Интер се пласира во дотогаш незамисливите Top 8 но сеуште не се смета за ФАВОРИТ за трофејот



Противник во оваа Фаза на Интер , за многумина неочекувано по тешките мечеви против Барселона и Челзи е руската ЦСКА покрај која Интер го добива епитетот *фаворит* но не заборава дека овој клуб е вториот клуб на олигархот од Русија - Роман Абрамович и дека ЦСКА ке игра без респект против Интер на што и бевме сведоци но поголемата упорност на играчите на Мурињо ги доведе до вкупен скор од 2-0 и пласман во најдобрите ЧЕТИРИ во Европа каде што ги чекаше моќната и дотогаш сигурен фаворит за освојување на истиот - Барселона која што им приреди ладен туш на навивачите на Интер со голот на Педро Родригез за водство од 0-1 по асистенцијата и соло пробивот на поранешниот бек на Интер - Максвел.
Но играчите предводени од Хавиер Занети,Естебан Камбиасо и Диего Милито не се предадоа и по една одлична одсечена топка и прекрасна дијагонала до Самуел Ето , истиот асистира до Милито кој на себе навлекува тројца играчи на Барселона и несебично ја подава топката до Снајдер кој ја затресува мрежата и израмнува на 1-1 за во второто полувреме со неколку прекрасни акции и одлична одбрана да се стигне до посакуваниот резултат од 3-1 и да се оди со ОГРОМНА но не и НЕДОСТИЖНА предност на Ноу Камп - Местото каде што дотогаш сите екипи примаа по 3-4 гола .

Уште при самото стигнување на Интер во каталонската престолнина , играчите на истоимениот клуб беа исвиркувани,малтретирани па дури и приведувани во полиција на интервју за наводен *неплатен данок* а не им беше ни дозволено да спијат поради огромната бучава што навивачите на Барселона ја приредуваа во обид да му помогнат на својот клуб во популарното "La Remuntada" или враќање а врз кое големо влијание имаа и арогантните играчи на Барселона на чело со Жерард Пике - Човекот кој тврдеше дека Интер ке добие 2-3 парчиња на Камп Ноу и тие ке успеат во остварувањето на својот сон - Финале на стадионот на својот најголем непријател - Мадридски Реал.


По почетокот на мечот , Барселона веднаш почнува со својата препознатлива игра со ОГРОМЕН број на додавања , но безуспешно - покрај добрата тактичка поставеност на Мурињо па напомош им доаѓа и судијата кој за една ОДЛИЧНА глума на Серхио Бускетс му дава ДИРЕКТЕН црвен картон на Тиаго Мота во 28мата мин. притоа не оставајки му избор на Мурињо и приморувајќи ги играчите на Интер да се бранат со сите сили и да го издржат отпорот на Барселона се до 83тата минута кога по еден кикс на одбраната на Интер и почетничка реакција на Иван Кордоба и Хулио Цезар , Жерард Пике ја затресува мрежата и им влева капка надеж на навивачите на Барселона за финале во Мадрид , притоа одземајќи ја истата од навивачите на Нероазурите ....Нешто што тие го чекаа повеќе од 45год. за во 89мин. Јаја Туре со рака да ја спушти топката и подаде до Бојан кој ја затресува мрежата на Интер и шокира милиони навивачи на Најголемата Интернационална Армија во светот за потоа да им се врати надежта по свирчето на Судијата со кое што се покажува дека имало игра со Рака и голот е поништен а неколку мин. подоцна се се завршува и Интер по 45год. е на праг до незамисливото - Финале и можност за освојување на UCL кое што со двата гола на Диего Милито Интер го освојува притоа станувајки првата екипа од Италија на која што и успеало да ја освои Тројната Круна.


-Круна која што ке ја брани без својот ментор - Хозе Мурињо кој што се согласи да замине за Реал Мадрид во неговата т.н Мисија - да ги освои четирите најголеми првенства во Европа.







 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.208
Поени од реакции
5.045
Трофеи:

Во својата историја Интер освојувал многу трофеи, од кои најголемо значење имаат титулите во домашното првенство:
Шампиони на Италија (18)
Куп на Италија (6)
Супер Куп на Италија (4)
Куп на Европски Шампиони (3)
Куп на УЕФА (3)
Интерконтинентален Куп (2)
ТРОЈНА круна(1) :).

Фудбалерите кои освојувале највисоки признанија додека играле за Интер се бразилецот Роналдо и германецот Лотар Матеус. Роналдо на два пати е прогласуван за играч на годината од ФИФА а еднаш ја освоил „Златната топка“, додека Матеус по еднаш ги освоил овие две награди.



Комплетен преглед:

Сериа А:
Победници (17): 1909–10; 1919–20; 1929–30; 1937–38; 1939–40; 1952–53; 1953–54; 1962–63; 1964–65; 1965–66; 1970–71; 1979–80; 1988–89; 2005–06; 2006–07; 2007-08; 2008-2009;2009-2010

Куп на Италија:
Победници (5): 1938–39; 1977–78; 1981–82; 2004–05; 2005–06;
Италијански Суперкуп:
Победници (4): 1989; 2005; 2006; 2008;2009-2010

Уефа Лига на шампиони (Поранешен куп на Европски шампиони)
Победници (2): 1963–64; 1964–65;2009-2010

Уефа Куп:
Победници (3): 1990–91; 1993–94; 1997–98

Интерконтинентален куп:
Победници (2): 1964; 1965

Други титули

Серија Де Мартино:
Победници (6): 1958-59; 1960-61; 1961-62; 1962-63; 1965-66

Трофео Тим:
Победници (5): 2002, 2003, 2004, 2005, 2007

Бира Морети куп:

Победници(3): 2001; 2002; 2007;

Пирели куп:
Победници: 2001




Стадион:

Клубот ги игра своите натпревари на стадионот Џузепе Меаца, кој се наоѓа во областа Сан Сиро во Милано. На стадионот настапува и градскиот ривал, екипата на Милан.




Стадионот е изграден во 1925-та и тогаш се нарекувал „Стадио Комунале“ (општински или градски стадион). Неговото отворање било на 19-ти септември 1926 кога пред 35 000 гледачи, Интер го совладал Милан со 6:3.

Од тогаш наваму, стадионот се проширувал и доградувал.

Во 1939-та стадионот го посетиле 69 000 гледачи на натпреварот помеѓу Италија и Германија. Во 1940 бил комплетиран и во тој момент собирал 125 000 гледачи. Пред толку гледачи играле Италија и Бразил во 1952 година. Кон крајот на 80-тите, по трагедијата на Хејсел во Брисел, стадионот е редуциран на 90 000. За потребите на светското првенство во 1990 е реновиран при што се изградени и 50 метарски високи кули кои го држат покривот. Капацитетот му е редуциран на 85.700.

Стадионот е наречен Џузепе Меаца во 1979 година, по легендарниот фудбалер кој настапувал и за Интер и за Милан. Сепак, тој настапувал подолго време за Интер каде имал и поголеми успеси, па обично навивачите на Интер се поврзуваат со него. Од тие причини, навивачите на Милан почесто го нарекуваат стадионот Сан Сиро, по областа во која е изграден.

Во моментов , претседателот Масимо Морати инвестира во градење на сопствен стадион - Нешто што ке влијае позитивно на клубот а притоа и ке ги зголеми нивните финансии кои ке овозможат носење на подобри играчи и прифаќање на нивните барања за годишни примања.




Амблем, бои и прекари

Во поголемиот дел од неговата 100 годишна историја, Интер носел дресови со црно-сини линии. Кога бил основан клубот во 1908, црната боја била одбрана да ја претставува ноќта, а сината да го претставува небото.

По спојувањето со Унионе Спортива Миланезе, Интер го променил името во Амброзиана СС Милано, а дресовите во бели со црвен крст, кој го претставувал знамето на градот.

После втората светска војна, клубот го вратил името и старите бои, што водело до прекарот „Нероазури“. Белиот дрес со знамето на Милано се користи одвреме - навреме како резервен (гостински) дрес.

Еден од прекарите на Интер е "I Biscione" што значи „големата тревна змија“. Одбран е затоа што во хералдиката на Милано змијата има големо значење. Се наоѓа на грбот на „Куќата на Сфорца“ која владеела со Италија од Милано, во текот на периодот на Ренесансата, на градскиот грб на Милано, грбот на „Војводството на Милано“ - 400 годишна држава настаната по Римската Империја и грбот на Инсурбија - географски регион во кој спаѓа Милано.

Уште еден прекар на клубот е „Ла Бенеамата“, или „Галеници“.



Ривалства:

Интер има неколку ривалства со други екипи, од кои две се многу значајни за Италијанскиот фудбал. Се разбира, тоа се ривалствата со Јувентус и Милан.

Дербито со Јувентус се нарекува уште и „Дерби на Италија“, фраза со која во 1967 славниот италијански спортски новинар, Џани Брера, го опишал дербито помеѓу двете најтрофејни екипи.

Името се задржало и понатаму затоа што покрај историјата на ривалство и самата фудбалска треска што владее на Апенинскиот полуостров пред секоја средба на овие две екипи, Интер и Јувентус беа единствените две екипи кои никогаш не играле во понизок ранг (Милан два пати играше во Сериа Б во 80-тите).Ова се промени по последниот „Калчополи скандал“, но и понатаму ќе остане фразата „Дерби на Италија“, како синоним за најголемиот фудбалски судир во Италија.

Дербито со вечниот градски ривал Милан се нарекува уште и „Derby della Madonnina“ , по едно од најпознатите места во градот, статуата на дева Марија на катедралата Дуомо, која обично се нарекува „Мадонина“.

Ривалството трае уште од 1908, кога еден дел од членовите на Милан, незадоволни од политиката која клубот ја водел кон странските играчи, го напуштаат и го формираат Internazionale.

Дербито создава одлична атмосфера во градот и на стадионот, кој е исполнет со многу транспаренти, често навредливи или хумористични. Често се случува навивачите да внесат и пиротехнички средства и да направат огномет.





Моментална состојба:



Во моментот , екипата на Интер е доминантна на Апенинскиот полуостров освојувајќи 5 едноподруго скудета и притоа израмнувајќи го рекордот со можност следнава година (2010-2011) истиот да го сруши и да стане првата екипа која што освоила 6скудета едно подруго.




Рафаел "Тhe FactMan" Benitez е човекот кој што е донесен како најдостојната замена за Мурињо и човекот кој што го има победено легендарниот Жозе дури пет пати во нивните меѓусебни дуели , од кој секако најважни се дуелите во ЛШ во 2005 и 2007 , мечеви по кои Ливерпул играше во Финалето на ЛШ а еднаш и го освои.





Проектот наречен Inter Fans Macedonia:

Како што спомнавме во воведот, од заедничкото дружење на фановите на Интер на форумов, произлезе идеја за обединување на навивачите на Интер од нашата држава. Започнавме со изработка на веб-сајт за навивачите на Интер, продолживме со facebook група и во моментов имаме преку 600 регистрирани членови.



Линкови:

http://www.fcinter.com.mk/
http://www.facebook.com/group.php?gid=164815405760
http://www.facebook.com/#/pages/FC-I...7727899?ref=ts



Незаборавни моменти:

Во продолжение, следуваат неколку видеа од стари и незаборавни моменти од историјата на Интер

Освојувањето на Лигата на ШАМПИОНИТЕ и макотрпниот пат до Madrid


Најлудиот пресврт: Интер - Сампдорија 3-2



Шоуто на Роналдо против Лацио во финалето на Купот на УЕФА


Голеада во Рим: Рома - Интер 4:5


Динамо Киев - Интер 1-2


Интер - Сиена 4-3


Инер - Барселона 3-1





Навивачки химни:

Pazza Inter Amala!


Ce Solo L'inter








За крај, знаеме дека не можеме да напишеме се во неколку страници, затоа што Интер е вистински извор на фудбалски занимливости за кои би можеле да пишуваме уште многу. Но ќе го завршиме овој воведен дел со Џузепе „Пепино“ Приско, еден од легендарните навивачи на Интер, поранешен потпретседател во клубот и познат адвокат од Милано, кој покрај другото бил познат и по својата необична смисла за хумор заради која го почитувале и големите ривали, кои биле предмет на неговите шеги. Дури и легендата на Милан, Паоло Малдини, еднаш изјави дека: „да се совлада Интер без Пепино Приско, никогаш нема да биде исто.“



Еве дел од неговите антологиски коментари:


  • „Откако ќе се поздравам со навивач на Јувентус, си ги бројам прстите.“
  • „Најголема радост? Милан во Сериа Б. И тоа не еднаш, два пати. Секој пат кога си во Сериа Б, исто како да си изгубил 5 Скудета“
  • „За иднината? Сакам луѓето да ме поздрават на улица со зборовите, Пепино, шампион на Италија! И кога сме тука, Милан во Сериа Б, повторно!“
  • „Има два големи клуба во Милано, Интер, и Интер Примавера.“
  • „Интер настанал со делба од друштвото Милан. Тоа е показател колку далеку можеш да стигнеш, почнувајќи од ништо“
  • „Прогноза за Милан - Асколи? Незнам, не следам нисколигашки фудбал.“
  • „Јуве во допинг скандал? Кога видов дека Виали личи на вонземјанин, Инзаги дава 18 гола по сезона и Јувентус доминира во Европа, знаев дека нешто не е во ред...“
  • „5 минути пред да умрам ќе станам Миланиста. Така барем, ќе има еден помалку од нив“
  • „Се разбира дека моите деца навиваат за Интер. Ако навиваше син ми за Милан, ќе го погледнев во очи да видам дали му се сини, во косата дали му е црна, и ќе направев крвен тест. Зошто, ако син ми не навива за Интер, не можам повеќе да и верувам на жена ми.“
  • „Јас сум против секаква форма на расизам, но ќерка ми нема никогаш да се омажи за Миланист.“
  • „Деле Алпи празен? Па... можеш да купиш натпревари, но не можеш да купиш вистински фанови.“
  • „Најбрзо сум оздравел од грип додека го гледав натпреварот Милан - Кавезе 1:2, од Сериа Б 1983-та.“
  • „Омилен играч на Интер ми е Џакинто Факети. Еднаш постигна гол во магла и тргна да ме бара да се поздрави. Му требаа 5 минути да ме најде.“


Благодарност до сите кои пишуваат на фан-клубот Интер и многу успеси оваа година! :smir:
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.956
Поени од реакции
3.318
Јеа, прв :)

Честито нова тема, да ја исполниме со многу успеси и трофеи. Forza Inter !!!
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.469
Поени од реакции
6.367
Втор -.-....

Ај и од мене честито па нек се водат добри дискусии , да го повториме успехот од ланската сезона

Nice Job Deko ,,, xD
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.638
Поени од реакции
15.506
...колку да ја има темата во кориснички панел...

А и да бидам меѓу првите што ќе пишат во темата :)

Па се надевам дека ако не друго ќе ги повториме успесите од оваа година.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.521
Поени од реакции
11.429
Одлично Дек0,се гледа си добил инспирација,ваљда некоја келнерска си шмекнал :)))

Ае честито новава тема,со уште поголеми успеси да ја наполниме и оваа,а тие допрва следуваат !!

Avanti Inter !
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.956
Поени од реакции
3.318
Благодариме :)

Него, темава сега пошмекерска е, најфраерот ја отвори...
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Честито нова тема,и нови успеси да имате ! ;)
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.059
Поени од реакции
20.381
Не ме зачека мене а геј еден :)

Честито нова тема комшики !
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
31.390
Поени од реакции
40.021
Aj честито нека ви е новата тема.. :smir:
 

Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
Ako ne prv vtor aj da ozjneeme uste tri tituli godinava posakuvam da mi se se sluci Deya vu
 
Н

'Никола'

Гостин
Иии ама воведиште.:) Браво.. Честитки за темата, па одморете малку, не туку ја полнете и оваа наеднаш.:)
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
5.759
Поени од реакции
1.615
Опаа нова темаа,браво Деко супер вовед!!!Ајде нека ни е со среќа новата тема со многу победи и успеси како што ни беше претходнава:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom