Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.345
Поени од реакции
47.048
bb[noone];2765490 напиша:
Што се замараш да им објаснуееваш..кога беа првите шпекулации дека Ибра може да си оди сите пекаа како може од управата да го пуштаат најдобриот играч и слично..сите знаеме дека Ибра е класа над Ето во моментов..Ето постигнуваше многу голови затоа што покрај себе ги имаше еден Роналдињо,Деко и Чави,а подоцна Меси,Иниеста,Чави,Анри..во споредба со Ибрахимович кој никогаш покрај себе немал некој вака квалитетни играчи од средината и од нападот и да му ги местат топките на тацна...туку тој знае од центар да повлече топка и да постигне гол или па кога на цел тим не му оди он да земе и да даде гол...а Ето тоа тешко дека ке го прави..:wink:
Колку голови даде Ибра последната сезона во ЛШ против Анартозис, Вердер, Панатинајкос и Јунајтед со одбрана Вида и ЕВАНС ? :wink:
Не се бламирај жити све, Ибра бил класа над Ето, можеш ваљда нешто покреативно да извадиш .

И дај кажими, кој се трескал од земја по шпекулациите дека Ибра ке заминува а Ето ке доаѓа, м ? Само двајца членови, фанови на Интер, сите други адиос од старт му рековме, ко и сеа што праиме, добиваме 50 милиони плус играч кој вреди над 50 во моментов . . . и Ибра бил класа над истиот, па и Роналдињо ми го спомињаш, играч кој за смешна сума беше шитнат на Милан . . . бламажа до јаја .

И уште една работа, Ван Бастен, Панчев, Инзаги, Батистута, тоа се напаѓачи кој знаат каде да бидат во вистински момент и да постигнат гол, тоа што ти ми велиш дека Ето давал голови по други асистенции, е само плус за него, зашто тоа е вистински расен стрелец, плус да ја додадеме тука и брзината која ја поседува . Незнаеш колку ми се патетични оние членови кои деградираат играч ко Ето, смешни се . . . факт е дека со Златан во моментов се напаѓачи број 1 во светот, со таа разлика што Ето најверојатно ке влезе во потесниот избор за најдобар играч во Светот за претходнава сезона, а Златан со бедниот ЕДЕН гол у ЛШ тешко .

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.700
Поени од реакции
59.884
Кои црни повреди, каква лоша атмосфера? Не се говореше за трансфер на Ето пред 27 мај. НИКАДЕ. Во ниеден весник, на ниту еден интернет портал. Едноставно таа тема не се спомнуваше. Пеп не го сакаше Ето, но овој го увери со тоа дека може да постигнува голови и Пеп се предомисли. Тоа е се. Сега излезе и кажа дека не смета повеќе на него и дека слободно може да си бара нов клуб. Гвардиола е човекот кој ни ја донесе тројната круна за првпат во 110 годишната историја на клубот. Тој е човекот кој го уигра најдобриот тим во клубската историја и секако најдобриот тим на Планетата моментално. Верувај дека за нас навивачите неговиот збор вреди повеќе од тоа што Ето го направил до сега. Зошто ако не беше Пеп, Ето немаше да има можност да игра во финалето на ЛШ годинава. :smir:

И не е фер да се однесувате со рамнодушност и да го навредувате играчот кој до вчера ви беше алфа и омега во тимот. Играч околу кој се градеше играта на Интер. Играч во кој Мурињо имаше апсолутна доверба.
За навивачите на Барселона, Ето ќе остане легенда на клубот и секогаш ќе го почитуваме. Тоа не е никаква тајна
.
Toa што не се зборуваше за трансфер не значи дека Пеп му дал повеќе од една сезона во клубот. Факт е дека сакаше веднаш да се ослободи од него. Уште пред да го фати „кризата“ Ето. Колку се предомислил, видовме. Го избрка во првата можна прилика.

Ако не беше Пеп, Ето немаше да има прилика да игра во финале?
Ако не беше Ето, може немаше да го влечкаат пехарот низ Барселона. Зошто колку што памтам, голот на Ето донесе тотален пресврт во играта. До тогаш, за 7-8 минути пет пати ви шутираа на гол. После голот се дигнавте од прашината, а тие паднаа. Тоа е историја веќе...

Дали ние не сме фер кон Ибра или тој не бил фер кон нас како навивачи, има време. Ќе дојдете на нашето, ќе си видите сами :pos2:. Ето си го почитувате, но Ето си ја заслужи почитта. Исто и Гвардиола не го спорам, и тој си беше легенда и сеуште е, ви донесе титули и така...

Но ова затрчување по ѕвезди не се исплати секогаш во пракса. Замената на лојални фудбалери со легионери некогаш може скапо да чини. Реал еднаш го почуствува тоа, кога ги замени Камби, Макелеле, Џереми и останите „мравки“ за мега - ѕвезди.

Затоа кај нас на фан-клубов, иако дадовме играч кој е навистина супер-квалитетен и кој направил успеси со тимот, можеш да почуствуваш олеснување. Можеби не ти се чини фер, но еден ден ќе разбереш зошто е тоа така. Ние кои сме фанови на Интер, сакаме играчи како Занети, Камбијасо, Кордоба... играчи на кои глас не им се слуша а си работат неуморно на терен.

Затоа ме бендисува Ето. Од сите изјави што му ги прочитав деновиве, еден збор најмногу го повторува. Работа, работа, работа...

Затоа знам дека сме на добар пат.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
Колку голови даде Ибра последната сезона во ЛШ против Анартозис, Вердер, Панатинајкос и Јунајтед со одбрана Вида и ЕВАНС ? :wink:
Не се бламирај жити све, Ибра бил класа над Ето, можеш ваљда нешто покреативно да извадиш .

И дај кажими, кој се трескал од земја по шпекулациите дека Ибра ке заминува а Ето ке доаѓа, м ? Само двајца членови, фанови на Интер, сите други адиос од старт му рековме, ко и сеа што праиме, добиваме 50 милиони плус играч кој вреди над 50 во моментов . . . и Ибра бил класа над истиот, па и Роналдињо ми го спомињаш, играч кој за смешна сума беше шитнат на Милан . . . бламажа до јаја .

И уште една работа, Ван Бастен, Панчев, Инзаги, Батистута, тоа се напаѓачи кој знаат каде да бидат во вистински момент и да постигнат гол, тоа што ти ми велиш дека Ето давал голови по други асистенции, е само плус за него, зашто тоа е вистински расен стрелец, плус да ја додадеме тука и брзината која ја поседува . Незнаеш колку ми се патетични оние членови кои деградираат играч ко Ето, смешни се . . . факт е дека со Златан во моментов се напаѓачи број 1 во светот, со таа разлика што Ето најверојатно ке влезе во потесниот избор за најдобар играч во Светот за претходнава сезона, а Златан со бедниот ЕДЕН гол у ЛШ тешко .

хахахах не го омаловажувам Ето ни најмалце..можеби БЕШЕ и најдобар напаѓач пред 2-3 сезони ама викам БЕШЕ а сега веќе не е..и џабе ке дискутираме кога никој нејќе да се помири со судбината дека веќе Ибра не е дел од Интер и вие сега правите демек сите сакавте Ибра да си оди кога слушнавте дека за замена го имате Ето и голем кеш ма дај не треси глупости..па и го спомињаш па и Роналдињо кој беше најдобар играш 2 сезони по ред ајде џабе пиишување е ова :tapp::tapp:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.700
Поени од реакции
59.884
bb[noone];2765514 напиша:

:pos2:

Да да... скршени сме од болка. Овде се преправаме а иначе удираме со главата по тастатура. Два-тројца ни фалат деновиве на фан-клубов можеби извршиле самоубиство.

Ти на кој фан-клуб читаш жити се? :pos2:
 
ех ех како само ме заеба бравос :uvo:
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.345
Поени од реакции
47.048
bb[noone];2765514 напиша:
хахахах не го омаловажувам Ето ни најмалце..можеби БЕШЕ и најдобар напаѓач пред 2-3 сезони ама викам БЕШЕ а сега веќе не е..и џабе ке дискутираме кога никој нејќе да се помири со судбината дека веќе Ибра не е дел од Интер и вие сега правите демек сите сакавте Ибра да си оди кога слушнавте дека за замена го имате Ето и голем кеш ма дај не треси глупости..па и го спомињаш па и Роналдињо кој беше најдобар играш 2 сезони по ред ајде џабе пиишување е ова :tapp::tapp:
А даа да, Ето со неговите 30 гола сезонава во Ла Лига и неговите 6 погодоци во ЛШ од кои еден во финалето ( оној за кој повторувам, Ферги кажа дека го свртел мечот ) според твојава проста логика, е класа под Ибра и неговите 25 погодоци во Серија А, плус оној 1 во ЛШ каде се сретна со тимови ко Вердер, Анартозис, Панатинајкос и Јунајтед со десеткувана одбрана .
Свесен си дека ти си тој кој тука тресе глупости, не ние . . . башка на тепка даваш мислења, од кога тоа ние не сме се помириле со тоа што Ибра си замина, јас уште од старт бев среќен за оваа зделка бидејки дојде Ето, кој како што гледаш и погоре ( ваљда конечно стигна до некој центар од твојот мозок тоа ) беше напаѓач БРОЈ 1 за последнава сезона у Свет . :smir:
Приметуеш ваљда дека нема причини за незадоволство кај нас, Барса е оној тим кој потроши 45-50 милиони евра плус играч кој моментално чини над 50 милиони евра и е најдобриот на своја позиција за изминатата сезона за Ибра, не Интер . :toe:
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452

Ето постигна гол и во финалето против Арсенал за победа од 2-1:smir:

Јас ја сакам Барса ама мислам дека погрешија со Ето, му посакувам се најдобро на Ибра но мислам дека вие направивте подобра здрлка!
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.548
Поени од реакции
7.090
ке биде интересно ондека кај декември(ако ибра е прв стрелец) кога ке почне да се лигави и неговата прва изјава!
1-прекрасно е да си алфа и омега ај ем д бест
следи рунда шпекулации дека ибра сака поголема плата
2-не е вистина дека барам поголема плата
следи покачувања на платата(пак станува најплатен во светот)
3-Лапорта знае дека сум најдобар затоа ми ја покачи платата
ова е делот до декември
од јануар понатаму
Ибра дава голови во фазата по групи што би се рекло НУЛА_со цифри 0
4-Барса го изгуби победничкиот менталитет можеби не издуваа во осмина финале ама секогаш е тука следната сезона
следат шпекулации дека раиола се се сретнал со калдерон(и двете страни го негираат истото
иде мај месец се заоструваат шансите ибра да си замине
5-останувам во Барса 99.9 проценти ама знаете дека до 100 проценти има уште0.01 процент кој ми вели да се приклучам на реал пошто моите идоли таму играле на времето а и уште кога бев во на мама мешето за реал бев.
во јуни прави мегатрансфер во реал мадрид(копуците ке опнат 60 милиони како ништо со оглед дека пак нема да земат ништо)
6-испаѓа на презентација на бернабеу јавно мастурбира на деветте трофеи среде стадион го бацува знакчето и ги убедува сите дека има најголем нос
во болдираното се изјавите на ибра(немора да оди така но 90 од животот со ибра во тимот е таков, и пропратни информации дека раиола се среќава со шефовите на други тимови)
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.345
Поени од реакции
47.048
Хехе, добро си ја анализирал кариерата на Ибра во иднина, баш денес еден другар мој вика, за година две, сон ке му биде да игра во Реал Мадрид . . . шала .
Само да те поправам, Перез е сега во Мадрид, не Калдерон .
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.548
Поени од реакции
7.090
Хехе, добро си ја анализирал кариерата на Ибра во иднина, баш денес еден другар мој вика, за година две, сон ке му биде да игра во Реал Мадрид . . . шала .
Само да те поправам, Перез е сега во Мадрид, не Калдерон .
нема везе кој е и двајцата се копуци за трансфери!
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
bb[noone];2765490 напиша:
Што се замараш да им објаснуееваш..кога беа првите шпекулации дека Ибра може да си оди сите пекаа како може од управата да го пуштаат најдобриот играч и слично..сите знаеме дека Ибра е класа над Ето во моментов..Ето постигнуваше многу голови затоа што покрај себе ги имаше еден Роналдињо,Деко и Чави,а подоцна Меси,Иниеста,Чави,Анри..во споредба со Ибрахимович кој никогаш покрај себе немал некој вака квалитетни играчи од средината и од нападот и да му ги местат топките на тацна...туку тој знае од центар да повлече топка и да постигне гол или па кога на цел тим не му оди он да земе и да даде гол...а Ето тоа тешко дека ке го прави..:wink:
"Пекаа"... Hm, не баш. Можеби бевме загрижена што би било ако го продадат, а не се најде соодветна замена. Откако се објави веста дека трансферот го вклучува Ето (достојна замена) и плус толку многу пари повеќето беа ЗА.

Toa што не се зборуваше за трансфер не значи дека Пеп му дал повеќе од една сезона во клубот. Факт е дека сакаше веднаш да се ослободи од него. Уште пред да го фати „кризата“ Ето. Колку се предомислил, видовме. Го избрка во првата можна прилика.

Ако не беше Пеп, Ето немаше да има прилика да игра во финале?
Ако не беше Ето, може немаше да го влечкаат пехарот низ Барселона. Зошто колку што памтам, голот на Ето донесе тотален пресврт во играта. До тогаш, за 7-8 минути пет пати ви шутираа на гол. После голот се дигнавте од прашината, а тие паднаа. Тоа е историја веќе...

Дали ние не сме фер кон Ибра или тој не бил фер кон нас како навивачи, има време. Ќе дојдете на нашето, ќе си видите сами :pos2:. Ето си го почитувате, но Ето си ја заслужи почитта. Исто и Гвардиола не го спорам, и тој си беше легенда и сеуште е, ви донесе титули и така...

Но ова затрчување по ѕвезди не се исплати секогаш во пракса. Замената на лојални фудбалери со легионери некогаш може скапо да чини. Реал еднаш го почуствува тоа, кога ги замени Камби, Макелеле, Џереми и останите „мравки“ за мега - ѕвезди.

Затоа кај нас на фан-клубов, иако дадовме играч кој е навистина супер-квалитетен и кој направил успеси со тимот, можеш да почуствуваш олеснување. Можеби не ти се чини фер, но еден ден ќе разбереш зошто е тоа така. Ние кои сме фанови на Интер, сакаме играчи како Занети, Камбијасо, Кордоба... играчи на кои глас не им се слуша а си работат неуморно на терен.

Затоа ме бендисува Ето. Од сите изјави што му ги прочитав деновиве, еден збор најмногу го повторува. Работа, работа, работа...

Затоа знам дека сме на добар пат.
Само ќе те надополнам; Не само што работат неуморно, никогаш не се бунат за ништо туку и играат со срце. Тоа и те како се забележува. Тимот е кај нив на прво место, а не покачување на платата и лични амбиции. Разликата помеѓу себичните платеници и фудбалерите кои само што ги опишав е тоа што првите се само почитувани за придонесот кој го дале за клубот во одреден период кога играле, а вторите се почитувани и сакани. Искрената симпатија на еден вистински навивач кон фудбалер кој неуморно се бори на теренот произлегува од односот на тој фудбалер кон клубот (кој е светост за секој навивач).

bb[noone];2765514 напиша:
хахахах не го омаловажувам Ето ни најмалце..можеби БЕШЕ и најдобар напаѓач пред 2-3 сезони ама викам БЕШЕ а сега веќе не е..и џабе ке дискутираме кога никој нејќе да се помири со судбината дека веќе Ибра не е дел од Интер и вие сега правите демек сите сакавте Ибра да си оди кога слушнавте дека за замена го имате Ето и голем кеш ма дај не треси глупости..па и го спомињаш па и Роналдињо кој беше најдобар играш 2 сезони по ред ајде џабе пиишување е ова :tapp::tapp:
Кога го прочитав ова прво што ми дојде на ум е она што веќе го објасни SYN.

Те молам објасни од каде заклучи дека БИЛ, а веќе не е најдобар напаѓач :)nesvest:) играч кој постигна толку голови во текот на последнава сезона и имаше огромен придонес за освојување на ЛШ?

Според тебе што треба некој да направи (освен горенаведеното) за да е најдобар напаѓач?
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.548
Поени од реакции
7.090
umbra брат Барса чампонс!
види му потписот па после размисли дали вреди на мало дете да му објаснуваш!
само остави ке дојде многу брзо раиола кај калдерон да бара плата за малиот ибра е тогаш ке му се стемни и него и на навивачите а посебно па кога ке ке им го покаже средниот прст и ке изиграва арогантно неблагодарно копиле кон верните навивачи!
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Незнам зашто муабетот дојде до тоа да се збори кој е подобар а кој не?? Факт е дека се работи за моментално најдобрите напаѓачи, факт е дека и Интер и Барса добија машини односно 25+ голови во сезона, а парите плус што ги доби Интер е заради договорот на Ето кој истекуваше на крајот од сезоната. Да не беше така тешко дека ќе се дадеа тие пари плус Ето за кој било фудбалер на планетава.

Ето првенствено е почитуван заради неговиот карактер како и за залагањата на терен а потоа заради неговите голгетерски способности.
Сите ние фанови на Барса го почитуваме многу Ето (јас лично премногу) но и веруваме во инстинктот на Пеп, а чим Пеп толку запињал за Ибра ондак сигурно има некои добри планови кои нема шанса да не бидат од полза за екипата.

Што се однесува до тоа за тројната круна и за титулата од ЛШ, факт е дека најголема заслуга за тие пехари ја има прво Пеп па после играчите.
Пеп е тој кој внесе нов дух во екипата, Пеп е тој кој одлично ги мотивираше фудбалерите и кој го извади најдоброто од сите играчи и Пеп е тој што се постави нај другарски со сите нив.
Под негово водство Меси,Чави,Туре и Иниеста ја одиграа најдобрата нивна сезона во досегашните кариери.

Но исто е факт и дека од кога се стигна во финалето од ЛШ ( најмногу по заслуга на Пеп), Ето е тој кој што го смени текот на натпреварот и Ето е тој кој што го постигна најважниот гол таа вечер.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Да ве прашам нешто вас Интерашиве:Искрено кој мислите дека е подобар играч од Златан и Ето во секој поглед на играта?

Дали Ето кој несомнено е премногу добар напаѓач,ама зад кој треба да има машинерија во средниот ред,во Барса ги имаше Меси,Чави и Иниеста за да проработи.

Дали Златан кој е комплетен играч со секој поглед,силен,цврст,супер дриблер,одлична игра со глава,добар шутер кој сам си создава шанси и ги седнува дефанзивците.

Неможеш да го споредиш средниот ред на Интер со оној на Барса,а на Ето му требаат супер асистенти како што ги имаше во Барса,а сега во Интер ќе ги има Станкович,Мунтари,Камбјасо,Мота...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.700
Поени од реакции
59.884
Да ве прашам нешто вас Интерашиве:Искрено кој мислите дека е подобар играч од Златан и Ето во секој поглед на играта?

Дали Ето кој несомнено е премногу добар напаѓач,ама зад кој треба да има машинерија во средниот ред,во Барса ги имаше Меси,Чави и Иниеста за да проработи.

Дали Златан кој е комплетен играч со секој поглед,силен,цврст,супер дриблер,одлична игра со глава,добар шутер кој сам си создава шанси и ги седнува дефанзивците.

Неможеш да го споредиш средниот ред на Интер со оној на Барса,а на Ето му требаат супер асистенти како што ги имаше во Барса,а сега во Интер ќе ги има Станкович,Мунтари,Камбјасо,Мота...
Доцниш едно 2-3 недели со прашањево. Помина таа дискусија. Во принцип, Ето и Златан се многу различни напаѓачи. Со Ето ќе ја менуваме и играта, фала Богу зошто онаа што ја практикувавме ништо не ни донесе во ЛШ, а и во Сериа А многу пати тепавме со дрвење. Ето и Милито ќе бидат страшен тандем оваа година.

А за оној дел дека Ето бил готован а Ибра сам си правел шанси, не се согласуваме, за што приложивме и докази во форма на клипчиња од youtube. Не ми се бараат пак, ако те интересира, расчепкај наназад по темава...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom